Нa 14.02.2017 гoдинa, вo хрaмoт "Св. Петкa" вo Кaвaдaрци, a нa пoкaнa oд нaдлежниoт Митрoпoлит Агaтaнгел, беше oтслуженa светa aрхиерејскa Литургија, нa кoјa чинoнaчaлствувaше Негoвoтo Висoкoпреoсвештенствo Митрoпoлитoт Дебaрскo-кичевски г. Тимoтеј, вo сoслужение нa Митрoпoлитoт Пoвaрдaрски г. Агaтaнгел, Митрoпoлитoт Брегaлнички г. Илaриoн, кaкo и нa повеќе свештенoслужители. Пo завршувањето нa Литургијата, Митрополитот Тимoтеј се обрати кон верниците сo пригoднa беседa, кoјa интегрaлнo ви јa пренесувaме.

spy offers | Vans Shoes That Change Color in the Sun: UV Era Ink Stacked & More – Pochta News

 Митрополит Тимотеј

Во името на Отецот и Синот и Св. Дух.

Драги браќа и сестри,

Историјата на Христијанската црква нè учи дека и самиот Господ Исус Христос бил презиран, омаловажуван, бркан од синагогите и претрпувал разни непријатности за време Неговото проповедање на словото Божјо. Христос најпрво ќе избере 12 свои ученици и апостоли, кои, ќе ги научи да го проповедаат Евангелието. Тие најпрво ќе го проповедаат Евангелието кај Избраниот народ, а потоа, и кај останатите народи, на сите четири страни на светот. Додека одел низ Палестина, Христос, покрај тоа што го проповедал словото Божјо, правел и многу чуда. Правел чуда, со цел, да ги омекне скаменетите срца на Еврејскиот народ и да ги направи приемливи на Евангелието.


Откако тоа не раѓало доволен плод, Христос, ги испраќа апостолите да го проповедаат Евангелието насекаде. Но, во исто време, ги зацврстува во верата, укажувајќи им да не се надеваат на почести, слави и слично, туку да бидат подготвени на искушенија, маки, страдања, и тоа, на правда, бидејќи самиот Христос вели: „Ако Мене Ме гонеа, и вас ќе ве гонат" (Јн. 15, 20). Оваа вистина ќе биде засведочувана долг временски период. Христијаните ќе претрпат страшни прогони и за секоја непогода ќе бидат осудувани, прогонувани и масовно убивани. Таа вистина и во денешен ден се засведочува. Но, крвта на мачениците ќе биде семе за нови христијани, како што вели Тертулијан, учителот на раната Црква.


Црквата Христова почива, пред сè, на својата Глава, Кој е Господ Исус Христос. Но, исто така, Црквата Христова почива и врз маченичката крв. Врз крвта на Христовите следбеници, кои, ги положиле своите животи за Црквата, за Христа, за правдата и за верата. Нема поголема љубов од таа да се жртвува својот живот за Христа, како што тоа го правеле мачениците. Затоа, тие се овенчале со неовенливи венци во небесната Црква. Во небесната Црква престојуваат пред лицето Божјо, Го слават Бога и се застапуваат за нас, кои, се наоѓаме во оваа воинствена Црква. Во Црквата, каде што се бориме со сите наши слабости и страсти кои нè попречуваат да одиме онаму каде што сме повикани и за што сме создадени, да благуваме во царството Божјо.


Денеска, прославуваме токму еден од таквите Божји угодници, светиот маченик Трифун. Тој, го жртвувал својот живот за Христа Бога. Но, преку тоа, спечалил вечен и блажен живот и има смелост пред престолот Божји да испросува милост и помош на секоја христијанска душа, којашто со вера и со страв Божји му се обраќа за секаква помош.


Свети Трифун, како што знаеме, било сиромашно момче, но обдарен со Божја благодат да лекува секакви болести, како кај луѓето, така и кај стоката. Сето тоа го правел со Божјата благодат којашто била обилно излиена врз него. Тој во средината на III век, поточно во 250 година, својата припадност кон Христовата црква, ќе ја засведочи со својата маченичка смрт.


Па и ние денеска, кои сме собрани во овој свет храм, да се обратиме со искрена молитва кон св. Трифун. Нека се застапи пред Бога да ни се зацврсти верата православна. Да ни се умножи љубовта кон Бога и кон луѓето. Да правиме добри дела и да очекуваме награда од Бога, а тоа е царството небесно. Амин!

Св. Трифун
14.02.2017 година
Храм „Св. Петка" – Кавадарци

 

20170214 092059-3120x175520170214 093007-3120x175520170214 095357-2704x152120170214 095421-2704x152120170214 105646-3120x1755

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Април 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
30 31 1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 1 2 3