И ќе се јави славата Господова, и сите луѓе ќе го видат спасението од Бога; зашто устата Господова го изрече тоа (Исаија 40, 5).

Ова пророштво се исполнило на денот на Христовото крштевање на реката Јордан, односно на празникот Богојавление, ден кога Бог му се открил на целиот свет во три лица. На овој ден Митрополитот Дебарско-кичевски, г. Тимотеј, во сослужение на повеќе свештенослужители од Охридското архиерејско намесништво, отслужи света, архиерејска Литургија во црквата „Света Богородица – Каменско“. По светата Литургија, Митрополитот Тимотеј заедно со свештенослужителите и верниот народ, во свечена литија и со пеење на празничниот тропар се упати кон градското пристаниште. Кон многуилјадниот народ, пристигнат од сите краеви на светот, Митрополитот Тимотеј се обрати со празнична беседа, која интегрално ви ја пренесуваме:

Sportswear free shipping | ナイキ エア マックス エクシー "コルク/ホワイト" (NIKE AIR MAX EXCEE "Cork/White") [DJ1975-100] , Fullress , スニーカー発売日 抽選情報 ニュースを掲載!ナイキ ジョーダン ダンク シュプリーム SUPREME 等のファッション情報を配信!

Драги браќа и сестри,


Светата Православна црква денеска прославува еден од големите Господови празници кој се именува со повеќе имиња: Крштевање Господово, Богојавление и Просвештение. Се нарекува Крштевање бидејќи на денешен ден, според црковното предание, нашиот Спасител, Господ Исус Христос се крстил во реката Јордан од раката на свети Јован Крстител и Претеча Господов.

Се нарекува Богојавление бидејќи во моментот кога Господ Христос се крштевал најјасно се јавува Светата Троица на човечкиот род, и тоа: Синот Божји се крштева како човек; Светиот Дух слегува врз Него во вид на гулаб; а Бог Отец посведочува со тоа што се слуша Неговиот глас, кој вели: Ова е Мојот возљубен Син врз Кого е Мојата волја.

Празникот се нарекува уште и Просвештение затоа што Бог, Кој е светлина (1 Јов. 1, 5) отсега станува светлина на светот (Јн. 8, 12) која го осветлува секој човек што доаѓа во светот (Јн. 1, 9), светлина што ги осветлува тие што седеа во мрак и во смртна сенка (Мт. 4, 16). Затоа и тропарот на празникот завршува вака: Се јави Христе Боже и го просвети светот, слава Ти!

Сите овие имиња одговараат и нѐ поучуваат и ние како верници, кои го прославуваме овој ден, да се просветлиме, да се обожиме, да се препородиме та вистинската светлина да засвети во нашите срца, во нашите души, во нашиот живот. Како вистински чеда Божји да се погрижиме и да се потрудиме да отфрлиме од нас секаков грев и да го замениме земното со она што е небесно, да замениме сѐ што е страсно со возвишено, сѐ што е ниско со благородно, да ги замениме гревовите со добродетели за да го исполниме законот Божји и да бидеме синови на светлината по благодатта и човекољубието на нашиот Спасител, Господ Исус Христос, Кој денеска ни се јавува. Амин!

Потоа се изврши Голем Богојавленски водосвет после што се фрли светиот крст во осветените води на Охридското Езеро, кој и оваа година, како и минатата, го фати Митко Топенчаров.

Бог се јави!

DSC 3115

DSC 3194

DSC 3194

DSC 3194

DSC 3194

DSC 3194

DSC 3194

DSC 3194

DSC 3194

DSC 3194

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Март 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
23 24 25 26 27 28 1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30 31 1 2 3 4 5