На 29.07.2018 година, во Деветтата недела по Педесетница и на празникот на светиот свештеномаченик Атиноген и на светата маченичка Јулија, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Европски г. Пимен, протоерејот-ставрофор Никола Христоски и свештеникот Сашо Ристески, изврши осветување и го постави камен темелникот за нов храм, посветен на празникот Воведение на Пресвета Богородица во населбата Рача во Охрид. Храмот ќе се гради по иницијатива на иницијативниот одбор, чии членови се: Кристијан Трифуноски, Стојан Џајкоски и Дејан Блажески, на чело со парохискиот свештеник Сашо Ристески. Храмот ќе се гради со донациите на локалното население, како и донациите од верниците од пошироката околина и сите добронамерни луѓе. По завршувањето на чинот на осветување, Митрополитот Тимотеј се обрати кон многубројниот верен народ со пригодно слово, во кое најпрво му го честита денешниот голем чин, а потоа и го поучи, кажувајќи му дека убаво е да се градат храмови, но она што е најважно е одењето по вистинскиот пат во животот, кој е тесен и тежок, но истовремено и единствениот којшто дава плодови на спасение.   

Running Sneakers | Women's Nike Air Jordan 1 trainers - Latest Releases , Ietp

 

osvtemelraca 1osvtemelraca 2osvtemelraca 3osvtemelraca 4osvtemelraca 5osvtemelraca 6osvtemelraca 7osvtemelraca 8

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Април 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
30 31 1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 1 2 3