Почитувани верни чеда, во прилог Ви ја пренесуваме Беседата во Првата недела од Великиот пост - Неделата на православието, од Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, изговорена во Капелата во Митрополитската резиденција на Плаошник во Охрид. 

Повеќе...

„Изобилувајќи со православна вера, ја изгаси измамата на заблудата и го уништи идолското безбожие: и, откако и самиот стана жртва Божја, со чуда ги оросуваш краиштата на земјата, преславен маченику! Христа Бога моли Го, да ни дарува милост голема“ (седален на Утрена на Тодорова сабота).

 

На 23.03.2024 година, во Саботата од првата седмица на Великиот пост - Тодорова сабота, во манастирот „Св. Климент и Пантелејмон“ на Плаошник во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на којашто чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на протоерејот-ставрофор Никола Христоски, еромонахот Никодим и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниците со пригодна беседа, којашто ви ја пренесуваме во целост.

Повеќе...

„Светата, гледајќи се себеси во чистота, смело му вели на Гаврила: - Твоите чудни зборови тешко може да ги прими мојата душа, зашто зборуваш за раѓање од бессемено зачнување и велиш: Алилуја!“ (Кондак 2 од Акатистот кон Пресвета Богородица).

 

На 22.03.2024 година, во петокот од првата седмица на Великиот пост, во параклисот посветен на светите Пречистански маченици, во манастирот „Пресвета Богородица“ - Пречиста во Кичево, во вечерните часови беше отслужено Мало повечерие со Акатист кон Пресвета Богородица, на којшто чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештентво Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на еромонахот Ефросиниј, свештениците Александар Матески, Роберт Илијевски и Александар Крстаноски. По завршувањето на Акатистот, Митрополитот Тимотеј се обрати кон верните чеда со пригодна беседа, којашто интегрално ви ја пренесуваме.

Повеќе...

„Откако Исус, вистинското мислено Сонце, ве испрати во целиот свет како светлозарни молњи, боговидци апостоли, со светлината на вашите божествени проповеди, го истера мракот на прелеста и ги просветли оние кои во мракот на незнаењето беа жестоко држани. Затоа молете Го и нам да ни испрати просвештение и милост голема“ (стихира на Господи повикав... на Вечерна во Среда од првата седмица на Великиот пост).

 

На 20.03.2024 година, во Првата среда од Великиот пост, во храмот „Успение на Пресвета Богородица“ - Каменско во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија на претходноосветени дарови, на којашто чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, протоерејот-ставрофор Никола Христоски, свештениците Димче Азески и Васил Михајлоски и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. По завршувањњето на Литургијата, беше извршен чинот на светата Тајна покајание за свештенството од нашата Епархија, а потоа беше одржано и редовното годишно свештеничко собрание. Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниот народ со пригодна беседа, којашто ви ја пренсуваме во целост.

Повеќе...

„Господи и Владико на мојот живот, не давај ми дух на мрзливост, изнемоштеност, властољубивост и празнословие“ (молитва на св. Ефрем Сирин)

 

На 17.03.2024 година, во Сирната недела - Прочка, во вечерните часови, во храмот „Успение на Пресвета Богородица“ - Каменско во Охрид, беше отслужена Вечерна богослужба, на којашто чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, протоерејот-ставрофор Никола Христоски, свештеникот Димче Азески и ѓаконот Марко Спасовски. По завршувањето на Вечерната служба, се помоливме и за добар почеток на Великиот пост, а свештенството и народот си простија еден на друг за сите направени грешки и прегрешенија. На крајот, Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниците со пригодна беседа, којашто интегрално ви ја пренесуваме.

Повеќе...
Страница 1 од 277

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Март 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
23 24 25 26 27 28 1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30 31 1 2 3 4 5