„И во светлиот разгорен јаглен си бил непослушен на идолските служители, свештеномаченику Еразмо. Озаруван од самото Слово, си се покажал голем водител кон Светлината, на оние што те воспеваат достојно“ (песна од канонот на Утрена на свети свештеномаченик Еразмо Охридски).

 

Споменот на светиот Еразмо Охридскиот Чудотворец, кој се покажа храбар страдалник и секогаш брз послушник во молитвите на оние кои со вера го повикуваат, и оваа година беше торжествено прославен во манастирот „Св. Еразмо Охридски“ во Охрид, на местото каде тој уште многу одамна дојде да ја проповеда вистинската Светлина на луѓето од овие простори. Неговиот спомен, и по повеќе од седумнаесет века не е заборавен и нема да се заборави, зашто Христос му сплете двоен венец на мачеништвото и страдањето. 

Buy Sneakers | Jordan Ανδρικά • Summer SALE έως -50%

 

Празнувањето започна на 14.06.2018 година, со Празнична вечерна богослужба, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на протоереј-ставрофор Никола Христоски, свештениците Горан Ставрески, Љупчо Бакрачески и Сашо Целески, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ѓаконот Христијан Костоски.

 

Торжествата продолжија утредента, со света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Митрополитот Тимотеј, во сослужение на протоереј-ставрофор Никола Христоски, свештениците Горан Ставрески, Љупчо Бакрачески и Сашо Целески, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ѓаконот Христијан Костоски. По завршувањето на Литургијата, беше извршен чинот на Мал водосвет и беше прекршен празничниот колач, а Митрополитот Тимотеј се обрати кон неизбројниот верен народ со пригодна беседа, која интегрално ви ја пренесуваме.

 

Митрополит Тимотеј

Слободата е поскапа од сè на светот!

Драги браќа и сестри,

Ништо не е толку убаво и толку посакувано од луѓето, како што е посакувана слободата. Кој не сака да биде ослободен од ропство? Сите луѓе слободата ја сметаат за најголемо богатство. Слободата е поскапа од сè на овој свет! Ниту богатството, ниту почестите, ниту изобилната храна не се благопријатни, доколку се нема слобода. Колку се сака слободата, најдобро ни покажуваат несловесните птици и животни. Ни една птица, иако хранета и пазена од човекот, којашто е лишена од својата природа и е во ропство, не се чувствува пријатно, не се чувствува слободно.

И нашите прародители беа создадени да живеат во слобода. Но, поради нивниот престап, ја изгубија слободата. Преку тој престап, и тие и ние, постанавме робови на гревот. Постојат две слободи. Едната е телесна, а другата духовна. Телесната слобода или неслобода, е кога човекот не е роб и не е потчинет на некој велмож, цар или крал и обратно. Духовната слобода, пак, е кога човекот, поради Божјата благодат е слободен од гревот, односно не е под власта на ѓаволот. Кога човекот не дозволува ѓаволот да владее со него и кога им се спротивставува на сите страсти и похоти и кога своето тело го покорува на духот, тогаш човекот е слободен. „Знаеме дека секој роден од Бога не греши: но родениот од Бога се пази, и лукавиот не се допира до него" (1 Јн 5, 18). Така, преку слободата на духот, Му служиме само на Бога. Таквиот човек телесно може да биде дури и роб. Може да биде и во заточение и во окови, но, со духот тој секогаш е слободен. Затоа што никој не може да го покори и да го зароби духот.

Ние, христијаните, слободни сме во Христа. Преку Него и преку Неговата света Крв ослободени сме од ропството на гревот. Затоа се вели: „Радувајте се и веселете се зашто голема е вашата награда на небесата" (Мт 5, 12). Слободата, пак, не се состои во тоа да се прави сè што се сака. Во никој случај слободата не треба да се разбере така. Слободата на христијанинот не се состои во исполнувањето на својата волја и на сè што му е угодно. Таквата слобода не е христијанска, туку светска – телесна слобода. Таквата слобода претставува ропство. „Секој што прави грев, роб му е на гревот" (Јн 8, 34). Христијаните кои му служат на телото, се лишуваат од вистинската слобода и потпаѓаат под тешкото иго на ѓаволот и на гревот. Постануваат робови на своите страсти, поради кои ќе потпаднат под клетвата на Законот и на Божјиот гнев и ќе бидат чеда на погибелта.

Верата им помага на луѓето да се ослободат од гревот и од смртта, па дури и да немаат телесна слобода. За тоа најдобро ни сведочат и Божјите угодници. Во раната Црква Христова, а и денеска во некои краеви, христијаните не ја уживале граѓанската слобода, туку, биле потценувани, малтретирани, прогонувани и многумина од нив и маченички пострадувале. Но, тие ја чувствувале духовната слобода и немало сила и метод кој можел да ги оддалечи од Христа и да ги потчини на злото, на гревот и страстите. Затоа, кога ги носеле на мачење, со песна Го славеле Бога. Таа нивна слобода на духот, не била разбрана од нивните гонители и уништувачи. Благодатта Божја им давала сила и енергија сите страдања, сите маки и сите искушенија достоинствено христијански да ги поднесат и да се потврдат како вистински следбеници на својот Господ Исус Христос.

И денешниот свештеномаченик Еразмо Охридски ни сведочи за таа духовна слобода. Претрпел страдања и прогонства во далечна Антиохија на Исток. Во III век доаѓа да го слови словото Божјо на овие Балкански – македонски простори. Доаѓа да ги христијанизира нашите предци и да го посее евангелското семе во Охрид. Иако бил во архиерејско достоинство, тој бил и голем подвижник. Се подвизувал во оваа пештерна црква, којашто се наоѓа над самиот манастир. Имајќи слобода на духот, благодатта Божја била со него. Не му пречеле ниту студените карпи, па, секогаш крепен од благодатта Божја, можел сите искушенија, што тука го снаоѓале, да ги надмине и неговата мисионерска и просветителска евангелска мисија да роди плод на овие простори.

Божјата милост не се излевала врз него само тогаш кога одел по овој свет, туку, и откако се преселил во вечноста. Тој, со неговите молитви ги принесува сите наши воздишки, сите наши прозби кои со вера искрено му ги упатуваме и бараме од него негово содејство и молитва пред Бога за спас на нашите души. Амин!

Св. Еразмо Охридски

15.06.2018

Манастир „Св. Еразмо Охридски" - Охрид

 

sverazmo2018 1sverazmo2018 2sverazmo2018 3sverazmo2018 4sverazmo2018 5sverazmo2018 6sverazmo2018 7sverazmo2018 8sverazmo2018 9sverazmo2018 10sverazmo2018 11sverazmo2018 12sverazmo2018 13sverazmo2018 14sverazmo2018 15sverazmo2018 16sverazmo2018 17sverazmo2018 18  

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Март 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
23 24 25 26 27 28 1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30 31 1 2 3 4 5