„Богородице Дево, ти си Гората од Духот оплодена, која Авакум ја виде како на верните им точи сладост целебна. Исцели нè и нас кои на твојот Син Му викаме: Благословен е Бог на нашите татковци“ (песна од канонот на Утрена на Покров на Пресвета Богородица).

 

На 14.10.2017 година, на денот кога го прославуваме празникот Покров на Пресвета Богородица, во капелата посветена на овој празник во Митрополитската резиденција во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на свештениците Ѓорѓи Блажевски и Љупчо Бакрачески и ѓаконот Сашо Целески. По завршувањето на Литургијата, беше извршен чинот на Мал водосвет и беше прекршен празничниот колач, а Митрополитот Тимотеј се обрати кон верните чеда со пригодна беседа, која интегрално ви ја пренесуваме. 

Sports News | Air Jordan 1 Retro High OG 'University Blue' — Ietp

 

Митрополит Тимотеј

 

Во името на Отецот, Синот и Светиот Дух!

Драги браќа и сестри,

За среќен се смета оној човек, кој има добра и срдечна мајка. За него, секогаш постои искрена љубов од срцето на мајката, како и учтиви и мили зборови од незината уста. Околу него, секогаш има добар учител, чувар на неговата чесност и пазител на неговите морални вредности. Но, тоа не е се, уште само колку повеќе се принесуваат и топли и усрдни молитви од устата на мајката кон Севишниот Бог, за својата рожба. Таа бдее постојано над своето дете, и во радост и во жалост, таа е прва која притекнува на помош. Дури и на завршетокот на животот, кога се разделува од овој свет, таа не престанува да мисли на својата рожба. Во лицето на мајката, секој има ризница која по никаков начин не може да се спореди со било која вредност во светот.


Наспроти ова, луѓето што ќе останат во младоста без мајка, преживуваат огромни болки, страдања и маки. Ние со таквите луѓе сочувствуваме, и ги нарекуваме сираци. Но, Светата Православна Црква нè учи дека, за Бога ниту било, ниту може да биде некој сирак, бидејќи сите ние сме деца Божји. Ние за наша мајка ја имаме Небесната Мајка, односно Пресвета Богородица, која е мајка на севкупниот христијански род. Таа е света, драга и силна, таа ги љуби сите, плачејќи со оние што плачат, боледувајќи со оние што боледуваат, секогаш е подготвена како Небесна Царица да ги услиши и да возврати на сите молби, како нежна и грижлива мајка.


При нејзиниот земен живот, Пресвета Богородица ги видела сите овоземни маки и страдања. Мечот на страдањата не еднаш ја прободел нејзината душа, и не еднаш и причинувале рани на нејзиното непорочно срце. Таа видела како нејзиниот Син, кој е Создател на небото и земјата, а бивајќи младенец немал каде да ја приклони главата туку се раѓа во јасли во пештера. Таа го видела предавството, понижувањето плукањето и шлаканиците на својот Син - Господ Исус Христос, а на крај осудата и распнување на крст заедно со разбојници. Таа го гледала својот Син, како му ставаат трнов венец на главата, а од неа протекувала Негова пречистата крв. Ги преживеала сите маки и страданија на својата рожба. После нејзиното Успение, Пресвета Богородица се преселила во Царството Божјо, и седи од десната страна на Господа Исуса Христа. Таа е почесна од херувимите и серафимите, пред неа се поклонуваат сите небесни сили - ангели и архангели на небото, а на земјата ја слави сиот човечки род, односно сите христијани.


Таа доживува толку голема радост и блаженство, кое ние луѓето не можеме да го претставиме со нашите ограничени умови. Но таа, пребивајќи во таква радост и блаженство во царството небесно, не ги заборава зборовите на својот Син под крстот кој вели: „Жено, ете ти син!"(Јн. 19: 26) во лицето на свети апостол и евангелист Јован Богослов, а на апостолот му вели: „Ете ти мајка!(Јн. 19:27). Преку овие Господови зборови ние христијаните, сме посинети (посвоени) од Мајката Божја, а таа како царица небесна и од небесни височини, не престанува да се грижи за земната Црква Христова.


Нејзиниот земен живот ја прекалил да ги знае сите маки и страдања на родот христијански, па затоа и секогаш е подготвена да притекне на помош на секоја душа христијанска, која со искрена молитва и цврста и непоколеблива вера се обраќа, пред се кон Господа Исуса Христа, но и кон неа, која може да посредува и застапува за човечките барања и молби. Се вели дека, свети Андреј Јуродиви кој бил удостоен да се искачи во Царството Небесно, и ги видел сите небесни чинови и Божји угодници, но притоа не ја нашол Мајката Божја, го запрашал ангелот водител каде е Пресвета Богородица, а тој му одговорил дека таа е на земјата, и помага на луѓето кои ја повикуваат на посредништво.


Денеска го празнуваме споменот на Покровот на Пресвета Богородица, еден историски настан кој се случил во Цариград, кога градот бил нападнат од Турците, а Византија во тоа време немала сила да го одбрани градот, навидум изгледало дека се изгубени сите надежи. Но, тогаш верниот народот, се собира во Црквата во Влахерна, каде се моли усрдно на Пресвета Богородица. Во црквата имало многуброен народ, богати и сиромаси, млади и стари, учени и прости. Сите знаеле дека со земната помош и одбрана е завршено, и утре ги чека пустош од страна на непријателот. Нема сомнеж дека луѓето се молеле искрено и сеодајно на Пресвета Богородица. Во народот што бил собран и се молел бил и свети Андреј Јуродив, заедно со ученикот Епифаниј. Само овие две блажени души, биле удостоени да ја видат Богородица, како го простира својот омофор и го заштитува градот од налетот на турската војска. Благодарение на нејзината покровителската дејност, турската војска се повлекува и градот се избавува од налетот на војската.


Овој пример, нè поучува сите нас, дека Богородица посредувала во заштита на градот, не само по своја желба или по нечија наредба, туку како одговор на силната и непоколеблива вера на луѓето кои се молеле и барале заштита од неа. Така и ние да не забораваме дека е потребна силна молитва, и искрена и непоколеблива вера, и само тогаш ќе можеме да очекуваме помош од Бога, а со посредништво на Мајка Божја и сите угодници.


Покровот на Мајката Божја, нека нè закрилува и запазува и нас од секое зло, сега и во сета вечност. Амин!

 

14.10.2017 год.

Капела во Митрополитска резиденција
„Покров на Пресвета Богородица", Охрид

 

pokrov2017 1pokrov2017 2pokrov2017 3pokrov2017 4pokrov2017 5pokrov2017 6pokrov2017 7

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Март 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
23 24 25 26 27 28 1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30 31 1 2 3 4 5