О, радост преголема! О, веселие неискажливо! Денес Претходникот на светлото торжество Христово го покажува својот лик! Денес овенатата Елисаветина утроба, која про’рти според ветувањето на ангелот, го раѓа својот благомирисен цвет. Небесата слават, Захарија ликува! Еве го светлосниот спомен на Претечата, кој ја објавува славата Господова! Се раѓа оној, на кому “Јован му е името” – име што значи благодат Божја.     

Running Sneakers | Women's Nike nike roshe heart and sole shoes for women Shadow trainers - Latest Releases , Ietp

На 07.07.2011 година го прославивме споменот на Раѓањето на св. Јован Крстител. Раѓањето на ангелот во тело кој го предвести доаѓањето на Спасителот на светот, Господ Исус Христос, торжествено беше прославен во манастирот „Св. Јован Бигорски“. На свечената архиерејска Литургија чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на архимандрит Партениј, свештеник Гроздан Богески, јеромонасите Доситеј, Макариј и Јосиф и ѓаконите Николче Ѓурѓиноски и Васко Голабоски. По завршувањето на Литургијата беше прекршен празничниот колач, а Митрополитот Тимотеј се обрати со пригодна беседа кон многубројното верно паство, која подолу во целост ви ја пренесуваме.

На самиот крај од прославувањето на овој празник јеромонахот Доситеј, во името на братството и сестринството, му подари на игуменот на Бигорската обител, архимандрит Партениј, прекрасен игуменски жезол.

Во името на Отецот и Синот и Св. Дух!
Драги браќа и сестри!

Нашата света Црква денеска го прославува раѓањето на еден необичен човек-пророк и крстител на Господ Исус Христос. Тоа е св. Јован Крстител. Тој беше син на свештеникот Захариј од  Авиевата лоза, додека мајка му Елисавета е од ќерките на Арон. Тие биле праведни и стари, но и бездетни. Се молеле през целиот нивен живот на Бога да ги обрадува со рожба. И Бог ја услишил нивната молитва и им дал син. Ангел Господен му се јавил на Захариј во Ерусалимскиот храм, застанат од страната на кадилниот жртвеник и му рекол дека неговата молитва е услишана и Елисавета ќе роди син кој ќе биде голем пред Господа и уште во мајчината утроба ќе се исполни со Дух Свети. Тој ќе оди во духот и силата на пророкот Илија, пред Оној Кој ќе дојде да го спаси човечкиот род. Споредбата со пророкот Илија е показател каков извонреден пратеник ќе биде синот на Захариј и Елисавета.

Захариј се збунил кога ги слушнал овие зборови на ангелот и затоа архангелот Гаврил му ја затворил устата сè додека не се исполни пророштвото за него. Кога Јован се родил јазикот на Захариј се разврзал и проговорил славејќи го Бога. За ова чудо се раскажувало по цела Јудеја. Луѓето се запрашувале: „Каков ли ќе биде овој  младенец“?

Раката Божја била врз Јована. Тој растел исполнет со Дух Свети. Како што ангелот прорекол, Јован не пиел вино и сикер. Во пустината тој живеел во потполна беда и сиромаштија пред Бога. Облеката му била од камилски влакна и препашан со кожен појас, а се хранел, пак, со скакулци и див мед. Така, тој ќе помине во пустината сè додека не ја започне неговата мисија да крштева од другата страна на Витсвара, каде имало повеќе вода во реката Јордан. Неговата проповед започнува со зборовите „покајте се“! Проповедта му била силна и смела. Навистина, во духот на неустрашливиот Илија проповедал и Јован изобличувајќи ги гревовите. Колкава смелост била потребна на своите современици да им каже, на фарисеите и садукеите: „Породи змиини, кој ви кажа да бегате од гневот што доаѓа? Направете плод достоен за каење и немој да зборувате во себе: ’Наш татко е Авраам‘, зашто Бог може, ви велам, и од овие камења да му издигне чеда на Авраама (Мт. 3, 7-9). И од овие камења ли? Што останува од верата на народот избран преку Авраама? Но, Јован го издигнува тоа избирање во духовно предимство, тоа минува од Божјиот човек Авраам преку неговите потомци по дух во светот, односно на сите луѓе. Каква храброст во овој пустиножител. Овој Божји пратеник не се плаши да каже смели зборови на сите кои одат при него да се крштеваат. И на насилниците во тоа време, какви што биле цариниците и војниците тој им вели: „Не го ограбувајте и не клеветете го народот“. Зар не е тоа голема храброст овие зборови да се кажат во една земја која е угнетена од бесправда, исполнета со грабеж и насилство. Но, Јован не се плаши од овие силеџии, туку тој ќе има смелост да го изобличи и самиот Ирод заради неморалот со Иродијада, жената на брат му Филипа, и заради сите други лоши дела што ги правел.

Јован е гласот на оној кој вика во пустината: „Пригответе го патот на Господа и исправете ги патеките негови“ (Ис. 40,3). Тој глас допира и до нас, бидејќи се однесува и на нас. Ние треба да го подготвиме патот Господов и да ги израмниме сите патеки негови по кои Он ќе помине за да нè посети.

Кој пат да го подготвиме? Патот Господов е познат. По него поминале неброени поколенија во изминатите дваесет века и ќе минуваат до крајот на светот. По тој пат минувале вековите и луѓето и биле озарувани со спасителната вистина. По него минувале избрани луѓе кои се издигнувале до Божјите височини - тоа се светиите и богоугодниците пред кои благочестивите луѓе изговараат срдечни и топли молитви.

По тој пат врвеле многу народи. И нашиот народ оди по тој пат Господов преку многувековната историја и се вброи меѓу останатите културни и просветени народи преку христијанството. По тој пат нè поведоа светите браќа Кирил и Методиј и нивните свети ученици Климент и Наум, охридските чудотворци. Тој пат нè преведе преку тешките ропства и нè сочува да не се одродиме и изгубиме како на духовен, така и на национален план. Патот Господов води до нашите срца. Но, потребно е да го приготвиме и да го поправиме за да помине по него Спасителот. Не е рамен тој пат, бидејќи гревот го зараснува; не е рамен поради нашата слабост и духовна сиромаштија, па затоа и често пати ние скитаме и го губиме патот. Многу соблазни стојат на нашиот пат, а тој пат е Господов, зашто по него треба да помине Он за да се всели во нашите срца.

Гласот на оној кој вика во пустината е упатен и кон нас. Ние треба да го подготвиме патот Господов. Она што Јован го кажува на неговите современици, ни го кажува и нам: „Секирата веќе лежи при коренот на дрвото: зашто секое дрво што не дава добар плод, се сече и се фрла во оган. Лопатата е во рацете Негови и Он ќе го очисти гумното Свое и ќе Си го прибере житото во амбар, а плевата ќе ја изгори со оган што не гасне“ (Мт. 3,10 и 12). Да не се лажеме и да не се утешуваме како духовни безгрижници и да се тешиме со лажна утеха: Исус е наш Спасител! Бидејќи од камењата Бог може да издигне деца Исусови и браќа и синови на воскресението.(Јов. 13,33 и Мт. 25,40). Како што можеше од камења да подигне синови на Авраама! Навистина Исус е нашиот Спасител. Затоа и дошол на Земјата, но ние не треба да му се спротивставуваме, туку да го приготвиме патот преку чиста вера и благочестив живот, за да дојде и да се всели во нас, да живее со нас и ние со него и да нè спаси. Амин!

Митрополит Тимотеј

Раѓање на св. Јован Крстител
07.07.2011 година, ман. „Св. Јован Бигорски“

02

05

08

09

010

013

018

019

022

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Април 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
30 31 1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 1 2 3