„Богомудри луѓе, соберете се, зашто скинијата на Божјата слава, од Сион се преселува во небесното живелаиште, каде што се слуша чистиот глас на тие што празнуваат, гласот на радоста неискажлива, на оние што весело му пеат на Христа: Најпрославен Боже на татковците, и наш, благословен си“ (песна од Канонот на Утрена на Успение на Пресвета Богородица).

 

Дојдете луѓе да ја прославиме неуморната во молитвите Богородица и бедемот на светот, која што ниту гробот, ниту смртта не ја задржаа, зашто како Мајка на Животот, денес се преселува кај Животот, нашиот Спасител и нејзиниот Син. Токму тоа вселување на Светињата во светите, денеска го прославивме со радост и песни, заедно со ангелите, кои го воспеваат Успението на Пречистата Дева. 

 

На овој светол и велик ден, на 28.08.2017 година, во храмот „Успение на Пресвета Богородица - Каменско“ во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, протоереј-ставрофорите Никола Христоски и Игор Никовски, свештениците Љупчо Симиџиески, Ромео Петрески, Димче Азески, Горан Ставрески, Ѓорѓи Блажевски и Љупчо Бакрачески, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ѓаконот Сашо Целески. Овој ден и оваа света Литургија ќе останат засекогаш запаметени за нашиот брат во Христа Александар Димоски од Охрид, кој денеска, од раката на Митрополитот Тимотеј, беше ракоположен во ѓаконски чин. Александар Димоски е роден во Охрид, каде што и го завршува основното образование. Потоа се запишува во МПБ „Св. Климент Охридски“ во Скопје, а високо образование завршува на Богословскиот факултет во Солун. Моментално е на постдипломски студии на истиот факултет, а вработен е како професор во Средното богословско училиште во Скопје. Од името на целата епархија и нашиот Митрополит, му го честитаме ѓаконскиот чин на Александар, со молитви кон Бога, вистински, со љубов и долгоденствено да Му служи на нашиот Создател, на Неговата света Црква и на нашата света Македонска православна црква. Оваа Литургија ќе остане запаметена и за свештеникот Љупчо Симиџиески, кој од раката на Митрополитот Тимотеј беше произведен во протоерејски чин. Од името на целата епархија му го честитаме чинот и на отец Љупчо.

 

Buy Sneakers | New Balance 991 Footwear

 

По завршувањето на Литургијата, беше извршен чинот на Мал водосвет и беше прекршен празничниот колач, а Митрополитот Тимотеј се обрати кон многубројниот верен народ со пригодна беседа, која интегрално ви ја пренесуваме.

 

Митрополит Тимотеј

Во името на Отецот и Синот и Св. Дух.

Драги браќа и сестри,

 

Денеска нашата света Црква го прославува последниот голем празник во календарската година, поточно, го прославуваме Успението на Приснодева Марија. Ова не е случајно. Сѐ што се случува во црковниот календар има длабока смисла и значење за сите христијани. Знаеме дека на 1. септември започнува Новата црковна година. На денешен ден света Богородица го завршила својот земен живот. Акцентот Црквата не го става на смртта на Богородица, туку, на нејзиното успение или заспивање и на нејзиното издигнување на небото. Ние, како Црква, од неа немаме свети мошти, бидејќи нејзиното тело е издигнато на небото. Преку тоа, и нас нѐ уверува дека преку Божјата благодат и материјалниот свет ќе биде способен да се преобрази во нова реалност која вечно постои.

Од Светото писмо знаеме дека на крајот на светот ќе бидат ново небо и нова земја (Откр. 21, 1). Не се вели, нема да постои земја и небо, туку ќе бидат нови. Не е речено дека нема да постои никакво материјално опкружување на човековиот живот, туку, речено е дека ќе биде ново небо и нова земја. Св. Дева Марија со телото е вознесена на небото, а преку тоа, ни сведочи дека со силата Божја, она што е неразбирливо за нас во материјалниот свет, ќе биде способно да се преобрази во идниот век, односно, во царството небесно.

Светата мајка Божја, како небесна царица, како онаа што Го родила Господа Исуса Христа, има најголема сила и моќ да го разбере човечкиот род. Да ги разбере сите страдања, болести и непријатности. Како што секоја мајка најдобро го разбира своето дете и која знае каква потреба има нејзиното дете, така, и нашата семајка најдобро нѐ разбира. Но, не само што нѐ разбира, туку, подготвена е да содејствува и да моли милост пред нејзиниот Син и нашиот Спасител Господ Христос. Нема ни еден светител, ни еден ангел и архангел кој може така да нѐ разбере и целосно да нѐ сфати, како што може мајката Божја.

Да се обратиме со искрена молитва кон Пресвета Богородица. Таа да биде наша покровителка, патеводителка, заштитничка и да ходатаи пред престолот на Севишниот. Да ни ја утврди нашата православна вера. Да ни ја умножи љубовта христијанска. Да ни ја зацврсти надежта, па да одиме по вистинскиот Христов пат, којшто е тежок и трнлив, но единствен кој води во царството небесно. По молитвите на св. Богородица, така нека биде. Амин!

 

Успение на Пресвета Богородица

28. 08. 2017 година

храм „Успение на Пресвета Богородица – Каменско" - Охрид

 

golbog2017 1golbog2017 2golbog2017 3golbog2017 4golbog2017 5golbog2017 6golbog2017 7golbog2017 8golbog2017 9golbog2017 10golbog2017 11golbog2017 12golbog2017 13golbog2017 14golbog2017 15golbog2017 16golbog2017 17golbog2017 18golbog2017 19golbog2017 20golbog2017 21golbog2017 22

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Април 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
30 31 1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 1 2 3