„Имајќи го в раце црковното кормило, добиено од Божјата промисла, Атанасие, како некоја секира ги сосече сите душегубни хули на еретицитем искоренувајќи ги како трње, а словото го ширеше како семе, и мудро го обработуваше“ (песна од канонот на Утрена на светите отци наши Атансиј и Кирил Александриски).

 

На 31.01.2020 година, денот кога го прославуваме свештениот спомен на светите отци наши и архиепископи Александриски, Атанасиј и Кирил, во манастирот „Св. Атанасиј Велики“, метох на манастирот „Св. Наум Охридски“ во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, игумен на манастирот, свештеникот Горан Ставрески и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. По завршувањето на Литургијата, беше прекршен празничниот колач, а Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниот народ со пригодна беседа, која интегрално ви ја пренесуваме.

latest Nike release | nike air barkley posite 76ers shoes for women Maximum Volume DJ4633-010 Release Date - SBD

 

Митрополит Тимотеј


Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух.
Драги браќа и сестри,


Нашите прародители кога беа создадени, беа сместени во Рајот и имаа присен однос со Создателот, односно со Бога. Но, по нарушувањето на Неговата единствена заповед, тие беа истерани од Едемската градина, ја изгубија слободата и постанаа робови на демонот. Преку нивниот престап целиот човечки род ја изгуби таа слобода и сите постанавме слуги на гревот.


Има две слободи. Едната е духовна, а другата е телесна. Телесна слобода е тогаш кога човекот не робува или не служи на друг човек и не се наоѓа под власт на некој, било тоа да е цар, крал, кнез, дворјанин и сл. Телесна слобода е исто така и кога човекот не е лишен од слободно движење и не се наоѓа во затвор. Духовната слобода, пак, е кога човек со Божјата благодат е ослободен од гревот и од власта на ѓаволот. Кога човек не им допушта на гревот и ѓаволот да владеат над него, кога се спротивставува на своите страсти и похоти, кога го покорува телото на духот и кога со слободниот дух му служи само на Бога – тоа е духовна слобода. Таквиот човек може телесно да биде и роб на друг човек, но со духот секогаш е слободен, бидејќи никој не може да го пороби духот.


Ние како христијани треба да се покоруваме на Христа и од Него да црпеме утеха и слобода. Радувајте се и веселете се зашто голема е вашата награда на небесата како синови Божји. Но, слободата не подразбира да се прави сѐ што се сака. Христијаните се повикани да бидат слободни. Но, дали се слободни да прават сѐ што ќе посакаат? Во никој случај! За христијаните слободата не значи да живеат по својата волја и да прават тоа што ним им е угодно. Таквата слобода не е христијанска, туку е вистинско ропство, бидејќи се вели: „Секој кој прави грев роб е на гревот" (Рим. 13, 14).


Верата ги ослободува христијаните од гревот, од смртта, од пропадливоста и од сите непријатности што гревот ги носи, а христијанинот го прави духовно слободен. Ние денеска прославуваме еден Божји угодник кој може да ни служи за пример. Свети Атанасиј и кога телесно бил во прогонство, со духот бил слободен и секогаш бил со Христа и со Неговата света Црква и со догмата за вистинското и праведно учење на светите отци.


Свети Атанасиј живеел во IV век, во време кога Црквата со Миланскиот едикт во 313 г. ќе добие слобода за јавно исповедање на христијанството. Но, затоа ќе се јават внатрешни сотресенија, кои уште повеќе ќе ја вознемират Црквата Христова со лажните еретички учења за Синот Божји. Така, еден презвитер од Александрија по име Ариј ќе почне погрешно да проповеда за второто лице на Света Троица, а ќе добие поткрепа и од византискиот двор. Со ова учење, тој ќе нанесе големи штети на Црквата. Како најсилен борец против аријанството се исткнал токму свети Атанасиј Велики кој ќе биде учесник и на Првиот вселенски собор во 325 г. во Никеја, каде ќе го формулира и првиот дел од Символот на верата. Иако 47 г. ќе биде на Александриската катедра, тој неколку пати ќе биде прогонуван и симнуван од тронот од страна на лажните еретички собори, поткрепени од страна на императорскиот двор. Тој цели 16 г. ќе биде во телесно ропство, но како што кажавме, духовно секогаш ќе биде слободен. Додека ќе биде во прогонство, тој ќе твори и ќе дава свои духовни прилози и за новите погрешни учења за Светиот Дух, спротивставувајќи се на Душеборството. Се разбира дека учењето за Светиот Дух ќе го продлабочат и прецизно дефинираат Кападокиските отци после свети Атанасиј, но треба да кажеме дека и за оваа догма тој дава свој солиден прилог.


Примерот на свети Атанасиј нека ни послужи за зацврстување на нашата вера. Да се угледаме на неговиот живот, на неговата цврстина, непоколебливост и истрајност. Поради овие добродетели, Бог не само што го обдарил со ум, туку и Божјата правда била врз него. Така тој можел да ги поднесе сите неправди и лаги, а од светата Црква да го добие епитетот „Велики", затоа што е многу заслужен за запазување на православната доктрина. Да се обратиме кон свети Атанасиј, тој да биде наш помошник во овоземниот од кон Царството Божјо. Амин.

 

Свети Атанасиј Велики
Метох „Свети Атанасиј Велики"
Манастир „Свети Наум Охридски"
31.01.2020 год.

 

svatanaszim2020 1svatanaszim2020 2svatanaszim2020 3svatanaszim2020 4svatanaszim2020 5svatanaszim2020 6svatanaszim2020 7

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Март 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
23 24 25 26 27 28 1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30 31 1 2 3 4 5