„Христе Боже, за да нè увериш во општото воскресение, пред Твоите страдања, го воскресна Лазара од мртвите. Затоа и ние, носејќи како децата знаци на победата, Ти викаме Тебе, Победителу на смртта: Осана во висините! Благословен е Оној што иде во името Господово!“ (тропар на Воскресение Лазарево).

 

На 21.10.2017 година, на денот кога го прославуваме споменот на преп. Пелагија, преп. Таиса и на св. мч-чка Пелагија, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј го освети храмот „Воскресение Лазарево“ на Градските гробишта во Охрид. Храмот започна да се гради на 29 август 2004 година, по иницијатива на иницијативниот одбор на чело со Митрополитот Тимотеј, а се изгради со особен финансиски придонес на компаниите „Митан-пром“ од Охрид, на чело со г-дин Перо Митан и на „Ремис“ од Охрид, на чело со г-дин Бошко и г-ѓа Олга Илоски, како и со финансиски средства од Дебарско-кичевската епархија Охрид. По осветувањето, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Митрополитот Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, протоереј-ставрофорите Никола Христоски, Сашо Богданоски, Димче Ѓорѓиески и Игор Никовски, протоерејот Љупчо Симиџиески, свештениците Кирил Јованоски, Димче Азески, Горан Ставрески, Владо Недески, Ѓорѓи Блажевски и Љупчо Бакрачески, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ѓаконот Сашо Целески. По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниците со пригодна беседа, која интегрално ви ја пренесуваме. 

latest jordans | Nike

  

Митрополит Тимотеј

Во името на Отецот, Синот и Светиот Дух!

Драги браќа и сестри,


Денеска се наоѓаме во новиот дом Божји посветен, а денес и осветен во чест на светиот Лазар- четвородневен. Храмот Божји е место каде престојува Божјата благодат, односно самиот Господ Исус Христос. Храмовите се места, каде што ние како христијани и верни чеда се сретнуваме со нашиот спасител Господ Исус Христос. Ние се сретнуваме со Него во нашите молитви, но исто така и се соединуваме со Него преку светите тајни, особено во светата Евхаристија, каде преку лебот и виното со благодата Божја претворени во Тело и Крв Христови, ние се осветуваме и просветуваме со силата на таа Благодат Божја.


Овој свет Храм е подигнат во новите охридски гробишта, и во иднина ќе служи, пред сè, за последно молитвено испраќање на нашите блиски браќа и сестри, односно оние кои ќе го завршат нивниот овоземен пат, и ќе се преселат во идниот свет и живот. Во денешното евенгелско зачало прочитано на Литургијата, ги слушнавме Христовите зборови: „Дојдете при Мене сите изморени и обременети, и Јас ќе ве успокојам"(Мт.11: 28) Преку овие зборови, светата Црква нè поучува дека, да се биде христијанин и да се следи Господ Исус Христос, не е тешко, а уште помалку е страшно. Сечиј живот е исполнет со разни искушенија, болести, маки и страдања, но ако имаме силна и непоколеблива вера во Бога, истите ќе можеме да ги надминуваме, бидејќи Божјата благодат ќе биде со нас, и ќе нè поткрепува за да можеме истите да ги пребродиме. Како што и Самиот наш Спасител Господ Исус Христос вели: „Земете го Мојот јарем на себе и поучете се од Мене, бидејќи сум кроток и смирен по срце, и ќе најдете мир за душите ваши."(Мт. 11: 29)


Да се следи, односно да се оди по Христа Господа, првенствено е потребно, ние како христијани да се откажеме од стариот човек, односно да се облечеме во нов - Новозаветен. Тоа подразбира, да ги оставиме старите навики, сите гревови и пороци, како што се гордоста среброљубието сла-вољубието, сладострастието, гневот, злобата, омразата, и страстите да ги замениме со смирението, трпението, кротоста и љубовта Христова. Најдобар пример за тоа претставува самиот Господ Исус Христос, Он се смири и понизи заради нас, и ја положи за нас душата своја (1Јн. 3: 16). Христос претходно ни покажа што значи смирение и кротост, ни го покажа патот од земјата кон небото, па ете зошто треба него да го следиме и да врвиме по тој Негов пат, па откако ќе се откажеме од стариот гревовен човек да го следиме Началникот и Завршителот на Верата- Исуса (Евр. 12: 2).


Денеска, исто така го прославуваме споменот на света Пелагија. Нејзиниот животен пат нè поучува, на можноста секој еден од нас да се поправи, измени и уподоби на законот Божји. Ова Божја угодничка, потекнувала од богато семејство, а од Бога била надарена со ретка убавина, која за жал во младите години ја ползувала за разврат и неморално живеење. Благодарение на еден епископ на градот Илијапол, по име Нон, истата била воведена во христијанството и била крстена. Во процесот на поучување во христијанската верата многу и помогнала некоја ѓакониса по име Романа. Откако се запознала и проникнала во убавините на христијанската вера, ги осознала своите гревови, и престапи, се упатила во Ерусалим, каде што се затворила во една испосничка келија во близина на еден машки манастир. Братството на манастирот се грижело за незина храна, која ја добивала еднаш неделно. Оваа Божја угодничка, поминала долги години во испосништво и подвиг, плачејќи и каејќи се за своите гревови, а според многумина по подвиг се уподобила на светата Марија Египетска. Овој пример, нека ни послужи на сите нас, да излеземе пред Господа Исуса Христа, со подвиг и покајание, и да побараме прошка за нашите гревови и престапи, од Оној, Кој со својата љубов и милост, може да прости секое наше прегрешение.


Од денес, како што споменавме, сите ние христијани кои живееме во град Охрид, ќе можеме, онака како што и доликува, своите најмили да ги испраќаме и молитвено да се простуваме од нив, во овој храм. Амин!

Ја користам оваа прилика, за да им се заблагодарам на поранешниот градоначалник на општина Охрид, г-дин Александар Петрески, кој даде свој придонес за да се најде место и да се започне градењето на овој свет храм, како и на г-дин Перо Митан и г-дин Бошко Илоски, кои дадоа свој финансиски придонес за изградбата на овој свет храм. Господ Бог, на сите кои помогнале и дале свој придонес при изградбата на овој свет храм, стоструко да им врати и секогаш да ги води по патот на Неговите заповеди. Амин.     

21. 10. 2017 год. 

храм „Воскресение Лазарево“

Градски гробишта, Охрид

 

osvvosklaz2017 1osvvosklaz2017 2osvvosklaz2017 3osvvosklaz2017 4osvvosklaz2017 5osvvosklaz2017 6osvvosklaz2017 7osvvosklaz2017 8osvvosklaz2017 9osvvosklaz2017 10osvvosklaz2017 11osvvosklaz2017 12osvvosklaz2017 13osvvosklaz2017 14osvvosklaz2017 15osvvosklaz2017 16osvvosklaz2017 17osvvosklaz2017 18osvvosklaz2017 19osvvosklaz2017 20

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Март 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
23 24 25 26 27 28 1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30 31 1 2 3 4 5