„Ние составуваме песна во слава на твојот спомен, колку што можеме. Но, до крајност лишени од песна достојна за тебе, Атанасие, бараме да ни дадеш прошка и изобилна благодат на Духот преку тебе“ (песна од Канонот на Утрена на свети Атанасиј Велики).

 

На 05.11.2017 година, во Дваесет и втората недела по Педесетница, беше извршено преосветување на храмот „Св. Атанасиј“ во Неготино. Свеченостите започнаа ден порано, со Воскресна вечерна богослужба, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Повардарски г. Агатангел, протоереј-ставрофор Киро Ристов, протоерејот Воислав Ѓорѓиев, свештениците Лазо Павлов, Тане Величковски, Мартин Деневски и Сарафче Иванов, протоѓаконот Влатко Стоименов и ѓаконите Васил Ристовски, Душан Делов и Влатко Велевски. По завршувањето на Вечерната богослужба, Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниот народ со пригодна беседа, која подолу во целост ви ја пренесуваме.

latest Running | Air Jordan Sneakers

Прославата продолжи утредента, кога беше преосветен храмот „Св. Атанасиј“, а потоа беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Митрополитот Преспанско-пелагониски и Администратор Австралиско-новозеландски г. Петар, во сослужение на Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, Митрополитот Повардарски г. Агатангел  и Митрополитот Брегалнички г. Иларион, протоереј-ставрофорите Киро Ристов, Никола Грамбозов, Трајче Петковски, Горан Панзов и Никола Христоски, протоереите Борислав Лазов, Мики Миовски и Борислав Бобевски, свештениците Зоран Копчаревски, Лазо Павлов, Тане Величковски, Мартин Деневски, Љупче Миланов, Сарафче Иванов и Дарко Милев, протоѓаконите Саше Ристов и Влатко Стоименов и ѓаконите Васил Ристовски и Душан Делов. По завршување на Литургијата, Митрополитот Петар се обрати кон верниот народ со пригодно слово. 

 

Во продолжение ви ја пренсуваме беседата на Митрополитот Тимотеј. 

 

Митрополит Тимотеј

 

Во името на Отецот и Синот и Св. Дух.

Ваше високопреосвештенство, пречесни отци, драги браќа и сестри,

 

Ми причинува особена чест, што ми е дадена можноста да ја отслужам оваа вечерна богослужба, во реновираниот и целосно преуреден свет храм, посветен на св. Атанасиј Велики. Самиот настан ја поставува својата тема, за што треба денес, на оваа вечерна богослужба, да говориме. Тоа, пред сѐ, е домот Божји, или како што ние го нарекуваме – храм.


Храмот е место во кое постојано престојува Божјата благодат. Секое место, за коешто се вели дека Бог престојува во него, може да се нарече дом на Живиот Бог, бидејќи домот е место за престојување. Но, најмногу, молитвените храмови, кои се прават со посредството и со љубовта на благочестивиот народ, се нарекуваат вистински домови Божји. Само во нив се извршува богослужение кое единствено Му приличи на Бога. Токму со таа цел тие се градат и се осветуваат. Во нив се извршуваат свештенодејствија. Се извршуваат светите тајни. Се исполнуваат песнословија. Во нив се упатуваат благодарствени славословија кон Бога. Во храмот се принесува бескрвната жртва на Небесниот Отец, односно Евхаристијата, во којашто и ангелите сакаат да проникнат (1. Петр. 1, 12). Преку светата Евхаристија, во Телото и Крвта Христови, ние се соединуваме со Бога, а преку Светиот Дух се осветуваме.


Ете зошто ние христијаните правиме нови, обновуваме стари, ги украсуваме и преуредуваме нашите цркви и манастири. Затоа ние во нив одиме, влегуваме, се молиме и ги оставаме сите овоземни грижи пред домот Божји и ја отвораме нашата душа и срце пред нашиот Создател, Промислител и Спасител. Во домот Божји секој христијанин кога влегува, влегува со почит и страв Божји. Влегува онака како што одиме на некој прием кај некој значаен и важен човек, од когошто зависиме, па внимаваме на сите наши постапки, на сите наши зборови, и внимаваме како да се однесуваме достоинствено и со уважување. Додека, пак, во храмот влегуваме пред нашиот Создател, пред Бога, пред Творецот на небото и земјата, на сѐ видливо и невидливо. Ние, во храмот, пред Бога ги изговараме најтаинствените нешта, коишто не би ги изговориле пред никого во овој свет, бидејќи знаеме дека нашиот Бог е милостив и подготвен е да ги слушне сите наши гревови, престапи и отстапки. Доколку искрено и молитвено бараме прошка за сите наши гревови, коишто сме ги направиле од младоста, па сѐ до староста, Бог е подготвен да ни прости, како што се вели и во параболата за блудниот син. Но, за тоа е потребна наша подготвеност, наша спремност и искрено и вистинско покајание. Покајанието, пак, значи признавање на своите престапи и желба да се поправиме, да го измениме нашиот начин на живеење и да бидеме подготвени да живееме според начелата на нашата вера и учењето на нашата света Православна црква.


Св. Ефрем Сирин вели: „Никој не се сопнува, кого Бог го поддржува". Тоа значи дека на нашиот животен пат, во решавање на нашите животни проблеми, ние не се сопнуваме кога нас Бог нѐ поддржува. Но, тоа истото се однесува и на нашиот духовен пат, на нашето духовно растење и издигнување, бидејќи повикани сме да се искачуваме од оваа долина на плачот кон небото, кон височините на возвишеното, на праведното и на светото. Ние со нашите сопствени сили, колку и да се трудиме и какви енергии да употребуваме, без Божја помош, односно без Неговата благодат, нема да можеме да се одлепиме од материјалното и да се издигнеме кон небесните височини, за кое сме повикани и создадени, односно, да бидеме свети како што е нашиот Отец Небесен (1. Петр. 1, 16).


Па и овој свет храм, посветен на св. Атанасиј Велики, нека биде дом за молитва и за раздавање на Божјите дарови на сите коишто ќе влегуваат во него. Нека ги очистува, осветува и просветлува благодатта Божја, па да се издигнуваат кон царството небесно, сега и во сета вечност, а по молитвите на св. Атанасиј, така нека биде. Амин!

 

Вечерна - Преосветување храм „Св. Атанасиј Велики" - Неготино
04. 11. 2017 година
Храм „Св. Атанасиј Велики" – Неготино

 

Negotino 2017 1Negotino 2017 2Negotino 2017 3Negotino 2017 4Negotino 2017 5Negotino 2017 6Negotino 2017 7Negotino 2017 8Negotino 2017 9Negotino 2017 10Negotino 2017 11Negotino 2017 12Negotino 2017 13Negotino 2017 14Negotino 2017 15Negotino 2017 16Negotino 2017 17Negotino 2017 18Negotino 2017 19

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Април 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
30 31 1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 1 2 3