На Велики Петок, во црквата „Света Богородица“- Каменско во Охрид беа отслужени Царските часови и симнување на Телото Христово од Крстот. Со богослужбата чиноначалствуваше Владиката г. Тимотеј во сослужение на повеќемина свештенослужители, а вечерта во црквата „Света Богородица-Перивлепта“ во Охрид беше извршено оплакувањето Христово.
Кон верниот народ Владиката се обрати со слово кое интегрално ви го пренесуваме:

Asics footwear | Nike Dunk Low Coast UNCL - Grailify

Митрополит Тимотеј

Во името на Отецот, Синот и Светиот Дух!

Драги верници денеска светата православна Црква го прославува Велики Петок. Тоа е најтажниот ден во историјата на човечкиот род и откако постои светот и векот. Ние луѓето го осудивме најголемиот добротвор на родот човечки, го предадовме и го распнавме со најстрашна казна на крст како најголем злосторник и тоа меѓу разбојници. Казната на крст во онаа време била сметана за најлошите престапници на законот и прописите на тогашното Римско царство.

Но и покрај сето оваа невидено злосторство нашиот Спасител одговара пак со љубов, пак со молба за злосторство: "Прости им Оче, бидејќи незнаат што прават". На крстот, целиот свиткан од болки, нашиот Спасител Господ Исус Христос е исполнет со грижа за спасение на луѓето. Тој ги правда луѓето со нивното незнаење. Он се моли за разбојниците кои со клинци го приковуваат на крстот и со копје го прободуваат во реброто. Дури и распнат, Он ги исполнува големите свои заповеди што ги има дадено на луѓето: заповед за постојана молитва, заповед за милосрдието, заповед за проштевањето, заповед за љубовта. Дали некој друг, освен Христос, откако би паднал во рацете на разбојниците, би се молел за нивното добро, за нивното спасение, би се грижел за нив, би го проштевал нивното дело? И најдобрите луѓе кога паѓаа во рацете на разбојници, му се молеа на Бога само за своето спасение, мислеа за своето добро, се грижеа за себеси, и себеси се оправдуваа. И најправедните луѓе пред Христа не можеле да се воздигнат до молитвата за своите злосторници. А Господ Исус Христос, еве, ги оправдува своите злосторници, се грижи за нив и се моли за нив. Какви ситни работи ние памтиме! За какови ситни нешта ние се лутиме и се одмаздуваме! И тоа ние, кои секојдневно го предизвикуваме Божјиот гнев престапувајќи ги неговите заповеди било со нечисти мисли, било со лоши желби, или пак со неправедни дела! Никој од нас не може да се нарече човек, ако не е човекољубив! Само човекољубието може да нè направи да бидеме човек, праведен и вистинит човек. Залудно гледаме во Господа на крстот, залудно ја слушаме Неговата последна молитва за грешните ако немаме човекољубие, со што и ние припаѓаме во таа разбојничка банда, која најголемиот човекољубец неправедно го осуди и го уби. Од ова се заклучува да не нè исполнува само восхит кон Господа човекољубецот, туку покрај восхитувањето треба да се засрамиме доколку онаа молитва од крстот и на нас се однесува.

Ако не знаеме да ја измериме љубовта на Господа Исуса Христа кон нас, да се погрижиме да го измериме Неговото страдање за нас. А Неговото страдање за нас е толку големо и страшно, што и земјата го почуствува и се затресе; го почуствува и сонцето, па се затемни; и камењата се распаѓаа; и завесата во храмот се раскина; и гробовите се отворија; и мртвите станаа од гробовите; и капетанот под крстот го призна Синот Божји; и разбојникот на крстот се покаја. Нашето срце да не биде послепо од земјата, потврдо од каменот понечуствително од гробот и помртво од мртовецот! Туку да се покаеме како разбојникот на крстот и да Му се поклониме на Синот Божји како Пилатовиот капетан под крстот. И ние така да бидеме со многу свети браќа оттргнати од смртта преку Христовото страдање, очистени со Неговата пречиста крв, прегрнати со Неговите раширени раце и удостоени на Неговото бесмртно царство. Бидејќи кој ќе одбегне од крстот Христов, тој во овој живот ќе остане во друштво на разбојници, а во оној живот ќе има дел заедно со непокајаните разбојници, многу далеку од Божјото лице. Ако еднаш Бог бил со разбојниците на земјата, со нив никогаш нема да биде на небото.

Драги браќа и сестри да се поклониме пред страдањето на Господа Исуса Христа, Кој заради нас грешните луѓе беше распнат на крст. Него да Го молиме да има милост за нас и да Го исповедаме и прославиме Неговото свето име. Нека Му е слава и благодарност со предвечната Троица сега и во сета вечност. Амин!

velikipetok1

velikipetok1

velikipetok1

velikipetok1

velikipetok1

velikipetok1

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Април 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
30 31 1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 1 2 3