„Од устата што Го проповедаше Бога, првомаченикот пушти дожд од зборови врз убијците, но под дождот од безбројни камења што тие ги фрлаа врз него, тој го прими венецот на победниците“ (песна од Канонот на Утрена на св. првомаченик и архиѓакон Стефан).

 

На 09.01.2018 година, на денот на споменот на светиот апостол, првомаченик и архиѓакон Стефан, во храмот „Св. вмч. Ѓорѓи“ во Струга, беше отслужена света архиерјска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, протоереј-ставрофор Никола Христоски, протоерејот Васко Голабоски, свештениците Петар Бојчиноски, Павел Крцоски и Александар Димоски, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ѓаконот Христијан Костоски. По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Тимотеј се обрати со пригодна беседа кон верниот струшки народ, која ви ја пренесуваме во целост.

best shoes | Men Nike Footwear

 

Митрополит Тимотеј

Во името на Отецот и Синот и Св. Дух.

Христос се роди!

Драги браќа и сестри,

Денеска, нашата света Црква го прославува првиот маченик, кој својот живот го положил за верата во Господа Исуса Христа. Тоа е светиот архиѓакон Стефан. Од историјата знаеме дека Црквата Христова, во првите векови, била жестоко гонета од страна на римските императори. Но, овој прв маченик нема да биде жртва на римските закони и гонители. Напротив, тој ќе биде жртва на старозаветните еврејски фанатици, затоа што го исповедал Господа Исуса Христа како Син на живиот Бог. Тој бил каменуван од страна на разгневената толпа, затоа што, според нив, хулел на Бога. Овој млад човек, кој бил еден од седумте ѓакони во Ерусалимската црква, бил силно убеден дека Господ Исус Христос е Син на Живиот Бог, Кој е Создател на видливиот и невидливиот свет. Кој, пак, дојде на светот, овоплотувајќи се од Светиот Дух и Марија Дева и стана Човек, во сè сличен на нас, освен во гревот. Кој претрпе страдања, распнување и смрт, и Кој по три дена воскресна. Преку тоа, нè избави од првобитниот Адамов грев, и на сите ни даде можност да се спасиме преку верата и преку покајанието.


Но, истовремено, св. Стефан, за време неговото страдање, ни упатува порака на љубов и на почитување. Таа порака ја упатува на секој еден човек, бидејќи сите сме деца на небесниот Бог. Во Делата апостолски се вели, откако го видел небото отворено и славата Божја, и откако почнале да фрлаат камења врз него, паѓајќи на колена изговорил: „Господи, не примај им го ова за грев" (Дела 7, 60).


Еден црковен учител од првите векови вели дека крвта на мачениците е ново семе за христијаните. Оваа прекрасна мисла навистина се потврдува низ долгата историја на христијанството. Колку повеќе христијаните биле прогонувани, убивани, со пили режени и најразлични измачувања претрпувале, толку повеќе Бог им испраќал сила и благодат тоа да го издржат. Секакви маки претрпувале, но, од Христа и од Црквата не се откажувале. Напротив, Христовото стадо, составено од дванаесетте апостоли и од малата Ерусалимска заедница, ќе се прошири низ целата вселена, благодарение на таа храбра маченичка вера. Таа вера била манифестирана пред најразлични аудиториуми, пред кои, римските кнезови и императори приредувале разни забави со измачување на христијаните.


Прославувајќи го денеска светиот архиѓакон Стефан, од нас никој не бара да претрпуваме никакви маки и страдања заради нашата вера и заради нашето исповедание. Но, не е доволно само формално да се нарекуваме христијани, бивајќи крстени од нашите родители во нашето детство. Не е доволно од време на време да отидеме во црква и да запалиме свеќа, мислејќи дека со тоа сме ја исполниле нашата христијанска православна должност. Сето тоа е потребно и полезно, но не е доволно. Потребно е да се обидеме да го измениме нашиот живот, нашите постапки. Да отфрлиме од нас секакво зло, секаква пакост, завидливост, славољубие, среброљубие и сите останати пороци што постојат кај нас. Отфрлајќи ги пороците, да ги замениме со силна и непоколеблива вера, со добродетелен живот, и така да ја добиеме благодатта Божја, којашто ќе нè крепи и утврдува. Здобиени со Божјата благодат, да можеме да се надеваме на Божјата милост за наше спасение, сега и во сета вечност. Амин!

 

Христос се роди!

 

Св. првомаченик и архиѓакон Стефан
09.01.2018 год.
храм „Св. вмч. Георгиј" – Струга

 

svstef2018 1svstef2018 2svstef2018 3svstef2018 4svstef2018 5svstef2018 6svstef2018 7svstef2018 8svstef2018 9svstef2018 10svstef2018 11svstef2018 12svstef2018 13svstef2018 14svstef2018 15

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Март 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
23 24 25 26 27 28 1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30 31 1 2 3 4 5