„Со твоите непрестајни молитви и молби, си го истерал мракот на страстите од душата, и си го очистил видот на твојот ум, Сисое. Затоа се удостои пророчки да ја гледаш иднината, набожно пеејќи: Луѓе, превозносете Го Господа во вековите“ (песна од Канонот на Утрена на преп. Сисое Велики).

 

На 19.07.2017 година, на празникот на преп. Сисое Велики, како и по повод големиот Јубилеј 50 години од одржувањето на Третиот Црковно-народен собор, на кој е донесена одлуката за прогласување автокефалност на Македонската православна црква, во храмот „Пресвета Богородица Перивлепта“ во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, протоерејот Никола Христоски, свештениците Димче Азески, владо Недески, Љупчо Бакрачески и Роберт Илијевски, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ѓаконот Сашо Целески. По завршувањето на Литургијата, беше отслужена Панихида за сите упокоени учесници на Третиот Црковно-народен собор, а Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниот народ со пригодна беседа, која интегрално ви ја пренесуваме. 

Authentic Nike Sneakers | adidas Yeezy Boost 350

 

Митрополит Тимотеј

Во името на Отецот и Синот и Св. Дух.

Драги браќа и сестри,

Св. Кипријан Картагински вели: „Каде што е епископот таму е и Црквата". Оваа доктрина е развивана во долгата дваесетвековна традиција на Христовата црква. Но, истата се дополнува, односно, каде што е народот, возглавуван од својот архиереј, тоа е полната и вистинската Црква Христова, а глава на Црквата е Самиот Господ Исус Христос.


Пред педесет години, во овој свет храм, САС на МПЦ возглавуван од Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Доситеј, и од членовите на Синодот, Преспанско – битолскиот Митрополит г. Климент, Злетовско – струмичкиот Епископ г. Наум, Величкиот Епископ г. Методиј и Америчко – канадско – австралискиот Епископ г. Кирил, ја донесоа историската одлука за автокефалниот статус на славната Охридска архиепископија, во лицето на Македонската православна црква. Овој историски ден се случил точно после двесте години од нејзиното неканонско укинување од страна на иноверната турска власт, а потпомогната од фанариотските интриги и интереси. Желбата за возобновување на Охридската архиепископија, во целосен независен автокефален статус, никогаш не исчезнала. Многу архиереи кои потекнуваат од словенски род, правеле најразлични обиди за враќањето на достоинството на Охрид, како една значајна метропола, која е присутна уште во првите векови на христијанството на Вселенските и на Помесните собори. На нејзиниот престол столувале многу силни поглавари, учени богослови, големи дипломати, подвижници и учители на нашиот род. Многумина поради нивното застапување за возобновување на автокефалниот статус биле отстранувани од нивните катедри, праќани во заточение, а некои, пак, биле убивани. Желбата, во двата века на духовно и физичко ропство не престанувала да свети, кога посилно, кога послабо. Но, точно, по два века од укинувањето, на Третиот црковно народен собор, во „Св. Софија Охридска" се возобнови автокефалниот статус на древната Охридска архиепископија. Со самото прогласување, Синодот донесува одлука за возобнување на Охридската епархија, најпрво под името Величка, а идната година ја преименува во Дебарско – кичевска. Тогаш, се формира и епархија за дијаспората, за Америка, Канада и Австралија. Благоразумните архиереи и членови на Соборот носат уште една историска одлука, односно, да се отвори средното богословско училиште за создавање кадри на Македонската православна црква. Истото ќе започне да работи во октомври во конаците на манастирот „Горен св. Илија" – с. Бањани, Скопје, а потоа, истото се префрли во Драчево, каде што и денеска функционира.


Служејќи ја денешната света Литургија во овој свет храм, сакаме да им искажеме благодарност на сите архиереи за нивната мудра одлука за возобновување и заживување на Охридската архиепископија. Им искажуваме благодарност и на сите соборјани на Црковно – народниот собор кои истата ја прифатија со акламација. Дека одлуката била исправна и мудра, го потврдува севкупниот наш народ, кој истата ја прифати тогаш а и денес, нешто што се гледа на секој чекор, и на секоја Литургија. Нека им е вечен споменот. Искрена благодарност за сè што направиле пред половина век.


Да се обратиме со искрена молитва кон нашиот патрон св. Климент Охридскиот Чудотворец. Тој нека ја заштитува и закрилува нашата црква, архиереите на истата, свештенството, монаштвото и верниот народ. Нека измоли милост од Бога, па час поскоро да биде призната како рамноправна во семејството на останатите Православни цркви. Амин!

 

Преподобен Сисое Велики
19. 07. 2017 година
Храм „Св. Богородица Перивлепта" - Охрид

 

prepsisoe2017 1prepsisoe2017 2prepsisoe2017 3prepsisoe2017 4prepsisoe2017 5prepsisoe2017 6prepsisoe2017 7prepsisoe2017 8prepsisoe2017 9prepsisoe2017 10prepsisoe2017 11prepsisoe2017 12prepsisoe2017 13prepsisoe2017 14prepsisoe2017 15prepsisoe2017 16prepsisoe2017 17prepsisoe2017 18

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Април 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
30 31 1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 1 2 3