На 13.11.2016 година, во својата 81-ва година од животот, се упокои во Господа игуманијата Агнија, која веќе 30 години верно служеше и раководеше со манастирот „Пресвета Богородица - Пречиста“ во Кичево. Последниот поздрав со мати Агнија, започна со света архиерејска заупокоена Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на Митрополитот Повардарски г. Агатангел, архимандритот Нектариј, протоереј Стевчо Тошевски, свештениците Владо Недески, Александар Матески, Љупчо Бакрачески и Роберт Илијевски, еромонахот Ефросиниј, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ероѓаконот Анатолиј. Во попладневните часови, во присуство на многубројни роднини и пријатели на игуманијата Агнија, како и на голем број верници од цела Македонија. беше извршено опелото за мати Агнија. на кое чиноначалствуваше Митрополитот Тимотеј, во сослужение на Митрополитот Агатангел, како и на повеќе свештенослужители од Македонската православна црква - Охридска архиепископија. Митрополитот Тимотеј се обрати кон присутните со пригодно слово и се прости од нашата верна Игуманија, а истото во целост ви го пренесуваме.

Nike air jordan Sneakers | Nike Running

 

Митрополит Тимотеј

 

Во Името на Отецот, Синот и Светиот Дух!
Драги браќа и сестри,


Денеска сме собрани во овој свет манастир, да ѝ одадеме последна почит на нашата драга и сакана игуманија- мајка Агнија, која последниве 30 години од нејзиниот живот, го помина во силно и храбро залагање за возобновување и разубавување на оваа света обител. Можеби на некои од вас им е познат, но, верувам, дека најголем дел од вас не го знаете нејзиниот животен пат.


Мајка Агнија е родена на 22-ри Март 1935 година, во село Клење, општина Богатиќ, Шабац, Република Србија. Како младо девојче, поточно на 18 години, определувајќи се за монашки живот, заминува за искушеничка во манастирот Жича, каде во тоа време, игуманија е нејзината тетка Елена. По некое време, преминува во Шумадиската епархија, односно во манастирот Драча, кој се наоѓа близу Крагујевац. Оттука преминува во манастирот Калениќ, кој се наоѓа во истата епархија, каде прима и монашки потстриг. Долги години потоа, ќе биде во епископската резиденција во Крагујевац, најнапред кај епископот Валеријан, а некое време и кај епископот Сава Вуковиќ.


Во 1986 година, поточно пред 30 години, мајка Агнија доаѓа во оваа света обител, Манастирот света Богородица –Пречиста, каде што ќе го започне својот подвижничко-монашки живот, заедно со тогашната игуманија Салафаила, по род Русинка, која била дојдена од прочуеното сестринство од манастирот Лесна, од каде што се и познатите монахињи, игуманијата Марија и Диодора.


Мајка Агнија ќе го затекне овој свет манастир во една незавидна состојба, со дотраени и руинирани објекти, со мал исклучок на еден дел од епископскиот (владичкиот) конак, кој беше обновен, а сето друго беше или веќе разрушено или беше на работ на распаѓање. Со нејзино натчовечко залагање и ангажирање, но, се разбира, и со помош на благочестивиот народ од Кичево, манастирот Пресвета Богородица Пречиста повторно прерасна во еден вистински бисер, кој блеска со својата убавина, со возобновените конаци кои го опкружуваат манастирскиот комплекс, а уште повеќе со светоста и привлечноста која привлекува многу Боготрагачи, кои наоѓаат утеха, поткрепа и цврстина во нашата света православна вера и надеж во Господа Исуса Христа. Имајќи предвид дека ова е тажен момент, кога сите ние се простуваме од мајка Агнија во овој привремен живот, би биле несправедливи ако ги одминевме и не ги споменевме овие нешта, бидејќи токму таа е една од најзаслужните што придонесе сето тоа да се реализира, а секако за доброто на нашата света вера, Црква и народ. Како Архиереј на МПЦ-ОА, би сакал да истакнам уште една голема добродетел на мајка Агнија. Сите добро знаете дека таа по своето телесно раѓање беше Србинка, меѓутоа, во овие 30 изминати години, таа никогаш не правеше разлика помеѓу луѓето дали е некој Србин, Македонец, Албанец, Турчин или Ром. Сите подеднакво ги примаше, уважуваше и поучуваше, а на моменти знаеше, особено православните, да ги укори со повисок тон. Имавме многу сличности со мајка Агнија, како Архереј и старешина на Пречистанската обител.


Смртта е нешто неминовно. Неминовност стана поради престапот на нашиот прародител Адам, бидејќи се вели: „Плата за гревот е смртта." Кога ќе се исполни времето, таа ги посетува и силните и слабите, и богатите и сиромасите, и добрите и лошите, и старите и младите. Монашкиот живот, пак, е определба да се служи на Бога, а за спас на својата боголика душа. Во богатата христијанска литература, честопати животниот пат се споредува со горење на свеќа. Имено, додека свеќата гори, со милоста Божја, ние се подготвуваме за премин во другиот - блажен и вечен живот. Откако свеќата ќе догори, што значи дека нашиот живот згаснува, ние повеќе немаме можност со нашите постапки, живот и подизи, исповеданија и покајанија да обезбедиме поинаков статус, во задгробниот, односно вечниот и непреоден живот. Покојната мајка Агнија го живееше својот монашки живот повеќе од 60 години, горејќи во буквална смисла како восочна свеќа со подвизи, со молитва и со правење добри дела на секоја христијанска, па и нехристијанска душа која ќе и се обратеше со искрена молитва и прозба, за помош, утеха, совет и било која друга човечка потреба. Таа догоре, го изоди својот пат, сообразно или подобно на она што и свети апостол Павле го вели: „Добро се борев, патот го завршив, верата ја запазив; понатаму ме очекува венецот на правдата, што ќе ми го даде во оној ден Господ, праведниот Судија" (2Тим. 4, 7-8).


На крај, да искажеме искрена благодарност за сè што направи за оваа света обител, за свештенството и монаштвото и за нашиот благочестив православен народ, во сите овие изминати 30 години. Се молиме на Господа Исуса Христа и на Пресветата Мајка Божја да имаат милост кон нејзината душа, да ги почујат нашите молитви и да ѝ подарат вечен и блажен живот во Царството Божјо, на Оној на Кого, безрезервно Го љубеше и Му служеше преку целиот нејзин живот.


Нека ѝ е вечен споменот, и Бог да ја прости.


14.11.2016 год.
Опело на Игуманија Агнија (Јокић)
Свети бесребреници Козма и Дамјан

манастир „Света Пречиста" Кичево

 

Agnija 1Agnija 2Agnija 3Agnija 4Agnija 5Agnija 6Agnija 7Agnija 8Agnija 9Agnija 10Agnija 11Agnija 12Agnija 13Agnija 14Agnija 15Agnija 16Agnija 17Agnija 18Agnija 19Agnija 20Agnija 21Agnija 22Agnija 23Agnija 24Agnija 25Agnija 26Agnija 27Agnija 28Agnija 29Agnija 30Agnija 31

  

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Март 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
23 24 25 26 27 28 1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30 31 1 2 3 4 5