„Апостоли божествени, за светот најтопли молитвеници, и на православните - заштитници, кои имате смелост и моќ пред Христа нашиот Бог; ве молиме, сечесни, молете се за нас, доброто време на постот светло да го завршиме и благодатта на едносупна Троица да ја примиме. Великопроповедници славни, молете се за душите наши“ (стихира на Господи повикав на Вечерна во Прва среда од Великиот пост).

 

На 04.03.2020 година, во Првата среда од Великиот пост, во храмот „Успение на Пресвета Богородица“ беше отслужена света архиерејска Литургија на претходноосветени дарови, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, протоереј-ставрофорите Сашо Богданоски и Димче Ѓорѓиески, свештеникот Димче Азески и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниците со пригодна беседа, која подолу во целост ви ја пренесуваме. Потоа беше изврчен и чинот на Покајание и исповед за свештенството од нашата Епархија, а беше одржано и редовното свештеничко собрание, на кое беа разгледани повеќе прашања и проблеми со кои се соочуваат свештениците од нашата Епархија. Во продолжение ви ја пренесуваме беседата на Митрополитот Тимотеј.

Nike sneakers | Nike Wmns Air Force 1 07 Essential White Silver Gold Women Casual , Cellmicrocosmos Marketplace

 

Митрополит Тимотеј


Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух.
Драги браќа и сестри,


Во црковните песни за време на Велигденскиот пост среќаваме прекрасни мисли и восхитувања, кои го изразуваат благочестието на древните христијани. Целокупниот свој живот, тие се стремеле да го претворат во живо општење со Господа. Вознесението Христово во царството на Отецот не означувало раскинување на светиот сојуз со Синот Божји и верниците, туку напротив – тоа значело уште потесно општење и проникнување во длабочината на човековата душа. При прекршувањето на лебот и подавањето на чашата на евхаристијата, Господ заповедал: „примете, јадете, ова е Моето тело...и пијте од неа сите, зашто ова е Мојата крв..." (Мт. 26, 26-28).


Со таква мисла кон светата чаша пристапувала целокупната христијанска заедница со цел да најде лично соединување со Господа Кој сите нѐ милува и спасува. Во првите векови на христијанството, христијаните се причестувале на секоја извршена света тајна. Со тоа тие се соединувале со Христа и ништо друго не можело да ја замени таа радост која ја доживувале со примањето на телото и крвта на Господа Исуса Христа. Но, за да се почувствува духовната радост на соединувањето со телото и крвта Господови, треба да му претходи покајание, преку кое душата на човекот се очистува од грев. Токму во деновите на Велигденскиот пост или деновите на плачење и покајание, Црквата дозволува два пати неделно да се извршува света евхаристија и тоа во сабота на свети Јован Златоуст, а во недела на свети Василиј Велики. Но древните христијани чувствувале потреба да се причестуваат повеќе пати, па како одговор на таквото барање е востановена и Литургијата на претходно осветените дарови, која се служи во среда и петок за време на светата Четириесетница.


Самиот чин на оваа литургија е сочинет од страна на свети Григориј Двоеслав папа Римски, кој живеел и делувал во втората половина на VI век и првата половина на VII век. Овој Божји угодник се одликувал со подвижништво и голема ученост, но исто така, поради неговиот свет живот од Бога бил обдарен и со чудотворство. Неговата литургија во минатото била прифатена и на Исток и на Запад, а денес се служи само во источната Црква.


Се вели дека во една прилика, додека служел литургија и зборувал дека лебот и виното се тело и крв Христови, во мислата на една жена која ги месела просфорите влегол демонот и ѝ ставил сомнеж, па таа почнала да се смее. Кога свети Григориј Двоеслав го забележал тоа, ја прашал зошто се смее. Таа одговорила дека слушајќи ги неговите зборови дека лебот кој таа го месела и печела е тело Христово, не можела да се начуди на тоа. Свети Григориј се сожалил на таа душа прелажана од демонот и се помолил сите верници да ги почувствуваат и видат телото и крвта Господови, со цел да ги отстрани сомнежите кај оваа жена и кај останатите. Откако тоа се случило, тој повторно се помолил телото и крвта Господови да бидат почувствувани од верните како леб и вино.


За време на божествената литургија со нас се молат сите небесни сили. Престојувајќи пред престолот Господов, ангелите се трудат да нѐ наведат кон добро, а истовремено да нѐ заштитат од секакво зло. Тие жалат за нашите гревови, се радуваат на нашето покајание, а ликуваат кога човек ќе се најде во вечен и блажен живот.


За време на големиот вход при литургијата која ја служевме, кога свештеникот го носи светиот дискос, всушност Го носи Господа Христа и сите небесни сили Му служат и не смеат ниту да го подигнат погледот кон Него. Благочестивиот и верен народ на Христа Му оддава достојна почит со приклонување на колената.


Периодот на Великиот пост за нас христијаните е време во кое треба да се оддалечиме од сите светски суети и да се насочиме кон внатрешно делување задлабочувајќи се во нашата душа. Така ќе ги искорениме сите сокриени страсти и пороци. Спомнувајќи си за четириесетдневниот пост на нашиот Спасител во пустината заради наше спасение, да ни се засилат молитвите и воздржанието не само во јадење и пиење, туку и во мислите и чувствата. Така ќе отстраниме од себе сѐ што може да нѐ оскверни. Тоа ќе го направиме преку исповедањето на нашите гревови примајќи прошка за нив. Амин.

 

Среда од првата седмица од Великиот пост
Храм „Пресвета Богородица Каменско", Охрид
04.03.2020 год.

 

1sredavp2020 11sredavp2020 21sredavp2020 31sredavp2020 41sredavp2020 51sredavp2020 61sredavp2020 71sredavp2020 81sredavp2020 91sredavp2020 101sredavp2020 111sredavp2020 121sredavp2020 131sredavp2020 141sredavp2020 151sredavp2020 161sredavp2020 171sredavp2020 181sredavp2020 19

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Март 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
23 24 25 26 27 28 1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30 31 1 2 3 4 5