Во Месопусната недела, на 22.02.2009 г. во црквата "Св Георгиј" во Струга, Митрополитот г. Тимотеј во сослужение на архимандрит Партениј, игумен на "Бигорскиот манастир", како и повеќемина свештенослужители од струшкото и охридското намесништво отслужи света Литургија. На божествената Литургија, Митрополитот г. Тимотеј, во ѓаконски чин го ракоположи теологот Васко Голабоски од Струга. По завршувањето на Литургијата, кон многубројниот верен народ Владиката се обрати со поучно слово кое интегрално ви го пренесуваме:

 

Best Authentic Sneakers | Nike nike air max paris 1 patch 2017 , Sneakers , Ietp STORE



Митрополит Тимотеј

Драги браќа и сестри,

Светата православна црква како грижлива мајка се грижи за своите деца посакувајќи им како телесно така и духовно здравје, духовно раснење, приближување и уподобување на својот Отец Небесен. Затоа постојано ги упатува своите деца на покајание, заради очистување од гревот и од секакво лошо дело кое нè оддалечува од нашиот Семилистов и Човекољубив Бог.
Во нашиот народ има многу мудрости кои со својот печат покажуваат религиозност. Една од таквите мудри изреки гласи: „Се заколнала земјата на рајот сите тајни да се знаат“.
Оваа народна мудрост денеска ја спомнуваме бидејќи евангелската парабола зборува за Второто доаѓање на нашиот Спасител и последниот суд Божји. Тоа ќе биде ден кога праведниците ќе бидат наградени за својот богоугоден живот на земјата, а грешниците казнети заради нивните гревови и беззаконија направени во овој земен живот. Тогаш книгата на вечниот живот ќе се отвори јавно пред очите на севкупниот човечки род, по која живиот Бог и вечен и праведен Судија ќе им суди на сите луѓе, и тоа не само за нивните дела и зборови туку и за нивните мисли и чувства. Книгата на вечниот живот независно од нашата волја, го запишува секој потег од нашето срце било кон добро било кон зло. Меѓутоа срцето е работилница во која се коваат и добрите и лошите мисли. Во него се раѓаат и дела согласни со неговата волја и дела спротивни на неговата волја. Срцето е работилница на доброто и на злото. И кога ќе дојде време ќе се исполни заклетвата која земјата ја дала на рајот сите тајни да се знаат.
Но кога ќе биде тој ден и кога Господ по втор пат ќе дојде, та како праведен и непоткуплив Судија да им суди на живите и на мртвите - ние не знаеме.
Самиот Тој нашиот Спасител Господ Исус Христос има речено: „А за тој ден и час никој не знае, ниту ангелите небесни, а само Мојот Отец“ (Мт. 24, 36). А зборот негов е вистина! Значи ќе дојде Господ повторно тоа е несомнено. Тоа е всушност и категорично барање на правдата Божја, но кога тоа ќе се случи - ние не знаеме. Ако макар и во мислите го допуштиме спротивното т.е. дека последен или страшен суд Божји нема да има, тогаш мораме да допуштиме дека и Божја правда нема да има, а тоа е незамисливо. Значи ако правда Божја нема тогаш и Бог го нема, и душа нема, и задгробен живот нема; а нам ни е дозволено сè, бидејќи всушност нема ни добро ни зло! Меѓутоа Бог постои, како што постои и сонцето, само што слепите од своето раѓање никогаш не го виделе. Ние пак кои во Него веруваме го гледаме со нашите духовни очи во сите негови дела. „Оти она, што е во Него невидливо, односно вечната Негова сила и Божеството, се гледа уште од создавањето на светот, гледани според нивните созданија, па така тие немаат изговор“ (Рим. 1, 20), тврди апостол Павле, додека пак псалмопеачот Давид вели: „Небесата ја објавуваат славата на Бога, а за делата на рацете Негови известува сводот небески“ (Пс. 18, 1). Значи го има и Бога и душата и правдата Божја. Ние ги чувствуваме, како што ја чувствуваме љубовта и пријателството. Затоа длабоко веруваме во зборовите на нашиот Госпос Исус Христос дека Тој повторно ќе дојде со сите Свои ангели како Цар на славата да му суди на севкупниот човечки род. Кога тоа ќе биде тоа е тајна голема која е сокриена дури и од ангелите Господови.
Светото Евагелие нè уверува дека кога Христос по втор пат ќе дојде, тогаш ќе им суди на живите и на мртвите, и ќе дојде како праведен судија. Овој ден старозаветниот пророк Софоније го нарекол „гнев Господов“. На тој ден ќе му претходат страшни појави: „И веднаш, по маките на тие дни, сонцето ќе потемни и месечината нема да ја дава својата светлина, и ѕвездите ќе попаѓаат од небото, и силите небески ќе попуштат“ (Мт. 24, 29), и уште нешто: тој ден ќе биде страшен бидејќи ќе му биде судено на секој човек јавно пред сите. Тогаш целокупниот наш живот ќе биде прикажан како на телевизиски екран. Ќе се откријат нашите животни тајни; ќе биде јавно сè што сме држеле во тајност, ќе се прикаже целокупно наше духовно сиромаштво, и нашата беда.
Страшен ќе биде тој ден затоа што како судски обвинител против нас ќе се појави нашиот сопствен судија нашата совест, неговото обвинение ќе се заснова на вистински факти кои самите ние сме ги внеле во нашата животна книга, кои не можат да бидат победени и од најискусни адвокати. Тој ден ќе биде страшен бидејќи пресудата ќе биде конечна, нема да има место за приговор и жалба за донесената пресуда.
Но и покрај тоа што ќе биде тој ден страшен нема да биде страшен за сите луѓе. Господ ќе ги одвои праведниците од грешниците. За праведниците овој ден ќе биде и праведен и радосен, а за грешниците и страшен и жалостен бидејќи се осудуваат на страшни и вечни маки.
Дали тој ден ќе биде радостен зависи од нас самите и од нашите дела запишани во нашата животна книга доброволно без никакви принуди туку со наша сопствена рака. Затоа и нашата молитва е упатена кон живиот Бог. Тој пак, на сите нас со својата благодат небесна да ни помогне та нашите души да ги украсиме со добротедели и останатиот наш живот на земјата да го живееме според волјата Божја. Тој ден, за нас да биде радосен, и на праведниот суд да се најдеме од десната страна и да ги слушнеме радосните зборови на Господа Исуса Христа: „Елате, благословени од Мојот Отец; наследете го царството, приготвено за вас од почетокот на светот“ (Мт. 25, 34).

Месопусна недела, 22.02.2009 г.,
Црква Св. Ѓорѓи Струга

 

struga1

struga1

struga1

struga1

struga5

struga5

struga7

struga7

struga7

struga7

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Март 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
23 24 25 26 27 28 1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30 31 1 2 3 4 5