„Со воздржување да порзаме сите телото да го смириме, минувајќи го божественото поприште на светиот пост, и со молитви и солзи Господа, нашиот Спасител, да Го побараме, викајќи: Згрешивме, спаси нѐ, како некогаш Ниневјаните, Христе Цару, и заедничари на Царството небесно, Милосрден направи нѐ“ (стихира на Господи повикав... на Вечерна во Недела од Сирна седмица).

 

На 01.03.2020 година, во вечерните часови, во храмот „Успение на Пресвета Богородица“ - Каменско во Охрид, беше отслужена Вечерна богослужба, на која чиноаначслтвуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, протоерејот-ставрофор Никола Христоски, протоерејот Љупчо Симиџиески, свештеникот Димче Азески и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. По завршувањето на Вечерната, Митрополитот Тимотеј се обрати кон многубројните верници со пригодна беседа, која подолу во целост ви ја пренесуваме. На самиот крај, свештенството и верниот народ побара еден од друг прошка, та со чисти срца да го започнеме Великиот пост.

Asics shoes | NIKE AIR HUARACHE

 

Митрополит Тимотеј


Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух.
Драги браќа и сестри,


Се наоѓаме во периодот на почетокот на Велигденскиот пост. Овие денови за нас православните христијани се слични на човек кој плива кон светлиот брег на кој го очекува воскреснатиот Спасител. Ние во овој период сме повикани да се измиеме со покајни солзи и да се утврдиме преку воздржување и молитва за во чистота и сила да го пресретнеме торжеството над торжествата – Пасхата Христова, односно Христовото воскресение. Се поставува прашањето: дали може да се постигне посакуваната цел на човек кој плива со камен врзан околу вратот? Со колкава вештина и сила да е човек, со таков камен околу вратот, неминовно ќе биде вовлечен на темното дно. Со такви тежини не можеме да се доближиме до божествениот свет, а причини за тоа се нашите гревови, гневот, навредите кон нашите ближни и сл. Затоа уште од древната Црква е воспоставен овој обичај – на почетокот на Велигденскиот пост со искрено покајание да бараме прошка еден од друг. На ова проштално воскресение, Црквата бара верните да бидат помирени, не само со Бога, туку и помеѓу себе. „Овој период ни препорачува со луѓето да се помириме, а со гревот да се бориме".


Гневот, нервозата и злобата се причини за поттикнување на ниските чувства кај луѓето и тие нѐ попречуваат да се доближиме до божествената благодат. Таквата душа е туѓа за Господа. Во неа може да престојуваат само лошите духови. Таа не може да се обрати кон Вишниот, освен со вистинско покајание. За таквиот човек, свети Исак Сирин вели: „Да се биде злопамтив и да се моли, значи да се сее на море и да се очекува жетва". Светите ангели плачат, а вечниот непријател на човекот се радува, кога гледа дека љубовта и почитувањето на луѓето помеѓу себе се нарушени. Роднини и пријатели пред малку се насладувале во заемната комуникација, бивајќи еден за друг потпора и радост, а еве денеска престануваат да зборуваат, кројат злоба еден кон друг. Каква лоша слика остава таквиот човек и покрај тоа што себе се нарекува верен и следбеник на Господа Христа? „Љубовта покрива сѐ" – вели свети апостол Павле (1 Кор. 13, 7). Потребно е ние како христијани да ги скротиме нашата гордост и нашето его, и само така ќе можеме да си помогнеме и себеси. Така од нас ќе ги исфрлиме сите пакости, секоја злоба и лошотија и ќе станеме свесни дека секој од нас го носи образот Божји според кој сме создадени. Така, навредувајќи го нашиот ближен, ние го навредуваме образот Божји.


Ако Господ суди според нашите судови, одамна ќе го немаше светот и векот. Но, ние сме повикани за вечен живот и Бог нѐ повикува кон блажена вечност. Светите отци велат дека за една покајна солза, семилостивиот Бог е подготвен да ни ги прости сите навреди. Но, нашето немилосрдие нѐ попречува на патот на покајанието и нѐ одвојува од милосрдието небесно.


Наоѓајќи се на почетокот на Велигденскиот пост да ја достигнеме милоста Божја за нашите молитви и воздржувања да бидат угодни на Бога. Да ги запазиме заповедите од Светото Писмо: „ако принесуваш дар на жртвеникот и таму се сетиш дека брат ти има нешто против тебе, тогаш остави го дарот таму, пред жртвеникот, па отиди и најнапред помири се со брата си, а потоа дојди и принеси го дарот"(Мт. 5, 23-24). И ние да се поучиме од овој пример и така да постапуваме за да добиеме милост Божја и прошка за нашите гревови, па радосни и без грев да го дочекаме славното Христово воскресение. Лесни пости. Амин.


Прочка
Храм „Пресвета Богородица Каменско", Охрид
01.03.2020 год. 

 

procka2020 1procka2020 2procka2020 3procka2020 4procka2020 5procka2020 6procka2020 7procka2020 8procka2020 9procka2020 10procka2020 11

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Март 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
23 24 25 26 27 28 1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30 31 1 2 3 4 5