„Иако не можев, како што прилега, да ти испеам песна угодна, отче Прохоре, но ти, светителу, прими го ова мое мало и бедно молење, и сметај го за големо; и кога стоиш со ангелите пред Престолот на Господа, и мене недостојниот спомнувај ме, та, откако ќе ги избегнам замките на лукавиот, да бидам наследник на Царството, и со сите праведници да запеам: Пејте Му на Господа и превозносете Го во сите векови“ (песна од Канонот на Утрена на преподобен Прохор Пчински).

 

На 01.11.2016 година, на споменот на преподобниот отец наш Прохор Пчински, во манастирот „Св. Климент и Пантелејмон“ на Плаошник во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на протоереј-ставрофор Сашо Богданоски, протоереите Никола Христоски и Игор Никовски, свештениците Владо Недески, Љупчо Бакрачески и Зоран Ставрески и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. По завршувањето на Литургијата, беше прекршен празничниот колач, а Митрополитот Тимотеј им подели нафора на верните чеда. Митрополитот Тимотеј се обрати кон присутните со пригодна беседа, која во целост ви ја пренесуваме.

Buy Sneakers | Nike Air Max 270

 

Митрополит Тимотеј

 

Во името на Отецот и Синот и Св. Дух.

Драги браќа и сестри,

 

Денеска нашата света Црква прославува еден пустиножител, односно, го прославува светиот Прохор Пчински. Разни се патиштата кои нè водат кон царството небесно. Сите луѓе повикани сме да бидеме совршени, како што е совршен нашиот Отец Небесен. Но, таа задача малкумина ја постигнуваат. Патот кон царството небесно е трнлив и исполнет со многу препреки, замки, искушенија, маки и страдања. Само најхрабрите и најдостојните успеваат својот избран пат да го изодат до крај и да се удостојат да влезат во царството небесно. Сите патишта имаат свои маки и тешкотии. Но, испосничкиот живот има посебна тешкотија и подвиг кои не можат мнозина да го изодат и да се уподобат на зададената цел.


Во тропарот на св. Прохор се вели: „Жител на пустината и ангел во тело". Овие зборови нè учат и нè упатуваат да видиме каков живот живеел овој пустиник за да постане ангел во тело. Тој поднесувал глад и жед, мраз и жега, без облека и обувки, живеејќи на планината Козјак, каде што се подвизувал. Но, неговата силна вера, исполнета со љубов кон Бога и кон луѓето, испросувала благодат Божја, па и покрај тоа што ги трпел сите овие временски непогоди, тој имал храброст и смелост, духовна и телесна способност сето тоа да го поднесе, и да не отстапи од својот пат на испосништво и на пустиножителство. Уште додека бил жив, св. Прохот Пчински правел чуда, односно, на одделни личности им го претскажувал нивниот пат и нивната слава. Таков е случајот со Византискиот император Диоген.


Иако се поминати скоро IX и пол века од неговото упокоение, неговите свети мошти и денеска привлекуваат безброј поклоници во неговиот свет манастир, каде што наоѓаат утеха, исцеление и помош.


Да се обратиме и ние со искрена молитва кон св. Прохор Пчински, овој ангел во тело да биде наш молитвеник и да ни го покажува патот по кој треба да одиме. Патот кој е тесен и трнлив, но единствен којшто води онаму каде што чезнее секоја христијанска душа.

 

Св. Прохор Пчински
01. 11. 2016 год.
Манастир „Св. Климент и Пантелејмон" – Плаошник, Охрид

 

prepproh2016 1prepproh2016 2prepproh2016 3prepproh2016 4prepproh2016 5prepproh2016 6prepproh2016 7prepproh2016 8prepproh2016 9prepproh2016 10prepproh2016 11prepproh2016 12prepproh2016 13

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Март 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
23 24 25 26 27 28 1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30 31 1 2 3 4 5