„Науме преблажени, следејќи го извонредно примерот на Христовите ученици и, откако ја остави татковината, родот и домот и привремените работи, и сладострастието на сите красни нешта, ревносно и со разгорен дух си ги следел Кирила божествениот и Методија, богомудрите и премудри проповедници на Словените. Со нив богато си ја примил и наградата од самиот Владика и Спасител на душите наши“ (стихира на Господи повикав... на Вечерна на преподобниот Наум Охридски Чудотворец). 

 

Празнувањето на светиите во православната Црква всушност претставува празнување и величање на Бога, Кој се покажува како прекрасен во Своите светии. Силата на подвижништвото, оставањето на сите светски убавини, но и чудотворството дадено на оние кои се соединиле со Христа, ја покажува извонредната Божја сила и промисла за човековиот род. Таков светија е и нашиот Наум Охридскиот Чудотворец, кој се подвизуваше како апостолите, а со својата вера и чудеса го придоби неизбројното мноштво Мизијско. Ваквата благодат и присуство Божјо ги чувствува и нашиот верен народ, но и сите кои барем еднаш во животот го посетиле светилиштето на Црноризецот.

best shoes | Patike – Nike Air Jordan, Premium, Retro Klasici, Sneakers , Iicf

 

 

Иако Светинаумовиот манастир е посетен секојдневно, тој особено се исполни со верници во деновите кога го празнуваме неговиот свет спомен. Празнувањето започна на 02.07.2015 година, со свечена Вечерна богослужба, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Повардарски г. Агатангел, архимандритот Нектариј, игумен на манастирот, свештениците Димче Азески, Владо Недески и Роберт Илијевски, еромонахот Ефросиниј, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ѓаконите Сашо Целески и Васил Ристовски. По завршувањето на Вечерната богослужба, Митрополитот Агатангел се обрати кон верните со пригодно слово.

 

Празнувањето продолжи утредента, со света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на Митрополитот Повардарски г. Агатангел, Митрополитот Европски г. Пимен, архимандритот Нектариј, протоереј-ставрофор Тоди Јован, свештениците Димче Азески, Владо Недески и Роберт Илијевски, еромонахот Ефросиниј, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ѓаконите Сашо Целески и Васил Ристовски. За време на Литургијата, во чин чтец беше произведен дипломираниот теолог Христијан Костоски од Струга, на што му честитаме и му посакуваме напреднување во служењето на Бога преку добивање на уште поголеми чинови. По завршувањето на Литургијата, беше извршен чинот на Мал водосвет и беше прекршен празничниот колач, а Митрополитот Тимотеј се обрати кон мноштвото верни со пригодна беседа, која интегрално ви ја пренесуваме.

 

Митрополит Тимотеј

 

Во името на Отецот и Синот и Св. Дух!

Драги браќа и сестри!

 

Дивен Бог во свјатих своих!

 

Денеска, собрани сме во овој свет манастир, да го прославиме големиот подвижник, учител и молитвеник на нашата света Црква, преподобниот Наум, Охридскиот Чудотворец. Господ го создал човекот да биде во Негова близина и постојано да престојува во благодатна состојба. Но, кога Бог го создава човечкиот род, во неговата природа, во неговото создание, му го дава образот Божји. Во исто време Бог на човекот и му задава. Му го задава подобието, коешто се остварува и постигнува со наш човечки труд преку Божјата благодат. Светите отци учат, дека тој труд и тоа постигнување не е можно да се оствари само со наше залагање, со наш труд, пост, молитва и слично. За тоа потребна е Божјата благодат, онаа благодат којашто ни помага во остварувањето на зададеното подобие.

Човекот е создаден како психосоматско битие. Битие обдарено со своја слободна волја. Божјата благодат и Божјата љубов не ја повредува ниту ја присилува човековата слобода во својот избор и во својот начин на живот и делување. Големиот Достоевски, опишувајќи ја таа состојба на човекот вели: Човекот, тоа мало битие има слобода да му рече не на својот Создател. Затоа, постои и одговорност, на секој човек пред Бога како постапувал и како живеел, односно, како го поминал својот овоземен живот.

Божјите угодници, коишто се безбројни и чијшто број е поголем од ѕвездите небесни, ни потврдуваат дека зададената цел, односно подобието Божјо, ние, луѓето, можеме да го постигнеме. Св. Наум Охридски е еден од безбројните кои со труд, пост и молитва и со својот свет живот, се уподобиле на Бога. Затоа, Божјата благодат се излила врз него уште додека бил во овој свет. Обдарен со таа благодат, правел многу дела кои се разликувале од делата на обичниот човек. Да си спомнеме како несовесните животни му се покорувале и ги заменувале обврските на манастирските животни. Но, св. Наум, не само додека бил во оваа долина на плачот имал таква сила и благодат Божја да прави чуда и да им помага на сите што му се обраќале за помош, туку, Бог, уште повеќе го прославил, после неговото напуштање на овој свет и после неговото преселување во вечниот живот. За тоа ни сведочат безбројните катадневни чуда кои се случуваат на неговиот свет гроб. Но, не се случуваат чуда само на неговиот свет гроб, туку, насекаде и на безброј луѓе коишто се оддалечени од Македонија и кои му се обраќаат со искрена вера и надеж. Луѓе кои бараат од него застапништво и помош од Семилостивиот Создател, Промислител и Спасител на човечкиот род.

Основен услов, за да се надеваме и да очекуваме Божја помош, потребна ни е цврста и непоколеблива вера. Потоа, потребно е со нашиот живот да се одлепиме од овоземниот живот, којшто е грешен и исполнет со разни страсти и слабости. Да се издигнеме над сите овоземни приврзаности, па така воздигнати да бараме милост од Бога и таму, повисоко од земјата, преку молитвата на св. Наум, ќе можеме да се сретнеме со Божјата благодат. И тогаш Светиот Дух, како сила Божја, ќе слезе врз нас, ќе нè облагодати, ќе нè очисти и ќе нè препороди. Па така, и ние ќе можеме, не само да се надеваме, туку, да ја ползуваме таа енергија за наше спасение.

Да се обратиме со искрена молитва кон св. Наум Охридски, тој со неговите молитви нека се застапува пред престолот на Севишниот. Нека ни ја зацврсти верата, да ни ја умножи љубовта, за да можеме да правиме добри дела и да го оправдаме носењето на името христијани. Па така, да добиеме милост Божја и вечен и блажен живот, сега и во сета вечност. Амин!

 

Св. Наум Охридски
03. 07. 2015 год.
Манастир „Св. Наум Охридски" - Охрид

 

 

svnaumlet2015 1

svnaumlet2015 2

svnaumlet2015 3

svnaumlet2015 4

svnaumlet2015 5

svnaumlet2015 6

svnaumlet2015 7

svnaumlet2015 8

svnaumlet2015 9

svnaumlet2015 10

svnaumlet2015 11

svnaumlet2015 12

svnaumlet2015 13

svnaumlet2015 14

svnaumlet2015 15

svnaumlet2015 16  

svnaumlet2015 17

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Март 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
23 24 25 26 27 28 1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30 31 1 2 3 4 5