„Пријдете да ја воспееме Мајката Спасителова, која и по раѓањето се покажа Дева: Радувај се, жив граде на Царот и Бог, во кого Христос поживеа и спасението го изврши. Со Гавриила да запееме, со пастирите да прославиме, викајќи: Богородице, моли Го воплотениот од тебе, да се спасиме“ (хвалитна стихира на Утрена на Собор на Пресвета Богородица).

 

На 08.01.2021 година, на празникот Собор на Пресвета Богородица, во параклисот на Преподобните пречистански маченици Евнувиј, Пајсиј и Аверкиј, во ман. „Пресвета Богородица Пречиста“ во Кичево, беше отслужена света архиерејска Литургија, на којашто чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на протоерејот-ставрофор Никола Христоски, свештеникот Александар Матески, еромонахот Кирил и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Тимотеј се обрати со пригодна беседа кон присутните, којашто интегрално ви ја пренесуваме.

bridge media | Nike, adidas, Converse & More

 

Митрополит Тимотеј
Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух.
Христос се роди!
Драги браќа и сестри,
Недостапна е тајната на вечното раѓање на Синот од Отецот. Оваа тајна е несфатлива и за небесните ангели, за пророците и апостолите и за најголемите Божји угодници и светители. Втора е тајната на слегувањето на Синот Божји на земјата и Неговото раѓање од Пресвета Богородица во Витлеем, кое денеска го славиме. Меѓутоа, човечкиот ум постојано се прашува како станало тоа.


Како е можно Бог да Го испрати Својот единороден Син од вечноста во времето? – прашува човечкиот разум. Како е можно Бог да слезе од Својот престол во овчарската штала, од светлото небо – на земјава, која и самата личи на пештера. Спасителот објаснува: „Излегов од Отецот и дојдов во светот" (Јн. 16, 28). Тоа доаѓање на „вистински Бог од вистинскиот Бог", е слично на излегувањето на светлината која зрачи од сонцето. Затоа и во Евангелието се вели дека Спасителот дошол во светот како „вистинска Светлина Која го осветлува секој човек" (Јн. 1, 9). Во суштината на сето ова лежи Божјата љубов кон луѓето. „Бог толку го возљуби светот, што Го испрати Својот единороден Син, та секој што верува во Него да не погине, но да има живот вечен" (Јн. 3 16). Оваа голема тајна, човекот може да ја сфати само ако на божествената љубов одговори со својата љубов. Потребно е самиот човек да се облагороди со љубовта за да ја разбере оваа безмерна Божја љубов. Тоа е причината што денес го славиме Божик.


Како на земјава да се роди од мајка без Отец, Оној Кој на небото вечно се раѓа од Отец без мајка? Како Неограничениот да биде ограничен со границите на човечкото тело? Како Секадеприсутниот да биде роден на едно место? Како сето тоа е можно? – сѐ почесто прашува љубопитниот и немоќен човечки разум.


Секој збор Божји е моќен – рекол некогаш благовесникот на Пресвета Богородица, која исто така во таа прилика прашала: „Како е тоа можно?". И таа која е најчиста и со тело и со душа, веднаш ја разбрала оваа тајна и тоа го покажала со зборовите: „Еве ја слугинката Господова, нека ми биде според зборовите твои" (Лк. 1, 38). Чистото срце е првиот услов за разбирање на Божјите планови и тајни (Мт. 5, 8). Затоа и раѓањето Христово и Неговата појава меѓу луѓето најпрво го прославиле Витлеемските пастири. Тие први се поклониле на новородениот Христос „Славејќи Го и фалејќи Го Бога за сѐ што слушнале и виделе" (Лк. 2, 20). Против Богомладенецот се побуниле и разгневиле сите кои имале нечиста совест, почнувајќи од Ирод – многукрвавиот убиец и тиранин, па до последните потомци на оние во Израел кои ги убивале пророците. Така било во првиот ден кога се славел Божик, а така останало и до овој Божик кој денеска го славиме. Чистотата на срцето на едните им помогнала да го разберат раѓањето на Бога во тело, додека моралната криза која ја преживуваат другите, е главната причина за нивното неразбирање на оваа тајна.


Господ Исус Христос е роден во светот. „Во светот беше и светот преку Него постана и светот не Го позна" (Јн. 1, 10). Многу луѓе не ја разбрале тајната на Христовата личност. Кога би ја разбрале „не би Го распнале Господа на славата" (1 Кор. 2, 8). Не Го разбрале, затоа што тајната на Неговата личност и наука всушност е велика тајна на побожноста (1 Тим. 3, 16). Побожноста не значи знаење, умеење, вештина, туку таинствено доживување. Тоа е живот во вера, надеж и љубов.


Божик е најсовршено дело на Божјата љубов, Божјото човекољубие. Ние само со својата љубов можеме да го доживееме. Божик е голема тајна на Божјата промисла и Неговата семожност. Само со чисто срце можеме да се доближиме до великата тајна на појавата на Бога во тело. Нашето срце мора да постане Негова колевка, за како што некогаш светите апостоли ја согледале Неговата слава како на единороден од Отецот, така и ние денеска да ја разбереме тајната и достојно да го прославиме Божик, позравувајќи се еден со друг со срце и уста: Мир Божји, Христос се роди!


Собор на пресвета Богородица
параклис„Преп. пречистански маченици Евнувиј, Пајсиј и Аверкиј" (ман. Пречиста Кичево)
08.01.2021 год.

 

sobprbog2021 1sobprbog2021 2sobprbog2021 3sobprbog2021 4sobprbog2021 5sobprbog2021 6sobprbog2021 7sobprbog2021 8sobprbog2021 9sobprbog2021 10sobprbog2021 11sobprbog2021 12sobprbog2021 13 

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Март 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
23 24 25 26 27 28 1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30 31 1 2 3 4 5