КАЛЕНДАР
|
|
|
|
|
ЦРКВИ |
ЦРКВИ ВО ПРВАТА ОХРИДСКА ПАРОХИЈА
» СВ. БОГОРОДИЦА - ПЕРИВЛЕПТОС
» СВ. СОФИЈА
» СВ. ПАНТЕЛЕЈМОН И СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ
» СВ. НИКОЛА - Геракомија
» СВ. АП. ЕВ. ЈОВАН БОГОСЛОВ - Канео
» СВ. В-МЧ. ДИМИТРИЈ МИРОТОЧИВИ
» РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА
» СВ. КОЗМО И ДАМЈАН
» СВ. ЧЕТИРИЕСЕТ СЕВАСТОПОЛСКИ МАЧЕНИЦИ
» СВ. НИКОЛА ЧУДОТВОРЕЦ
» СВ. НИКОЛА ЧУДОТВОРЕЦ
» СВ. ВМЦ. ВАРВАРА
» СВ. БОГОРОДИЦА - ПАНДАНОС
» СВ. ВРАЧИ МАЛ
» СВ. НИКОЛА БОЛНИЧКИ
» СВ. БОГОРОДИЦА БОЛНИЧКА
» МАЛ СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ
» СВ. ЦАР. КОНСТАНТИН И ЕЛЕНА
» СВ. БОГОРОДИЦА - ПЕРИВЛЕПТОС

Ја подигнал византискиот намесник Прогон Згур роднина на
византискиот император Андроник II Палеолог во 1295 година
во време на Архиепископ Макариј.
Фрескоживописот во оваа црква е од познатите зографи Михаило
и Евтхиј.
Во олтарната апсида првата зона ја сочинуваат архиереи во
полн раст, втората зона архиереи до појасен раст, а третата
зона композициите ,,Томиното неверство“, ,,Тајната вечера“ и
,,Причестувањето на Апостолите“
Света Богородица Ширшаја и Вознесение Господово е насликана
во најгорниот дел на апсидата.
Во наос од сите четири страни се забележуваат три зони на
фрескоживопис. Во првата и најдолна зона се среќаваат:
Архиереи, преподобни оци, пустиножители. Во втората и средна
зона е илустриран целиот живот на Пресвета Богородица.
Третата и најгорна зона во наосот се исполнети со композиции
од животот на Христос и маките Христови. Тоа се
композициите: ,,Миењето нозе“, ,,Молитвата на маслиновата
гора“, ,,Предавството на Јуда“, ,,Искачивањето на Крстот“,
,,Оплакувањето“ и други. Во сите овие композиции е
потенциран драматизмот кој се негува и понатаму во
стредновековното сликарство.
Во XV век кога манстирот ,,Св. Пантелејмон“-Плаошник од
страна на иноверците е претворен во џамија, на охриѓани им
било дозволено Светите мошти на Свети Климент да се пренесат
во некоја друга црква.
Од ,,Св. Пантелејмон“ Светите мошти се пренесени во ,,Мал
Св. Климент“. Бидејќи Свети Климент има колем култ, охриѓани
молеле да им се дозволи Светите мошти да бидат сместени во
црква од повисок ранг. Таа молба им била удоволена, т.е. им
било дозволено Светите мошти да се пренесат во тогаш
најголемата црква ,,Св. Богородица-Перивлептос“. Поради овој
чин црквата го добила името ,,Свети Климент“.
Во почетокот моштите се погребани, но со желба што
подостоинствено да му се оддолжи Охрид на својот патрон во
XIX век Светите мошти биле откопани и сместени во ретко
толку убаво изработена сребрена кутија украсена со разни
орнаменти, кутијата била ставена во саркофаг, изработен од
орев со прекрасна резба.
По ослободувањето и доаѓањето на кумунизмот, Црквата се
најде во уште поголема немилост. До 1952 година во црквата
,,Св. Богородица -Перивлептос“ има редовна богослужба. Но
власта реши оваа црква да ја претвори во ,,споменикј на
културата“
Парохискиот свештеник Ѓорѓи Николоски на 1.септември.1952
година ги зема моштите прекриени со чаршавскришум под пазува
се спушта по улица Боро Шаин и ги носи во црквата ,,Св.
Никола“-Геракомија, наредниот ден бил пренесен и саркофагот,
учесници биле: Стефан Димзов, Устијан Маџаров и Андон
Завојче. Моштите остануваат во оваа црква се до 22.
септември. 1991 година.
Со враќањето на црквата ,,Св. Климент“ (Св.
Богородица-Перивлепта) , како и другите цркви и манастири,
на седница на Светиот Архиерејски Синод е одлучено Светите
мошти да се вратат назад во црквата ,,Св. Климент“ (Св.
Богородица-Перивлепта), со Светите мошти да се изврши
опхождение со нив низ епархиските центри во Република
Македонија.
И по двенеделно преосветување и осветување на Македонија,
Светите мошти на Свети Климент повторно се поставија во
црквата Св. Богородица-Перивлепта со најголеми можни
свечености и чинодејствија на 5. октомври.1991 година, при
што неговото Високопреосвештенство г.г. Тимотеј се обрати на
огромната маса со следново слово
ВО ИМЕТО НА ОТЕЦОТ, СИНОТ И
СВЕТИОТ ДУХ
,, голем Пророк се јави меѓу
нас,
и Бог го посети Својот народ“
(Лк. 7,16)
Провидението Божјо испраќа одвреме-навреме свети луѓе,
богосветители, пророци, кои треба да го пробудат народот од
сон, да го прогонат мракот со факелот на божествената
вистина и да го повикаат кон духовно-морално усовршување.
Св. Климент Охридскиот Чудотворец е еден од таквите небесни
боговесници. Над маглите и историјата тој свети како
гранитен врв во далечините на времето. Тој е наш Мојсеј, кој
изведе не само еден народ, туку многу словенски народи од
ропството на незнаењето - идолопоклонството и ги воведе во
ветената земја на православната христијанска вера и сеопшта
култура. Како нов боговидец и чудотворец тој ги удри
темелите на словенскиот јазик, кој до тогаш беше непознат и
необработен, кој беше како една колема карпа,од која Св.
Климент Охридскиот Чудотворец изобрази словенска писменос и
култура, од која потекоа нови водени струи на животот. Тие
нови струи што ги создаде Св. Климент меѓу словенските
народи имаа слична историја на голема река, што минува голем
и чуден историски пат, и со својата вода ги напојува многу
народи со благодетното Христово учење.
Свети Климент - Охридскиот Чудотворец е наш Св. Ап. Павле,
тој ни ги отвори очите за да се обрнеме од темнината кон
светлината и од рацете на злото кон Бога, та преку вреата во
Христа да примиме опростување на гревовите и наследство меѓу
посветените.
Драги христијани, пред повеќе од 11 века, на сончевите
брегови на Езерово, во древниот Охрид, стапна ногата на Св.
Климент. ахиепископот Охридски Чдотворец.
Неговото зачекорување по улиците на Охрид и пошироко во
Македонија, поголемите искушенија и премрежија низ кој тој
помина со своите учители, Светите рамноапостоли Св. Кирил и
Методија претставуваше, од една страна, продолжување на
делото на Слунските брќа во духот на нивните идеи, а од
друга, неговото пренесување и осуштествување кај Јужните
Словени, посебно кај Македонците, на кој тој им беше посебно
близок, и појазик и по неговите пораки. Така, благодарение
на неговата исклучителна и генијална дарба, знаење и
визионерство, на неговиот заграб во дејности што ги
поставија темелите и го извршија големото и чудесно здание,
што ги надмина сите премрежија и ги надживеа
вековите,оставајќи ни трајни сведоштва за еден беспримерен и
возвишен напор и плодови на една богата Македонска црква,
имагинација и култура, Охридска книжевна школа, се создадоа
и основите на просветата и напредок кај Јужните Словени. За
Македонските Словени, тоа значеше ново препознавање и
потврдување во тие просветни, културни и цивилизациски
токови, и зачекорување по патиштата за откривање, развивање
и афирмација на нивниот јазичен, културен и национален
идентитет. Тоа се причините што толку бргу делото на Св.
Климент и неговиот собрат Св. Наум, и на нивните 3500
ученици, и дејноста на Св. Климент како прв словенски
Епископ во Охрид, беа прифатени и прегрнати во еден широк
регион, влегувајќи длабоко во неговот битие и станувајќи
негов траен израз низ вековите.Таа негова историска и
основоположничка улога на Охридската црква го прави Св.
Климент една од најсветлите личност на словенската просвета,
а за македонскиот народ тој е втемелувач на сиот негов
развиток низ времињата откако постои неговото колективно
памтење. Тоа, впрочем, го афирмира со историска објективност
и научната уверливост објективната наука, тоа го потврди
најдобриот судуја - спроведливото верме. Затоа Македонската
православна црква и македонскиот народ имаат длабока почикон
ликот и делото на Св. Климент Охридски Чудотворец. Тоа е
посебно изразено со пиетет кон неговите свети мошти, кои
последниве денови, со решение на Светиот Архиерејски Синод
на Македонската православна црква направија опхождение низ
повеќето македонски градови, односно цркви, а денеска се
внесуваат и положуваат во саркофаг во оваа црква, каде што и
најдолго почивале.
Многустрана е личноста на Св. Климент Охридски и неговиот
придонес кон културната преродба на словенските народи: тој
е писател, општественик, преведувач, мисионер, мислител,
милитвеник, служител на олтарот Божји, прв словенски
епископ, чудотворец и помагач на сите што со вера му се
обраќаат за помош, величенствена фигура што удира снажен
печат на едно време, познато во културната историја како
Светиклиментова епоха, златен век за словенската писменос.
Неговата дејност одекнува далеку од Македонија, кај сите
словенски народи.
Повеќе од еден милениум трае длабоката врска на
Светиклиментовото име со животните текови на Охрид. По
легендата, во свеста на охриѓани тој е патрон на градот,
како што го претставуваат и средновековните зографи во
живописот.
Градот Охрид што толку грижливо ги чуваше низ сите историски
налети и судири спомените и моштите на Св. Климента, денес,
односно овие денови Македонската православна црква во
својата суверена држава ги изнесе и понуди на народот
Светите мошти на патронот на Македонската православна црква,
на сите православни Македонци и на други православни луѓе да
можат да им се поклонат во повеќе наши свети цркви и да му
се заблагодарат за сî што тој, со милос Божја, правел да се
сочуваме како православен народ македонски. Неговите свети
мошти се враќаат во древната и света столица Охрид на
празникот на Сите македонски светители кога свечено ги
внесуваме во неговиот втор дом, ,,Св. Богородица“, позната
како ,,Св. Климент Охридски“. Да се помолиме на сите
македонски светители, а посебно на Св. Климент Охридски
Чудотворец да ни го просвети умот, зацврсти верата
православна, зачува мирот во градот и светот, осветли патот
со светлоста евангелска да можеме да го исполниме законот
Христов и да го наследиме ветеното Царство Небесно.
А М И Н.
А веќе утредента, на денот на Сите Македонски светители
(6. октомври. 1991 год.) се изврши преосветување на црквата
на која богослужеше блаженејшиот Архиепископот охридски и
македонски г.г. Гаврил со Нивните Високопреосвештенства
митрополитите г.г. Стефан и г.г. Тимотеј со уште петнаесет
црковнослужители.
На вечерната Богослужба, на 10. август. 2002 година, во оваа
црква уште еднаш се случи настан кој ќе биде запишан во
историјата на Македонската Православна Црква, со
Боговдахновени чинодеанија и манифестации, со велелепна
литија, по 530 години, дел од Светите мошти на Свети Климент
кои почиваа во ,,Св. Богородица-Перивлепта“, се вратија на
местото од кое пред повеќе од пет векови поради иноверна
власт беа приморани да се отстранат.
|
|
 |
СВ. СОФИЈА

Црквата е посветена на Христос како Божествена Премудрост
т.е. Св. Софија, и е подигната врз темели на
ранохристијанска базилика.Служела како катедрална
патријаршиска црква во времето на цар Самоил.
Денешниот изглед е од времето на охридскиот архиепископ Леон
(1037-56), кој го обновил и проширил овај катедрален храм.
Кога, пред пет децении, е отпочнато со чистење и
конзервација на оваа охридска катедрала, пред очите на
јавноста се откри еден од најголемите комплекси на
фрескоживопис на европската и византиската уметност од XI
век. Постарите фрески како и оние од XIV век предизвикаа
исклучително внимание и набргу добија угледно место во сите
светски научни изданија.
Во XI векСвета Софија била ,,Голема црква“ на Охридската
архиепископија, под чија дијацезаво тоа време била
територијата од Дунав до Албанските брегови и до Солунскиот
залив, оваа црковна организација уживала голем углед во
православниот свет, а охридските поглавари-архиепископи го
истакнувале нејзиното јустинијанско потекло. На нејзиниот
престол доаѓале најистакнати личности на источната екумена.
Во втората половина на XV век претворена е во џамија и тогаш
се извршени најголемите измени. Сите фрески биле покриени со
вар, куполата на црквата е струшена и срамнета со покривот,
додека пак старата олтарна мермерна преграда со пластична
декорација била отстранета, и од мермерот во наосот кон
југо-запад е подигнат мимбар. а над северозападните кубиња
подигнати се минариња.
Под влијание на архиепископот Леон фрескоживописани се
повеќе од шеесетина фигури. Најбројни и најугледно место, во
централниот дел на олтарот, се ликовите на поглаварите на
Цариградската Патријаршија: Св. Василиј Велики, Св. Јован
Златоуст и Св. Григори Богослов.
Фигурите на шест римски папи се насликани во Ѓакониконот, со
што се одразува односот меѓу Цариградската и Римската црква,
пред расцепот во 1054 година. Најпопуларни и за посетителот
најблиски по својот карактер се сцените: ,,Света Тројца“ во
вид на три ангели и во посета на Аврам, ,,Гостољубието на
Аврам“ и ,,Жртвата Аврамова“ , ,,Тројцата момчиња во
огнената печка Ананиј, Азариј и Мисаил“ и ,,Скалата на
Јаков“. Во проскомидијникот се насликани ,,Св. 40
Севастополски маченици“ над нив е преставен Христос како им
дели венци. Основна композиција во апсидата претставува
,,Причестувањето на апостолите“, со Христос во стредина како
го благословува лебот и путирот. Во школката на апсидата на
престол седи Св. Богородица, насликана со малиот Христос
пред себе. Од јужната и северната страна, во ритмички лет,
ним им се поклонуваат по пет ангели.
Охридската катедрала ,,Св. Софија“ во 1313-14 година од
охридскиот архиепископ Григориј, ја добива величенствената
припрата, една од најубавите градби од тој вид во
византиската и македонската градителска култура. Катот на
нејзиниот нартекс и параклисот на Јован Оливер, добиле
сликарска декорација уште кон крајот на XIV веккаде се
насликани ктиторот со семејството и тогашниот охридски
архиепископ Никола. Параклисот е посветен на Св. Јован
Претеча. На сводовите на припратата се насликани ,,Седумте
вселенски собори“ и ,,Покајанието на Давид“. Давит клекнат
пред пророк Натан, во присуство на ангел со меч во рака на
мечот напишано името на зографот Јован Теоријан. Првиот
појас од припратата го опфаќаат ликови на монаси,
пустиножители и црковни поети.
Григориевата галертија во првиот појас е насликан циклусот
за стерозаветниот Јосив, ,,Канонот за разлучување на душата
и телото“. На северниот ѕид е насликан ,,Дејзисот“ -
Страшниот суд, а на западната страна е насликан фриз од
дваесет допојасни фрескина маченици и исцелители меѓу кои и
Св. Козмо и Дамјан и на Св. Наум Охридски.
Фреските на Григориевата галерија се дело на охридските
работилници, на учениците на зографот Јован Теоријан и на
неговиот круг.
По Божја промисла, надлежниот владика, Неговото Високо
Преосвештенство Митрополит Тимотеј, гледајќи ја ова светиња
како соборен храм на највисокиот македонски клир, како во
минатото, во сегашноста, така и во иднината, не можеше да
остане рамнодушен и да го прифати последниот елемент на
иноверците, т.е. мимбарот. На една од седниците на Светиот
Архиерејски Синод беше покренато и прашањето околу санација
на храмот од последниот исламски елемент во оваа импозантна
црква. На таа расправа не доби безрезервна подршка од некои
своите собраќа, најверојатно подржувани од највисоката
институција на државата под изговор дека, со демонтирање на
мимбарот ќе се предизвика меѓу-верски конфликт.
На оваа иницијатива владиката Тимотеј не доби подршка ни од
оние институции на кој им беше должност да го заштитат
нашето културно богатство ,,Завот за заштита на културно
историски споменици“. Секако не Охридскиот завод кои на
црквата ,,Св. Софија“ гледаа како на светиња, и во секој
поглед го подржуваа својот надлежен владика Тимотеј.
Неговото Високопреосвештенство Митрополит Тимотеј беше решен
да влезе во војна со секој што ќе му се спротистави да ја
реализира оваа идеа. И влезе. Им се спротистави на:
тогашниот Архиепископ, Преседателот на Република Македонија,
директорот на ,,Завот за заштита на културно историски
споменици“ на Република Македонија, медиумите и др.
Митрополитот Тимотеј беше спремен да поднесе секаква жртва
само да се демонтира (демолира) и отстрани мимбарот и ги
замоли сите институции доколку треба некој да сноси
одговорност, тоа е само тој, а другите лица, да бидат
ослободени од одговорноста. Кога ,,Завот за заштита на
културно историски споменици“ на Република Македонија
почувствува дека владиката е во право и ја добива биткат,
понуди стручниот тим, кој требаше да изврши демонтирање. Од
економски причини беше избран тим по воља на Неговото
Високопреосвештенство Митрополит Тимотеј, а сепак по својата
стручност беше над нивото од тимот на ,,Завот за заштита на
културно историски споменици“ на Република Македонија.
На 3.јуни. 2000 ? вечерта додека се чествуваше Преподобен
Наум Охридскиот Чудотворес и Митрополитот Тимитеј беше на
манастир но со мислите Св. Софија, со затемнети прозорци под
раководство на Паско Кузман и Владо Маленко се демонтираше
мимбарот.
Во 22.00 часот беше до половина срушен а во 03.00 часот
Владиката доби известуваше по телефон дека треба да части,
мимбарот веќе го нема.
Наредниот ден, топ тема на сите медиуми и дневни списанија
беше демонтирањето на ,,мимбарот“.
Пред одржувањето на 35 годишениот јубилеј од автокефалноста,
кој на Вториот Ден на Педесетница - Духовден, 24. јуни. 2002
година, се прослави во Охрид, се отпочна со вистинското
ревитализирање на најстариот и најкапитален сакрален објект
во Република Македонија - катедралата на некогашната
Охридска Архиепископија.
Најнапред се направија археолошки истражувања од страна на
Охридскиот завод за заштита на споменците на културата, кое
во разни етапи, траеше неколку децении.
Кога завршија археолошките истражувања, по демонтирањето на
мимбарот, остатоците од некогаш разурнатиот иконостас а сега
мимбар се употребија да се направи проект како би се
направил што по автентичен иконостас. Идејните решенија за
иконостасот и подот, беа готови, и се пристапи кон
реализација на проектите, за истакнување е големиот придонес
на локалните добронамерници: дипл. инж. арх. г. Тодор
Паскали и Директорот на Охридскиот завод за заштита на
споменици на културата - г. Паско Кузман. Под будното око на
Митрополит Тимотеј, навремено завршија сите градежни работи
и се запазија сите рокови, се изработи нов мермерен
иконостас во камена резба, нови икони за иконостасот, свети
двери во длаборез, на целиот храм се инсталира подно парно
греење, се посла нов мермерен под, нова електрична
инсталација, се постави нов свет престол, нови свети сосуди,
свешници ит.н.
Неговото Високо Преосвештенство Митрополитот Тимотеј и
покрај тоа што му останува уште половина за обработтување на
нивата Господова успеа да го врати литургискиот живот,
сјајот и целосната функција на вековната катедрала на
Охридските архиепископи на древната Архиепископија во Охрид
и со тоа да се вгради во историјата како наследник градител
и творец рамо до рамо со оние што граделе и твореле во
древната ,,Охридска Архиепископија“-Јустинијановата
Архиепископија.
|
|
 |
СВ. ПАНТЕЛЕЈМОН И СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ

На вечерната Богослужба на 10. август. 2002 година, со
Боговдахновени чинодеанија и манифестации, со велелепна
литија, по 530 години, дел од Светите мошти на Свети Климент
кои почиваа во црквата ,,Св. Богородица-Перивлепта“, се
сместија и почиваат во гробното место кое што пред еден
милениум Охридскиот патрон со сопствените раце си го
направил, односно во својот манастир ,,Св. Пантелејмон“. Со
светата архиерејска Литургија на 11. август. 2002 година, на
локалитетот Плаошник во Охрид се освето возобновениот
Климентов манастир ,,Св. Пантелејмон и Св. Климент
Охридски“.
Во новоизградената црква се вградени и зачувани остатоците
на оргиналниот Климентов манастир. Во Климентовиот манастир
се наоѓал првиот Словенски универзитет, жариштето на
словенската писменост и култура, место каде што биле удрени
темелите на Охридската книжевна школа, од која се подготвени
3500 ученици кои ја ширеле словенската писменос дури ди
Русија. Тука се наоѓа и болницата опишана од архиепископ
Теофилак во XII век и Димитрј Хоматијан во XIII век. Во XIV
век е изградена нова црква од страна на Кесарот Дука и
неговиот син Димитриј а во XV век бил разурнат и претворен
во џамија. Таа подоцна настрадала од силен земјотрес во XVII
век.
Во 2000 година од страна на Министерството за култура се
одобрени големи матерјални стретства и е даден приоритет да
се довршат археолошките истражувања. Меѓу откриените објекти
најрепрезентативна е петтокорабната епископска базилика,
седиштето на Лихнидските епископи, која потекнува од ИВ век.
До неа се открија: големиот баптистериум (крстилница) и
многубројни придружни објекти чии подни мозаици, Охрид, го
воздигнуваат, на местото на кое му припаѓа - Балкански
Ерусалим.
Во внатрешноста на Климентовиот манастир се открија богати
наоди: делови од позлатени одежди, голем број на големи
енколпиони - двојни петорални крстови со светителски
претставувања на Св. Богородица и Распетието Христово, кои
служеле како реликвијари на монасите и многу други монети.
Темелите за возобновување на Светиклиментовиот манастир се
осветени на 8. декември.2000 година по повод 2000 години
христијанство.
|
|
 |
СВ. НИКОЛА - Геракомија

Храмот ,,Св. Никола“-Геракомија е гаден од кршен камен во
долните партии, додека горните партии се ѕидани од делкан
бигор во варов малтер.
Во основа е трикорабна базилика, каде централниот брод е
засводен со три слепи куполи, а јужниот и северниот кораб се
полуцилиндрично засводени. Сводовите не се ѕидани, туку на
дрвена конструкција, на дрвени летви е поставен тенок слој
варов малтер над кој е изведен зивопис.
Мора да се спомне дека невообичаено и необјасниво е
сознаниетодека храмот во XIX век, и се до денешни дни не е
целосно живописан.
Со сликање на овој храм најверојатно е започнатов во
шеесетите години на XIX век, односно кога Дичо Зографот
доаѓа во Охрид. Особено внимание заслижува живописот во
сводовите на северниот и на јужниот кораб и трите слепи
куполи, бидејќи тоа е дело на најпродуктивниот зограф од XIX
век во Македонија, Дичо Крстев од с. Тресонче. сликаните
партии на фреско-декорација во олтарниот простор кои се со
послаб квалитет се дело на фрескоживописци од
Опеница-Охридско.
Внатрешноста на храмот го краси сликан иконостас кој го
изработил мајстор и зограв Дичо Зографот во 30. октомври.
1862 година
|
|
 |
СВ. АП. ЕВ. ЈОВАН БОГОСЛОВ - Канео

Западно од рибарската насеба Канео на карпа над самото езеро
се наоѓа црквата посветена на Св. Јован Богослов. Подигната
е во времето на охридското семејство Теологите кои во
историските извори се спомнуваат од околу 1200 год., па се
до втората половина на тоа столетие.
Градена е од делкан каменно долноиот дел, со наизменични
вертикални и хоризонтални делови на длекан бигор и тула во
горниот дел, а на апсидалниот дел, источната страни и
куполата имаме керамопластично украсување на изгледот на
фасадите.
Од фрескоживописот на XIII век се сочувани делови во
куполата и апсидата како и на северниот и на јужниот столб.
Во калотата на куполата е насликан Исус Христос - Седржател,
а во самиот тамбур се претставени осум пророци, групирани по
двајца, групирани во цел раст.
Во олтарнасида се насликани композициите ,,Причестувањето на
апостолите“, ,,Тајната вечера“, како и повеќе попрсја на
архиереи.
На северниот столб е насликан патронатот Св. Јован Богослов,
а каков негов пандан, на јужниот столб - Исус Христос.
Од фризот со архиереите ги издвојуваме ликовите на првиот
христијански проповедник на охридски простории Св. Еразмо
Лихнидски и патронот на Градот Охрид, Св. Климент Охридски.
,,Причестувањето на апостолите“ се насликани во царски
одежди, што е реткост во византиското сликарство.
На крај ќе потенцираме дека во оваа црква, која пленува со
својата местоположба и фрескосликарство, е крунисан за
Солунски цар епирскиот деспот Теодор И Ангел Дука, од страна
на Охридскиот архиепископ Димитриј Хоматијан, во првата
половина на XIII век, време кога е изградена и живописана
оваа црква.
|
|
 |
СВ. В-МЧ. ДИМИТРИЈ МИРОТОЧИВИ

Недалеку од Горна порта, на самиот излез од дворот на
,,Св. Богородица Перивлепта“ се наоѓа малата црква посветена
на Светиот воин Димитриј. Не се сочувани историски податоци
за постанокот на оваа еднокорабна црква со тристрана олтарна
апсида. Има два влеза - на западната и јужната страна - и
полукружен свод и се вбројува во редот на помалите охридски
цркви кои се изградени и живописани во XIV век.
Фрескоживописот во внатрешноста на црквата е поделен во три
зони. Првата ја претставуваат светители во цел раст од кој
се издвојува ликот на патронот ,,Св. в-мч. Димитриј“
насликан во облека на воин. Во фрескоживописот се препознава
зограф со високи уметнички квалитети.
Втората зона е исполнета со сцени од животот на Господ Исус
Христос од кои ги набројуваме: ,,Влегувањето во Ерусалим“,
,,Распетието Христово“ и ,,Воскресението“. Над втората зона
на фризот од медалјони се прикажани повеќе пророци.
Авторот на фрескоживописот на црквата ,,Св. в-мч. Димитриј“
останува до ден денес непознат.
Карактеристичен е и ,,Големиот змиски крст“, кој потекнува
од XVII век.
|
|
 |
РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Оваа црква се наоѓа во населбата Канео и е сместена во карпа
под црквата ,,Св. Ап. ев. Јован Богослов“.
Цркваата ,,Рождество на Пресвета Богородица“ е еднокорабн
во две нивоа: едното ниво е посветено на ,,Св. Петка“ и на
тоа ниво има вода, а другото ниво кое е повисоко е посветено
на ,,Рождество на Пресвета Богородица“.
Црквата ја освети, Неговото високо перосвештенство
митрополит Тимотеј и е осветена на .
Ктитор на оваа црква е Пантелеј Митков и е изградена за
здравје на неговата ќерка која е и проектант Маја Миткова.
Фрескоживописот и иконописот е на Тони Минцов.
|
|
 |
СВ. КОЗМО И ДАМЈАН

|
|
 |
СВ. ЧЕТИРИЕСЕТ СЕВАСТОПОЛСКИ МАЧЕНИЦИ

Оваа црква ,,Св. четириесет Маченици“ Севастополски се
наоѓа на улица Боро Шаин помеѓу Луканови и Шанданови.
Црквата во моментот е во руинирана состојба се прават напори
и се одобрени сретства од Завод за заштита на историски
споменици на клтурата за подигање и возобновување на оваа
светилиште.
Според останатиот фрескоживопис се гледа дека потекнува
византискиот временски период.
|
|
 |
СВ. НИКОЛА ЧУДОТВОРЕЦ

Врз оваа црква се вршат истражувања од страна на Завод
за заштита од Охрид под раководство на Ленче Мојсоска, но од
тоа што може да се види надвор и во самата црква се работи
за објект кој што поседува византиски елементи.
Самата црква е еднокорабна, ѕидана е од камен, и
моментално од северната стран, во висина, половина од
црквата е под земја.
Од она што може да се види на фреските, во коработ, и во
олтарниот дел, може да се заклучи дека датираат се
византиски временски период, Богородица насликана со Христос
во рацете е некаде од IX-X век, а фреската која се наоѓа на
западниот ѕид Успение на Пресавета Бгородица XII-XIV век.
|
|
 |
СВ. НИКОЛА ЧУДОТВОРЕЦ

Според кажувањата на постари лица Кога Џеладин бег го
запалил Моско Поле поголем дел од влашкото население се
доселило во Охрид и ја подигнало оваа црква.
Црквата ,,Св. Никола“ која се наоѓа на улица Паретизанска и
Спас Банџов, е изградена од цврст матерја: камен и варов
малтер, сите ивици се направени од делкан камен а апсидата
изобилува со прекрасни арки од делкан бигорен камен.
Црквата е еднокорабна засводена со две слепи кубиња, и е
невообичаено за тој временски период што не е
фрескоживописана. Фрескоживописот кој денес може да се
забележи е од раката на Драган Ристески од село Сирула.
Иконостасот на црквата е правен од раката на Дичо Зограв од
Тресонче и допојасните престолни икони. Инересно е да се
напомне дека дверите на иконостасот, и распетието, не се
вклопуваат според стиловите, па поради тоа има мислење дека
Распетието, и дверите, се донесени од изгорената црква во
Москополе
|
|
 |
СВ. ВМЦ. ВАРВАРА

Оваа црква се
наоѓа на улица Илинденска (Попарница) и е изградена во 1965
по иницијатива на Андон Завојчев и Устијан Маџаров кои и
самите учествуваат во изградбата на црквата а со донација на
луѓе кои се црквувале во тој период. На самото место постело
камарче на кој стоела иконата на ,,Св. в-мц. Варвара“ и
денес во црквата на северниот ѕид може да се запримети тоа
камарче.
По уривањето на придружните објекти, и демонтирањето на
иконостасот на црквата ,,Св. Јован Богослов“- Канео, а под
раководство на директорот на ,,Завод за Заштит“ Лактов,
Андон и Устијан ги земаат иконите и иконостасот, и да ги
заштитат иконостасот го монтираат во ,,Св. Варвара“ а
иконите ги поставуваат внатре во црква.
|
|
 |
СВ. БОГОРОДИЦА - ПАНДАНОС

Самата црква се наоѓа над познатиот Охродски анфитеатар
на улица Кузман Капидан. Изградена е со помош и донации на
малското население од страна на: Наум Петроски, Димо
Караѓуле, Александар Завојче, Ѓоре Чочег, Јонче Заров, Бато
Стружанче во понов временски период односно.
Оваа црква е изградена врз темели на стара средновековна
црква која може да и се забележат темелите.
|
|
 |
СВ. ВРАЧИ МАЛ

Во непостредна близина на Св. Константин и Елена се наоѓа
еднокорабната црква Мал ,,Св. Врачи“, со живопис од XIV век.
Нема податоци за времето на подигањето на црквата бидејќи е
уништен поголемиот дел од фрескоживописот.
Целиот фрескоживопис заслужува внимание но ќе ги издвоиме
патроните ,,Св. врачи Козмо и Дамјан, насликани на јужниот
ѕид во една засводена арка.
Единствено во оваа црква Мал ,,Св. врачи Козмо и Дамјан“ и
во црквата ,,Св. Вознесение“ с. Лескоец, насликан е ,,Св.
Климент, кој како патрон и заштитник на Охрид е претставен
со модел на градот, кој го држи во левата рака. Во олтарната
апсида е насликан ликот на Охридскиот архиепископ Константин
Кавасилас.
Она што инпресионира во оваа црква е сочуваниот дрвен
иконостас со тордирани столбови, кој е најстариот сочуван
иконостас од век. По конзерваторските работи од 1964 година,
тој е целосно консолидиран.
Иконостасот ја зафаќа целата широчина на коработ (околу 3
м), а висок е 190 см. Составен е од пет монолитни колонки во
резба со капители и архитвар над нив. За разлика од
едноставниот, без резба, архитвар, сите други делови на
иконостасот имаат извонредна уметничка резбана изведба.
Освен двете јужни колони кои се слични само со украсниот
мотив на т.н. ,,Херкулов јазол“, Другите две колони се
сосема различни: едната со изглед на преплетено јаже, а
другата на тордиран столб.
Бидејќи најстарата фреско-декорација во оваа црква потекнува
приближно од 1325 година, тогаш и овај прекрасен иконостас
во црквата Мал ,,Св. Врачи“, би требало да се смета за дело
од оваа време, нарачано од истиот ктитор.
Двете најубави колони од овај иконостас денес се наоѓаат во
Ширванот на најгорниот кат во куќата на Робевци, кој служи
како охридска резиденција.
|
|
 |
СВ. НИКОЛА БОЛНИЧКИ

Недалеку од брегот на Охридското Езеро, до самата Долна
Порта, се наоѓаат двете болнички цркви - ,,Св. Никола“ и
,,Св. Богородица“. Името е добиено според маалото во кое се
наоѓаат, по раскажувањето на старите жители дека во
стредновековието тука постоела болница.
,,Св. Никола Болнички“ е граден од кршен камен, без употреба
на тула, и претставува еднокорабна црква со засводен
полукружен свод. На нејзината западна страна се наоѓа
камбанарија - преслица единствена во Македонија, изградена
под влијание на приморската архитектура. Во дворот на оваа
црква се наоѓаат остатоците од градските ѕидини, кои од
Самоиловата тврдинасе спуштиле до самото езеро.
Црквата за прв пат се спомнува во еден документ за имотот на
црквата ,,Св. Богородица Перивлепта“-Охрид, а изградена и
живописана е во 1313 год. од непознат зограф.
Со освојувањето на Охрид од страна на Србите во 1334 г. на
јужниот ѕид од надворешната страна е изведен живопис, со
претстава на портретот на цар Душан, неговата сопруга Елена,
синот Урош и Охридскиот архиепископ Никола (кој ќе го
круниса Душана за цар во Скопје во 1346 г.)
Во XV век на јужната страна од црквата е дограден параклис
од кој денес е сочуван апсидалниот дел со претставата
,,Причестувањето на апостолите“.
Меѓу позначајните композиции во внатрешноста на црквата би
ги спомнале: ,,Успението на Св. Богородица“. ..Влегувањето
на Госпот Исус Христос во Ерусалим“, а по својот ликовен
третман се издвојуваат фигурите на ,,Св. Климент“, ,,Св.
Никола“ и ,,Св. Пантелејмон“.
|
|
 |
СВ. БОГОРОДИЦА БОЛНИЧКА

До денес не се откриени пишувани податоци за нејзиното
жвописување, но според изведбата на градењето и според
анализата на живописецот оваа црква припаѓа на малите
еднокорабни охридски цркви, со помали димензии од времето на
XIV век.
Какви биле причините црквата да биде преправена од едно
корабна со полукружен свод во еднокорабна со напречен кораб
- трансепт, не е познато. Црквата Св. Богородица претрпела
повеќе измени и тоа во во XV I, во XV I I век, а последен
пат во оваа црква се интервенирало во 1834 г. кога е изведен
нов живопис, на малтер нафрлен врз стариот живопис. Во
1959-1960 г. по конзерваторските работи, живописот од X IX
век е симнат и се наоѓа како експонт во термот.
Најстарите фрески потекнуваат од XIV век, а сочувани се
композициите
,,Поклонување на жртвата“, ,,Вознесението“ и
,,Балаговестите“ , ,,Св. Василие Велики“ и ,,Св. Јован
Златоуст“ - во апсидалниот дел. На северниот ѕид се
претставени светите воини: ,,Св. Димитрија“, ,,Св. Ѓорѓи“ и
,,Св. Нестор“, а до самиот иконостас претставата на
,,Дејзис“.
Фрескосликарството на непознатиот локален зограф е од
подобрите остварувања во Охрид, зографот има голем осет за
компонирање на боите.
Иконостасот во оваа црква е богато украсен со стилизирани
растенија, плодови и птици и со други мотиви. Работен е во
ореово дрво во 1833 г. и е дело на Никола Дарковски
Караџовик од с. Лазарополе, а се вбројува меѓу позначајните
дела на мијачките копаничари од минатиот век.
Околу црквата се наоѓаат повеќе гробови, секако на монаси
или игумени, како и заедничка гробница.
|
|
 |
МАЛ СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ

До денес
не се откриени пишувани податоци за нејзиното жвописување,
но според изведбата на градењето и според анализата на
живописецот оваа црква припаѓа на малите еднокорабни
охридски цркви, со помали димензии од времето на XIV век.
Оваа црква се наоѓа на улица Методи Патче над болничките
цркви.
Фрескосликарството на непознатиот локален зограф е од
подобрите остварувања во Охрид, зографот има голем осет за
компонирање на боите.
Треба да се спомне дека во XIV век, кога манастирот ,,Св.
Пантелејмон“ е претворен во џамија, моштите на ,,Св.
Клкимент“ се носат токму во оваа црква.
|
|
 |
СВ. ЦАР. КОНСТАНТИН И ЕЛЕНА

Подигната е на доминантно место, во стариот дел на градот
во непостредна близина на црквата ,,Св. Богородица
Перивлепта“. Над јужниот влез од внатрешноста е откиен
натпис од кој дознаваме дека црквата е подигната и
фрескоживописана во 1477 г. Во натписот се спомнува ктиторот
Партение и тој е насликан со модел во рацете. До него е
насликана неговата мајка Марија и синот Михаило.
Во ахитектонски поглед оваа црква е еднокорабна со попречен
полуоблест свод. Правоаголната основа е засведена со
полуоблест свод и завршува на исток со тристрана апсида.
Подоцна од јужната страна е доѕидан еден мал параклис
посветен на Света великомаченица Параскева.
Конструкцијата на оваа црква е скоро идентична со двете
цркви од XIV век: ,,Св. Богородица Болничка“ и ,,Св. Ѓорѓи“
во с. Годивје - Охрид.
Целата црква во внатрешноста е фрескоживописана.
Во олтарниот простор е насликана ,,Св. Богородица Ширшаја“,
а под неа светите архиереи: ,,Св. Василије“, ,,Св.
Григорије“, ,,Св. Јован“, ,,Св. Атанасије“.
На јужниот ѕид се претставени ,,Цар Константин и Елена“.
Фреските во втората зона ги исполнуваат композициите:
,,Слегувањето на Светиот Дух“, ,,Успение на Пресвета
Богородица“, ,,Тајната вечера“, ,,Молитвата во Гетсиманската
градина“, ,,Одрекувањето Петрово“, ,,Оплакување“ и
,,Погребението Христово“. Во сводот се најубавите ликови на
,,Бог Отец“, ,,Бог Син“, ,,Бог Светиот Дух“.
Во тремот на црквата посебно внимание заслужува фрагментарно
сочуваната композиција ,,Заминувањето на сите воини во борба
за победа на Христијанството“.
|
|
 |
| | |
|
ЛИТУРГИИ |
|

|
|
|
Литургија на претходно осветени дарови |
|
|
|
|
ИЗДАВАШТВО |
|
 |
|
|
|
|
|