„Кога Севишниот слезе и ги измеша јазиците, тогаш ги раздели народите; а кога ги разделуваше огнените јазици, сите луѓе ги повика на единство, и сите заедно Го славиме Сесветиот Дух“ (кондак на Педесетница).
На 07.06.2020 година, во Неделата на светата Педесетница - Духовден, во храмот „Св. Троица“ во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на којашто чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, протоерејот Кирил Јованоски, свештениците Горан Ставрески и Љупчо Бакрачески и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. По завршувањето на Литургијата, а според црковниот типик, беше отслужена и Вечерната богослужба, на која се читаат духовденските молитви, а во се помоливме за здравје и спасение на нашиот народ, за прошка на гревовите, како и за покој на душите на сите порано починати браќа и сестри со надеж за воскресение и вечен живот. На крајот, беше извршен чинот на Мал водосвет и беше прекршен празничниот колач, а се направи и литија околу светиот храм.
Nike footwear | Supreme x Nike Air Force 1 Low 'Box Logo - White' — Ietp