На 11.02.2016 година, во манастирот „Св. вмч. Ѓорѓи“ во с. Кнежино, Кичево, а по повод четириесетдневниот помен за монахињата Доротеја, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на протоереите Никола Христоски и Стевчо Тошевски, еромонахот Ефросиниј, свештеникот Александар Матески и ѓаконот Сашо Целески. Пред започнувањето на Литургијата, беше извршен чинот на Мал водосвет и беше осветен новиот фрескоживопис во манастирската црква. По завршувањето на Литургијата, беше отслужен парастос по повод четириесет дена од упокојувањето на монахињата Доротеја, а Митрополитот Тимотеј се обрати кон присутните верници со пригодна беседа, која ви ја пренесуваме во целост. 

Nike air jordan Sneakers | Air Jordan 1 Retro High OG "UNC Patent Leather" Obsidian/Blue Chill-White UK

 

Митрополит Тимотеј

 

Во името на Отецот и Синот и Св. Дух.

Драги браќа и сестри,

 

Денеска, собрани сме во овој манастирски храм, да отслужиме заупокоена света Литургија, по повод 40 дена од упокојувањето на монахињата Доротеа. Самиот повод ни наметнува тема за животот на секој еден од нас. Човекот, којшто е круна на Божјото творение, создаден е за вечност. Затоа, животот треба да се разгледува тристепено. Најпрво, животот треба да се разгледа како телесен, односно, кога душата престојува заедно со телото. Тој живот е општ за сите. Онака како што општата телесна смрт е подеднаква за сите. За праведните и за грешните.


Вториот живот е живот духовен. Создаден од Божјата благодат, којашто престојува во човекот. Но, гревот го осквернува човекот, и го оддалечува од Бога. „Беззаконијата ваши ве разделија од вашиот Бог, и гревовите ваши прават да го сокрива лицето Свое од вас, за да не слуша" (Ис. 59, 2). Како што гревот го умртвува човекот, така, верата и Божјата благодат го очистуваат, го соединуваат со Бога и го оживуваат. Тогаш може да направиме една споредба. Кога ќе приближиме еден предмет кон светлина, предметот прима врз себе од таа светлина и се осветлува. Така и душата кога се приближува преку вера кон Бога, таа прима од Него светлина и живот. И така се просветлува и оживува од вечно суштествената Светлина и Живот.


Третиот живот е вечниот живот. Погореопишаниот духовен живот е предверие на вечниот живот. Никој нема да влезе во него доколку не воскресне во овој живот со добри дела преку Христовата вера. И така воскреснат ќе му се отворат вратите на вечниот живот. Вечноста е неспоредлива со ниту еден овоземен критериум за долго и кратко. Илјадници години, па и векови, се ништо во споредба со вечноста. Тоа е како зрно песок споредено со морската шир. Но, сите што ќе го напуштат овој свет и живот, нема да отидат на едно место. До праведниот и сеопшт суд Божји, душите ќе поминат во разни пребивалишта, зависно од нивните животи и постапки во овој привремен живот. А по општиот суд, душите ќе бидат упатени, едни од десната страна на Бога Отецот каде што ќе ги ползуваат благодатите Божји, како што се вели: „Што око не виде, уво не чу, ниту на човека на ум му падна, тоа Бог го приготвил за оние, кои Го сакаат" (1. Кор. 2, 9). Во такви духовни наслади вечно ќе престојуваат и векуваат душите на праведните, чесните, светите и сите оние што се труделе да живеат според волјата Божја и според учењето на нашата света вера и нашата света Православна црква. Додека, пак, грешниците, блудниците, гатачи, ќе наследат вечни маки, и „таму ќе биде плач и крцкање со заби" (Мат. 24, 51).


Ние, како христијани, имаме надеж и вера во нашиот Спасител Господ Исус Христос. Во Оној Кој од преголема љубов кон човечкиот род, прими човечко тело и се даде за откуп за нас грешните. Па веруваме, дека со наш труд и со наше застапување во исполнување на волјата Божја, ќе измолиме милост Божја. Та нашиот праведен Судија да има милост кон нас. Да ни ги прости сите наши престапи и гревови и да нè прими како Свои верни деца и да нè награди со вечен и блажен живот.


Денеска, отслужувајќи ја светата Литургија, а во чест на 40 дневен парастос на монахињата Доротеа, да се обратиме со искрена молитва кон Бога. Он да се смилува на нејзината душа и да ги послуша и нашите молитви што денеска ги упативме. Нека ги прости нејзините знаени и незнаени прегрешенија, и нека ја упокои нејзината душа во лоното на Авраама и со останатите праведни.


Нека и е вечен спомен и Бог да ја прости. Амин.

 

40 дневен парастос – монахиња Доротеа
11. 02. 2016
Манастир „Св. Георгиј" – с. Кнежино, Кичево

 

40denaDor 1

40denaDor 2

40denaDor 3

40denaDor 440denaDor 5

40denaDor 6

40denaDor 7

40denaDor 8

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Април 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
30 31 1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 1 2 3