„Нектару на боготворни доблести, себлажени, на атонските отци си им станал жив извор на благодат, точејќи им од него Христови небесни духовни потоци на оние што вистински те возљубиле и кои верно ја чуваат светлината на твоето животворно кандило, како што ти ја чуваше незалезната светлина. Си се покажал како Христов нектар, Нектарие, затоа измоли Го и нас да не удостои со Неговиот божествен нектар“ (Стиховна стихира на Вечерна на преп. Нектариј Битолски).

 

На 18.12.2015 година го прославивме свештениот спомен на преподобниот Нектариј Битолски и на светиот Сава Осветен. Прославата на овие двајца големи светители започна ден порано, со свечена Вечерна богослужба во капелата „Св. Кирил и Методиј“ во манастирот „Св. Наум Охридски“ во Охрид, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, игумен на манастирот, протоерејот Димче Ѓорѓиески, свештениците Димче Азески и Владо Недески и ѓаконите Сашо Целески и Христијан Костоски. По завршувањето на Вечерната, беше прекршен празничниот колач, а по повод именденот на игуменот на манастирот, архимандритот Нектариј. 

Nike Sneakers | Air Jordan

Празнувањето продолжи утредента, со света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Митрополитот Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, протоерејот Никола Христоски, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ѓаконите Сашо Целески и Христијан Костоски. По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Тимотеј се обрати кон верните со пригодно слово, во кое се осврна на подвигот на двајцата големи светители, со порака и до сите нас дека подвигот не треба да е туѓ на ниту еден христијанин, без разлика на неговата определба, односно без разлика дали е монах или лаик. На крајот, Митрополитот Тимотеј му го честита именденот на игуменот, како и на сите кои го носат името на овие двајца рајски великани.

 

prepnektar2015 1

prepnektar2015 2

prepnektar2015 3

prepnektar2015 4

prepnektar2015 5

prepnektar2015 6

prepnektar2015 7

prepnektar2015 8

prepnektar2015 9

prepnektar2015 10

prepnektar2015 11

 

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Јуни 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30 1 2 3 4 5