„Откако ја прими благодатта на премудроста од Бога, Науме пречесни, и мноштвото мизијско го научи на благочестието, ти си темел и тврдина на православието, и украс на сите преподобни и испосници. Имајќи смелост пред Бога, Моли Го да се спасат душите наши“ (стихира на Господи повикава на Вечерна на преп. Наум Охридски Чудотворец).

 

На 02.07.2020 година, во навечерието на празникот на преп. Наум Охридски Чудотворец, во манастирот во кој преподобниот го изградил и се подвизувал, започна торжествено да се прославува великиот Црноризец, кој не им даваше дремка на своите очи, постојано молејќи се пред Бога за сите луѓе. Затоа и Бог го обдарил со благодат за исцеленија и никој од оние кои доаѓале кај него со вера да побараат помош не се вратил без лек - телесен и душевен. Затоа и култот на преп. Наум е нашироко распространет, како во Македонија, така и многу пошироко. Прославата на преп. Наум започна со свечена Вечерна ногослужба, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, игумен на манастирот, свештениците Димче Азески, Горан Ставрески и Љупчо Бакрачески, еромонахот Ефросиниј и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. По завршувањето на Вечерната богослужба, Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниот народ со пригодна беседа, која интегрално ви ја пренесуваме. 

Buy Sneakers | FILA FX-100 White Blue , Where To Buy , undefined , nike lebron 9 ps white house black screen

 

Митрополит Тимотеј


Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух.
Драги браќа и сестри,


Нашиот Спасител Господ Исус Христос пред Своето крстно страдање ги повикал народите и апостолите и им порачал: „кој сака да Ме следи нека го земе својот крст..." (Мк. 8, 34). На друго, пак, место, евангелистот Лука вели: „Кој не го земе својот крст и не оди по Мене не може да биде Мој ученик" (Лк. 14, 27). Овие зборови се однесуваат на сите луѓе. Љубовта кон Бога не може да биде половична. Токму затоа и Господ повикува да отфрлиме од себе сѐ и да се откаже од сѐ, од овој свет, односно од сѐ она што нѐ приврзува за земното и што ѝ пречи на душата да Го сака Бога.


Ако ние не сме христијани само по име, туку и по нашата суштина, треба да го следиме Господа Исуса Христа и благодатно и трпеливо ги поднесуваме сите тешкотии во нашиот живот. Само ако трпеливо ги носиме сите искушенија и страдања – само тогаш сме вистински христијани. Да не нѐ прелажат гревот, соблазната и лажните земни почести, славата од луѓето и од оние кои не знаат за Бога, а живеат според телесните задоволства, предавајќи се на слабостите, страстите и гревовите. Самиот Господ ни дава поука за крстот. Тој ни порачува достојно да го носиме својот крст и надминувајќи ги сите препреки, достојно да Го следиме Спасителот. Ние го носиме својот крст, умртвувајќи го телото со воздржување, со сострадање кон бедните и немоќните. И нивните болки треба да ги прифатиме како да се наши сопствени. Да пројавуваме вистинско христијанско милосрдие. На сите ни е позната заповедта Божја: „Како што сакате со вас да постапуваат луѓето, така постапувајте и вие со нив" (Лк. 6, 31).


Секој од нас го носи својот крст и при тоа не треба да го обеспокојува својот дух. Неспокојството доаѓа поради нашата немоќ и заради нашата човечка природа. Човечката природа е подлежна на маки, болести и слабости. Нашиот живот е проткаен со мачења во различен степен. Она што често не обременува се и нашите обврски кон Бога, ближните и општеството. Меѓу христијаните ниту еден не е ослободен од сопствениот крст. Ако Самиот Господ го понесе Својот крст на Голгота, тогаш е невозможно да се следи Господ, а да се нема сопствен животен крст. Оние кои се обидуваат да го отфрлат својот крст се вовлекуваат во смртта. Оние, пак, кои трпеливо и смирено го носат својот крст, примаат од Бога помош и наследуваат Царство небесно. Свети Теофан Затворник вели: „Што е тоа крст? Кај секој народ неудопството, тешкотијата, жалоста, се наметнуваат од надвор и од внатре. Во животот духовен таквиот крст сраснува со христијанинот. Таму каде што е христијанинот, таму има таков крст, а каде што нема таков крст, таму нема ни христијанин. Радувајќи се, чувствувај го на себе својот крст. Тоа е знак дека одиш по Господа, по патот на спасението и во Рајот. Претрпи малку, еве го крајот и венецот".


Самата дејствителност на нашата вера се определува со крстот. Ние имаме како надворешен, така и внатрешен крст, кој се пројавува во борбата на телото и духот. Надворешниот е тој со кого ние сме оптоварени преку острастеност кон светот и телото. Но, ние сме повикани од Господа да ги победиме сите внатрешни борбени страсти, пороци, гревови, гнев, користољубивост, завист, мрзливост, среброљубие, лага, славољубие, гордост и тн. Ние сме повикани да не слабееме со духот, туку да се сретнуваме со искушенија и со лишувања и со многу други внатрешни маки, меѓу кои и тешкотиите при нашите работни задачи и слични грижи.


Славата или срамот на тој пат зависат од нашата лична храброст, упорност и непоколебливост во ветата во Бога и надежта во вистинската божествена милост. Храбриот војник Христов секогаш победува. Бог, пак, никогаш не праќа искушенија и маки повеќе од она што можеме да поднесеме.


Секој христијанин е должен да биде мртов за телесните пороци, за да се препороди во духовен живот во Господа, кој е единствен благодатен и води кон наше спасение. Со милосрдието Божјо и богатите штедрости Господови, Тој ни дава право и можност да прибегнеме кон покајание. Да се покаеме за своите гревови од сето срце. Носењето на крстот се состои и во откажување од сите видови на грев. Тогаш се раѓа и љубов кон Бога, без која невозможно е носењето на крстот. Според зборовите на апостолот, со Синот Божји страдаме, за со Него и да се прославиме (Рим. 8, 17). Нему Му припаѓа слава и чест и поклонение со беспочетниот Негов Отец и сесветиот и благ Негов Дух. По молитвите на свети Наум, така нека биде. Амин.

 

Вечерна на преп. Наум Охридски
Манастир „Свети Наум Охридски" Охрид
02.07.2020 год.

 

prepnaumohletvec2020 1prepnaumohletvec2020 2prepnaumohletvec2020 3prepnaumohletvec2020 4prepnaumohletvec2020 5prepnaumohletvec2020 6prepnaumohletvec2020 7prepnaumohletvec2020 8

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Март 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
23 24 25 26 27 28 1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30 31 1 2 3 4 5