„Осум дена по Твоето Воскресение, Исусе Цару, Единородно Слово на Отецот, им се јави на Твоите ученици, иако вратите беа заклучени, мирот Твој давајчи им го, и на ученикот кој не веруваше му ги покажа раните: Пријди и допри ги  рацете и нозете, и Моите нетлени ребра. А тој, откако поверува, Ти викаше: Господ мој и Бог мој, слава Ти“ (хвалитна стихира на Утрена на Томина недела).

 

На 23.04.2017 година, во Неделата по Пасха - Томина недела, во храмот „Св. Никола Чудотворец“ Долна маала во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, протоерејот Никола Христоски, свештениците Сашо Ристески и Владо Недески и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Тимотеј се обрати он верниците со пригодна беседа, која интегрално ви ја пренесуваме.

Buy Kicks | Nike Air Max 270 - Deine Größe bis zu 70% günstiger

 

Митрополит Тимотеј

Христос воскресе!

Драги браќа и сестри,

Оваа седмица радосно го прославуваме Христовото Воскресение. Христовото Воскресение го воспеваме со радосни и пофални песни. Се веселиме и духовно и телесно, поздравувајќи се еден со друг, а преку тоа, си ги проштеваме сите наши престапи и грешки. Целата светла недела ја прославуваме како еден ден, како ден незаоден, како еден празник. Денес, пак, го празнуваме повторното обновување на истиот празник на новата седмица. Откако Христос воскресна, овој ден се нарекува ден Господов. Овој ден – неделата, некаде се нарекува и нова, затоа што е прва по Христовото Воскресение. Се верува дека на овој ден ќе воскреснат и мртвите при второто Христово пришествие, нетлено обновувајќи се за царството небесно. Ќе се обноват онака како што се обновува верата на св. ап. Тома, со допирањето на Христовите рани.


Откако воскреснал рано наутро, Христос, доцна вечерта, им се јавил на апостолите. Тие, пак, биле собрани и биле заклучени поради страв од Јудеите. Христос им вели: „Не бојте се" (Мт. 28, 10). Пред да влезе, Христос не тропнал на вратата. Не тропнал за да не ги исплаши, туку, влегол преку заклучена врата за да ги увери дека е Он Самиот. Ако некој праша, како влегол преку заклучена врата, одговорот би бил следниот. Онака, како што помина низ девствената утроба на св. Богородица. Онака, како што оди по морето без да потоне. Онака, како што воскресна од гробот и не ги повреди печатите, така влезе и преку заклучената врата и им рече на апостолите: „Мир вам!" (Јн. 20, 19). Сето тоа го прави за да покаже дека е дојден на Земјата за да воспостави мир помеѓу Бога и луѓето. Тоа го покажуваат ангелите, кои, при Христовото раѓање, ја пеат песната: „Слава на Бога во висините, а на земјата мир и меѓу луѓето добра волја" (Лк. 2, 14).


Откако им дал мир, им ги покажал телесните рани. Со тоа сакал да ги увери дека е воскреснат, со истото тело кое Евреите го приковале на крстот. Им го покажал реброто, од кое потече спасителниот лек за нас од адамовото прегрешение. Тогаш, и апостолите, како и мироносиците, се зарадувале. Како оние на кои прв им рекол „радувајте се". Првото престапување во рајот стана поради жената Ева. Првата радост, пак, им беше соопштена на жените мироносици. Христос два пати вели „мир вам". Со тоа ни дава мир душевен и мир телесен. Ни заповеда да имаме мир, не само со луѓето, туку, и со сопствената совест, бидејќи подобро од мир и од согласие нема. Тогаш им дава и заповед, да го проповедаат Евангелието по целиот свет.


При првото јавување на апостолите, апостолот Тома не бил со останатите. Затоа, Христос повторно им се јавува, покажувајќи им ги рацете и ребрата. На Тома, пак, му вели: „Тома, ти поверува, оти ме виде; блажени се оние, кои не виделе, а поверувале" (Јн. 20, 29).


Драги браќа и сестри, сите ние што сме во храмовите, велиме дека веруваме во Христа. Но, се поставува прашањето. Каква полза ќе имаме од таква вера, ако не се откажеме од нашите беззаконија? Од светото Евангелие и од светоотечката литература знаеме дека и ѓаволот има вера, дури и трепери од Бога, но, кога не прави добро, нема никаква полза од неа. Веруваме, дека Бог ќе им суди на сите што ги нарушуваат Неговите заповеди и кои секојдневно прават лошо, постапувајќи нечесно. Каква е ползата од таквото верување?! Веруваме дека Бог заповедал да ги сакаме сите луѓе, а ние ги мразиме и им правиме зло. Тогаш, каква полза очекуваме од таквото верување? Да не прашуваме, дали им проштеваме на оние што ни погрешиле? И, како очекуваме Бог и нам да ни прости? Таквата вера е празна и не е спасоносна. Како што телото без душа не може да оди, така, и верата, ако не е поткрепена со добри дела, самата по себе не може да ги спаси (Јак. 2, 17).


Да воскресне Господ во нашите души и срца. Да ни даде силна и непоколеблива вера, за да можеме да правиме добри дела и да наследиме вечен и блажен живот во царството Божјо. Амин!
Христос Воскресе!

 

Томина недела
23.04.2017 год.
Храм „Св. Никола" – Долна маала, Охрид

 

tomned2017 1tomned2017 2tomned2017 3tomned2017 4tomned2017 5tomned2017 6tomned2017 7tomned2017 8tomned2017 9tomned2017 10tomned2017 11tomned2017 12tomned2017 13tomned2017 14

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Март 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
23 24 25 26 27 28 1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30 31 1 2 3 4 5