Во втората недела после Велигден, недела посветена на жените Мироносици, во истоимената црква во Струга, Неговото Високопреосвештенство Митрополит Дебарско-кичевски г. Тимотеј во сослужение на повеќемина свештенослужители од струшкото и охридското архиерејско намесништво отслужи света божествена Литургија. Кон верниот народ Владиката се обрати со поучно слово кое  Ви го пренесуваме интегрално:

Best Nike Sneakers | off white nike blazer retail shoes Verona Multi-Color DJ5065-144 , Fitforhealth



Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух!

Денеска драги браќа и сестри, нашата света Православна црква во целата вселена ги прославува жените мироносици. Оваа втора недела по Воскресение, токму уште од најраните години на христијанството, Црквата ја посветила на жените мироносици, и затоа едноставно ја нарекува Недела на мироносиците.

Кои се тоа жени мироносици? Тоа се оние "многу жени" кои за време на божествената проповед на Господа Исуса Христа, Го следеле и Му служеле во делото на спасението на луѓето од гревот, од злото и вечната смрт; и тоа не само со нивниот имот туку и со севкупната нивна душа. Тоа се оние "многу жени" - неустрашливи соработнички Христови, кои со својата љубов кон Господа и својот Учител го победиле "стравот од Евреите", и за цело време на Неговото страдање биле покрај Него, на Голгота, во подножјето на Неговиот крст.

Големото дело на духовна обнова и моралното усовршување на човечкиот род го започнала Богомајката, преку која Господ Исус Христос се овоплотил. После неа видливо учество на оваа возвишена задача зеле и жените мироносици: Марија Магдалена, Марија Јаковлева, Саломија и други. Онаа тешка и страшна ноќ во Гетсиманија, кога непријателите Го фатиле Христа и на суд Го одвеле, Го оставиле и неговите ученици од страв и нив да не ги поведат на суд, како негови соработници и придружници; го оставиле и оние многубројните излекувани болесници од најстраши телесни и духовни болести. Повеќе не го поздравуваат ниту оние кои само пред неколку дена го пречекале да влезе во Ерусалим со восклици - Осана! Еден од апостолите Го предал за триесет сребреници. Се одрекол од Него и апостолот Петар, кој се колнел дека никогаш нема да Го остави, и дека е подготвен и на смрт да појде заради Него и со Него. Единствено со Него, од Неговите соработници и придружници, се жените, кои немаат страв од Христовите гонители. Тие присуствуваат на Голгота, бидејќи нивното срце е исполнето со вера и топла љубов кон Својот Учител. Боледуваат и страдаат со Него, на чело со Неговата Богомајка. Со неа се покрај Неговиот крст, на кој е распнат нивниот почитуван и сакан Учител и тоа Он безгрешниот помеѓу двајца разбојници.

И рано наутро првиот ден од седмицата, уште пред изгрејсонце, и покрај тоа што биле изморени и скршени од тага и болка, раководени од силна љубов тие брзаат кон гробот, не плашејќи се ниту од стражарите на гробот, носејќи скапоцени мириси според обичајот да го помазат телото Негово. Како што речиси секогаш преку напор и труд доаѓа и наградата, така и сега ним им се покажува големото признание и наградата за покажаната силна љубов кон Христа. Доаѓајќи до гробот тие виделе дека гробот е празен и многу се исплашиле, гледајќи го ангелот кој седел на гробот: Ангелот им се обрати на жените и им рече"Не плашете се; знам дека Го барате Исуса распнатиот; не е овде, воскресна, како што беше рекол; дојдете и видете го местото, каде лежел Господ, па отидете бргу и кажете им на учениците Негови дека Тој воскресна од мртвите" (Мт 28, 5-7). Значи еве ја големата награда за нив, бидејќи жените мироносици постануваат првите сведоци на Христовото воскресение.

Оваа радосна вест што ја слушнале жените мироносици - Пресвета Богородица, Марија Магдалина, Марија Јаковлева и Саломија, најпрво ја соопштиле на апостолите, односно на учениците на Спасителот, а тие пак заедно со жените мироносици на целиот човечки род.
По примерот на овие први весници и проповедници на Воскресението Христово, христијанките преку целата историја на црквата ја извршувале возвишената мисија: ја проповедале науката на Живиот Бог. Тие се одликуваат со силна вера и предадена служба на Бога: во домовите тие ги одгледуваат и воспитуваат своите деца во духот на науката на воскреснатиот Христос и ги подигнуваат столбовите на нашата црква - идните учители и богослови како што се мајките на свети Василие Велики, на св. Јован Златоуст на Григориј Богослов на св. Никола Мирликијски и многу други.

И нашите мајки и баби христијанки, исполнети со голема љубов и оданост кон воскреснатиот Христос, одиграле голема улога во нашата црква, а посебно во последните педесет години на атеизација и прогонство на верата и црквата. Во морето на безверието и негирање на с# што е свето и возвишено; кога добродетелите се потиснуваат на страна за нивните места да ги заземат разни пороци што се закануваат и постои опасност да ги умртват душите на младите односно на нашата младина, тие се појавуваат како бранители на Христовата вистина и Неговиот возвишен и корисен морал за нашата душа.Тие како и жените мироносици немаат страв. Тие се првите кои ги отвараат вратите на нашите свештеници. Често пати нивните домови ги претвараат во мали домови Божји. Ги подигаат и воспитуваат своите деца во христијански дух и православна традиција. Развиваат во нивните срца љубов кон Бога и кон ближните. Создаваат христијански семејства.

На крајот, драги браќа и сестри, да се обратиме со молитва кон жените мироносици и сите свети жени во историјата на Црквата Христова, молејќи од нивниот животворен мир да капне некоја капка во кандило на нашите души, па така и во нас нека се разгори благородна љубов, непоколеблива вера и постојана надеж во Спасителот наш Господ Исус Христос, како што горела во душите на мироносиците, па да Му се молиме, да Го славиме, да Го проповедаме и да Го величаме сега и секогаш и во вечни векови Амин.

3.05.2009 година,  Недела на Мироносици
Струга црква Св. жени мироносици

beseda1

beseda1

beseda1

beseda1

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Април 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
30 31 1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 1 2 3