„Види, Христовиот воин Го љубеше Христа, зашто со својата ревност и оган ги победи своите непријатели и, најпосле, самиот себе доброволно како добра и благопријатна жртва Му се принесе“ (песна од Канонот на Утрена на Тодорова сабота).

 

На 04.03.2017 година, во првата сабота од Великиот пост - Тодорова сабота, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на протоерејот Никола Христоски, свештениците Горан Ставрески и Ѓорѓи Блажевски, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ѓаконот Сашо Целески. По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Тимотеј се обрати кон многубројниот верен народ, кој со пост и молитва се беше подготвил за соединување со Спасителот во светата Чаша, со пригодна беседа, која интегрално ви ја пренесуваме.

 

Митрополит Тимотеј

 

Во името на Отецот и Синот и Св. Дух.

Драги браќа и сестри,

Нашата света Православна црква нè поучува да се соединуваме со нашиот Спасител Господ Исус Христос. Откако ќе постанеме членови на светата Црква преку светата тајна Крштение, се здобиваме со право да ги ползуваме сите свети тајни и молитвословија. Во сите наши молитви и молитвословија ние општиме со Бог, но, во светата тајна Евхаристија, ние се соединуваме со Бога, каде што преку леб и вино го примаме Телото и Крвта на нашиот Спасител Господ Исус Христос. Самиот Господ Христос, во светото Евангелие вели: „Вистина, вистина ви кажувам: ако не го јадете телото на Синот Човечки и не ја пиете крвта Негова, не ќе имате живот во себе" (Јн. 6, 53).

Светата Црква нè учи постојано да се трудиме да живееме со Христа и во Христа. Но, посебен период е Велигденскиот пост. Период кога Црквата ги удвојува молитвите и ги повикува своите верници на преиспитување и на анализирање на својот живот. Ги повикува да се подготват со пост и молитва и да се соединат со Господа Христа.


Па и ние денеска, кое сме собрани во овој свет храм, а најголем дел сте дојдени да се причестите со Телото и Крвта Христови, да пресечеме секакви престапи и гревови од нашиот живот. Па измиени духовно и телесно, а преку тоа исчистени, да се соединиме со Христа. А Телото и Крвта Христови да ни бидат за спасение и за вечен живот. Амин!

 

Тодорова сабота
04. 03. 2017 год.
храм „Успение на Пресвета Богородица-Каменско" - Охрид

 

todsab2017 1todsab2017 2todsab2017 3todsab2017 4todsab2017 5todsab2017 6todsab2017 7todsab2017 8todsab2017 9todsab2017 10todsab2017 11todsab2017 12todsab2017 13todsab2017 14 

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Април 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
30 31 1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 1 2 3