Празникот посветен на Воведение на Пресвета Богородица – Пречиста, во Охрид свечено се одбележа со архиерејска Литургија во црквата „Света Богородица-Каменско“. Со Литургијата чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј во сослужение на: протојереј Сашо Богданоски, свештеник Љупчо Симиџиоски, свештеник Игор Никовски и свештеник Саше Костадиноски, како и ѓаконите Димче Азески и Николче Ѓурѓиноски. На светата Литургија забележително беше присуството на голем број на верен, благочестив народ кој се причести со светото Тело и Крв Христова. Кон мноштвото народ Митрополитот Тимотеј се обрати со празнична беседа, која интегрално ви ја пренесуваме:

Sports Shoes | Nike

 

Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух. Амин!

Да се вградуваме како жив камен во духовниот дом - Црквата (1.Петр.2, 5).

Драги браќа и сестри,

Денеска светата Православна црква го прославува Воведението на Пречистата Богородица во храмот. Тоа е празник со длабоки и необјасниви духовни тајни. Родителите на Пресвета Богородица, праведните Јоаким и Ана, биле многу благочестиви и со извонредна побожност, и живееле квалитетен духовен живот.

precista1

precista1

precista1

Дури на стари години Бог ги обдарил со ќерка, и тоа на многу невообичаен начин. Токму заради тоа, кога ја добиле својата испросена рожба, ја ветиле на Бога, затоа што им ја исполнил нивната молба. Затоа Марија ја одвеле во Ерусалимскиот храм, во Скинијата Господова, бидејќи е завет на Светињата над светињите Господови.

Ја воделе со голема радост како да ги претчувствувале Божјите планови. Тука, според преданието, ги дочекал свештеникот Захариј, таткото на св. Јован Крстител. Ни самиот не знаел зошто, туку ја внел во Светињата на светиите. Тоа е дел од храмот во кој само еднаш во годината влегувал, и тоа само првосвештеник. Тука се чувал ковчегот на Заветот со десетте заповеди. Токму овој настан и светата Православна црква денеска го прославува.

Ерусалимскиот храм било најсвето место во Израилот. Тука се чувствувал духот на силата Божја и славата на Семоќниот, како што вели премудриот Соломон (Изрек. 7, 22-23). Тоа бил свет простор во кој се служела служба на Бога и се слушал зборот Божји. Затоа и Марија е доведена во овој храм, за да се воспита во најдобра воспитувачка средина. Тоа било место одбрано со планот Божји, за во него да се подготвува најсветото човечко суштество за Богомајчинство. Тука Божјата благодат низ времето ја извајала Богородица, која била: Почесна од херувимите и пославна од серафимите, Божја кадилница, Лествица небесна, Ѕвезда што го јавува Сонцето, Царево седалиште, Капина несогорлива, Гора непреодна и Невеста неневесна. Постанала најсовршено човечко суштество кое било и ќе биде најдобар пример за да се огледуваме на него. Заради тоа постојано ја слават сите поколенија, како што и самата претскажала за себе: Еве отсега сите поколенија ќе ме нарекуваат Блажена (Лк. 1, 48).

Нешто слично се случува, драги христијани, и со нашето денешно доаѓање во овој свет храм. Треба и ние, како света Дева Марија, да се научиме на Законот Божји, на правилата и законитостите, и не само да се научиме и воспитаме туку и да живееме според учењето и науката на нашиот Спасител, Господ Исус Христос. Во светиот храм ги слушаме непосредно зборовите Божји. Тука ги слушаме и прекрасните песни посветени на Бога. Во храмот се наоѓаат и светите икони на Божјите угодници кои нè потсетуваат на нивните прекрасни примери во христијанскиот и евангелскиот живот. Најважна и најзначајна е светата тајна Причест, која во светиот храм се принесува на Бога и кон која денеска пристапуваме. Примајќи го Христовото тело и крвта го примаме во себе Неговото битие, Неговото суштество, Неговиот благ карактер, Неговата љубов и Неговите добродетели.

precista1

precista1

Многу е важно да се научат повеќе дисциплини, како светски така и богословски. Но, најважно е духовното доживување кое првенствено се доживува во храмот а потоа доаѓа и преобразувањето. Тоа е непосреден допир со Бога и контакт со Божествениот електрицитет, со Божествениот оган. Тоа е оној оган кој ги грее и ги осветлува душите на луѓето. Тоа е оној оган што ги запали срцата на апостолите на светата Педесетница. После тоа доживување тие, и без богословски подготовки и без учење на странски јазици, силно почнале да го проповедаат Христа на најдостоинствен начин, на јазиците на тоа време. Тоа е истиот оган кој го осветлил св. апостол Павле на патот за Дамаск и потполно го преобразил. Тоа е истиот оган кој Мојсеј го видел во капината која гори но не согорува. Тој божествен оган во душата на човекот најнапред ги суши и изгорува лошите желби и намери, а потоа и гревовите. Од тој оган бегаат демоните и исчезнуваат, како што се топи восокот од огнот. Овој божествен оган е потребно секој христијанин да го стекне за да постане жив камен во зданието на Црквата Христова, на која аголен камен е Господ Исус Христос.

Нема поголем камен кој е вграден во црквата Христова од нашата Богомајка Богородица. Затоа, еден од светите отци за неа вели: „Кој ќе ја опише твојата големина, Дево? Кој ќе ја искаже целата твоја слава, Богоносителке? Ти стана Богомајка соединувајќи го умот со Бога, а Бога со телото. Го направи Бога Син човечки, а човекот син Божји. Ти го помири светот со Оној што светот го создаде, со дела нè поучи дека луѓето до созерцание не доаѓаат по пат на светлината или мислењето, туку преку очистувањето на умот и преку причестувањето со божествената благодат. Ти ни подари да можеме со сетилните очи да го видиме невидливиот во лик и обличје како што е и нашето. Да се приближиме до Нематеријалниот и Недопирливиот, Кој прифати тело.

На празникот Воведение света Дева Марија се принела себеси како дар на Бога. И тој дар денеска го славиме. Нека нејзиниот пример ни послужи на сите нас, христијаните, и ние со нашиот живот, со нашите постапки, со нашите дела, мисли да се огледаме на нејзините стапки, и со влегување во светиот храм тој да ни биде училиште за препород, да отфрлиме сè што е овоземно за свето, возвишено, благородно. Да ги отфрлиме лошите мисли и да ги замениме со благородни. Да го отсечеме гревот а да ги засакаме добродетелите. Во нашите срца да се всели правдата, мирот, љубовта, незлобата. Да живееме како што живеела и света Дева Марија во Ерусалимскиот храм, и да се уподобиме на Божјите угодници за да го добиеме ветеното Царство.

И накрај, да се обратиме кон Божјата Мајка со една молитва, преку која светата црква ја прославува: Денес во храмот се приведува сенепорочна Дева, за да биде живеалиште на Царот на вселената и Бога, и хранителот на целиот наш живот; денес најчесната светиња, како тригодишно дете, се воведува во Светињата над светињите. И ние како и ангелот, да и запееме: Радувај се, единствена меѓу жените благословена. Амин.

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Март 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
23 24 25 26 27 28 1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30 31 1 2 3 4 5