„За твојот славен спомен, Атанасие, ти составуваме песна каква што прилега, но се лишуваме од твоите поголеми по достоинство песни. Затоа просиме да ни дадеш прошка и изобилна благодат на Духот преку тебе“ (песна од Канонот на Утрена на свети Атанасиј Велики).

 

На 15.05.2017 година, денот кога го прославуваме празникот на светиот Атанасиј Велики (летен), во манастирот „Св. Атанасиј Велики“ (ман. „Св. Наум Охридски“) во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, протоерејот Никола Христоски и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. По завршувањето на Литургијата, беше извршен чинот на Мал водосвет и беше прекршен празничниот колач, а Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниците со пригодна беседа, која интегрално ви ја пренесуваме.

Sports brands | Nike Air VaporMax for Men & Women - Buy Online - Ietp

 

Митрополит Тимотеј

Христос воскресе!

Драги браќа и сестри,

За да се постане благопријатен и за да Му се угоди на Бога, неопходни се повеќе услови. Човекот е психофизичко битие, создаден според образот и подобието Божјо. Со гревопадот на нашите прародители, повредена е човековата природа. Поради тоа, тој, по својата природа станува груб, нескротлив, жесток и тежок за служба на својот Бог. Човекот, пред сè, бара да си угоди себеси, на својата волја и на своите интереси, а не на Бога, како на свој Создател. Сето тоа е поради големата зацврстеност на злото во него. Затоа, потребен е голем подвиг за скротување, односно, да се смири и да се успокои човековата свирепост. Така смирувајќи се, ќе постане погоден за служба на својот Господ Бог.


На секој човек кој сака да биде вистински христијанин и да прими вечно спасение во Исуса Христа, неопходен му е подвиг. Преку тој подвиг ќе може да го пресретне секој грев, и нема да допушти гревот да завладее со него, како што вели св. ап. Павле: „Па така и вие сметајте се мртви за гревот и живи за Бога во Христа Исуса, нашиот Господ. И гревот да не царува во вашето смртно тело, за да не им се покорувате на телесните наслади; и не дозволувајте вашите органи на гревот да станат орудија на неправдата, туку препуштете се на Бога како оживеани од мртвите, а органите ваши да станат орудија на правдата" (Рим. 6, 11-13). Верата на христијаните треба да се отсликува во зборовите на светиот апостол Јаков: „Но може некој да рече: «ти имаш вера, а јас имам дела». Покажи ми ја верата своја без дела, а јас ќе ти ја покажам верата своја од моите дела" (Јак. 2, 18). Христијаните треба да Го слушаат Бога, во Кого што веруваат, а не да му се покоруваат на гревот. И така, треба да живеат за Бога, а не за гревот. Тоа од нас го бара светото крштение, преку кое човечката природа е обновена за свет христијански живот. Тоа е нашиот завет кон Бога, кој го дадовме за време крштението. Тој завет е дека преку вера и правда ќе Му служиме. Тоа зборува дека ние повеќе треба да се трудиме за спасение на нашата душа, заради кое, и нашиот Спасител се овоплоти, постанувајќи Човек.


Како што кажавме на почетокот, човекот е психофизичко битие. Телото е создадено од земја, односно од материја, која е пропадлива. Додека, пак, душата е духовна и вечна. Затоа, човекот повеќе треба да се труди за неа, а со тоа, се труди за вечноста. Грижата за душата се изразува преку живеењето со вера, пропратено со добри дела. Само тогаш ќе може да се надеваме дека ќе ги оствариме вечните и непреодни добрини: „Што око не виде, уво не чу, ниту на човека на ум му падна, тоа Бог го приготвил за оние, кои Го сакаат" (1. Кор. 2, 9).


За да се постигне преобразба на внатрешната човекова состојба, неопходен е сериозен подвиг. Кога ќе настапи преобразба на срцето, односно на човековата внатрешност, тогаш, срцето започнува да раѓа дела, зборови и живот кои соодветствуваат на таквото срце. Како што од чист извор тече чиста вода, или како што доброто дрво раѓа добри плодови, така и чистото срце раѓа добри желби и добри дела. Само тој живот Му е мил и угоден на Семилостивиот Бог. И покрај тоа што човекот е обдарен со благодатта Божја, која нè поткрепува и ни дава сила и енергија да можеме да се справиме со искушенијата, слабостите и страстите, сепак, потребен е и наш труд и подвиг. Живеејќи во подвиг, ќе може достојно да го носиме името христијани, надевајќи се на милост Божја, за ја да оствариме зададената ни цел, а тоа е, да бидеме совршени христијани, онака, како што вели Евангелието: „Бидете совршени, како што е совршен вашиот Отец небесен" (Мт. 5, 48).


Денеска го прославуваме светиот Атанасиј Велики. Го прославуваме оној кој ни дава пример како се живее во подвиг. Оној кој претрпел големи страдања заради верата и заради вистината. Оној кој бил учесник на Првиот вселенски собор, и кој дал најголем придонес во изобличувањето на погрешното аријанско учење и во формулирањето на догмата. Но, и покрај сите овие негови заслуги, тој, половина од своето епископување, ќе го помине во заточеништво, прогонство и во мака. Затоа, Бог го прослави и веќе XVII века светата Црква го прославува како голем подвижник и угодник Божји. Ние, пак, се молиме тој да биде наш молитвеник и водител во подвизите, за доброто на нашата душа, сега и во сета вечност. Амин!

 

Св. Атанасиј Велики
15.05.2017 год.
Манастир „Св. Атанасиј Велики" – с. Љубаништа

 

svatanlet2017 1svatanlet2017 2svatanlet2017 3svatanlet2017 4svatanlet2017 5svatanlet2017 6svatanlet2017 7svatanlet2017 8svatanlet2017 9svatanlet2017 10svatanlet2017 11svatanlet2017 12svatanlet2017 13

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Март 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
23 24 25 26 27 28 1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30 31 1 2 3 4 5