„Свештената стомна и неисцрпна манна, од пречистата уроба Го излева Господа; сите да нацрпеме од неа, според својата потреба“ (хвалитна стихира на Утрена на Светли Петок).

 

На 21.04.2017 година, во Петокот од Светла седмица- Источен Петок - Балаклија, во храмот „Успение на Пресвета Богородица - Каменско“ во Охрид, беше отслужена света архиерерјска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, протоерејот Никола Христоски, свештениците Љупчо Симиџиески, Ромео Петрески, Димче Азески, Горан Ставрески, Владо Недески, Љупчо Бакрачески и Роберт Илијевски, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ѓаконот Сашо Целески. По завршувањето на Литургијата, беше извршен чинот на Водосвет во Светла седмица и беше прекршен празничниот колач, а Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниот народ со пригодна беседа, која ви ја пренесуваме во целост.

Running sport media | Best Selling Air Jordan 1 Mid Light Smoke Grey For Sale 554724-092

 

Митрополит Тимотеј

Христос воскресе!

Драги браќа и сестри,

Оваа седмица светата Црква го прославува Воскресението Христово. Посебно, пак, Светлиот Петок се прославува на свечен начин. На овој ден црковните песни ја величаат и ја прославуваат светата мајка Божја како извор на вечен живот. Света Богородица, како мајка на нашиот Спасител Господ Исус Христос, има големо значење и улога во нашиот од кон царството Божјо и кон спасението на нашите души. Таа, како мајка на Господа Христа, има огромна смелост да се застапува за сите наши прозби, молби и потреби, за кои ние со вера, надеж и љубов ѝ се обраќаме.


Божјата мајка Го раѓа Господа Христа по плот, односно, Го раѓа Оној Кој не може да Го смести целата вселена и станува Син Човечки. Преку Христа Богородица постанува и наша мајка, а преку тоа, сите ние постануваме браќа и сестри во Христа. Како што секоја вистинска и разумна мајка ги слуша и ги исполнува разборитите барања на своите чеда, така и Богородица ги слуша и ги пренесува нашите прозби пред Нејзиниот Син и наш Бог.


Овој празник уште се нарекува и Источен петок – Балаклија. Во непосредна близина на Константинопол се случило едно чудо, каде што еден Византиски цар, миејќи се на еден извор, ќе прогледа. На тоа место и денес постои црква, односно, манастир со извор. Сите оние, кои приоѓаат со вера, наоѓаат утеха за нивните потреби, како духовни, така и телесни.


Да се обратиме со искрена молитва кон Пресвета Богородица. Таа да ни биде наша молитвеница, скоропослушница и нека ги принесе нашите прозби и молби пред престолот на Севишниот Господ Христос. Да ни ја зацврсти верата и да ни ја умножи љубовта. Само така закрепнати и зацврстени, ќе можеме да одиме по вистинскиот Христов пат. Помогнати од Божјата благодат и водени од Пресвета Богородица да отфрлиме и да отсечиме од нашиот живот секакво зло и да измолиме милост Божја, па да воскресне Христос во нашите срца и во нашите души, сега и во сета вечност. Амин!

 

Источен Петок – Балаклија
21. 04. 2017 година
Храм „Успение на Пресвета Богородица – Каменско" – Охрид

 

svetpet2017 1svetpet2017 2svetpet2017 3svetpet2017 4svetpet2017 5svetpet2017 6svetpet2017 7svetpet2017 8svetpet2017 9svetpet2017 10svetpet2017 11svetpet2017 12svetpet2017 13svetpet2017 14svetpet2017 15svetpet2017 16 

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Април 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
30 31 1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 1 2 3