„Хранејќи ги учениците на Тајната вечера, и знаљејќи ја намерата за предавство, на неа си го изобличил Јуда, иако знаеше дека е тој непоправлив, бидејќи сакаше да знаат сите дека си се предал доброволно, за да го избавиш светот од непријателот: долготрпелив Господи, слава Ти“ (седален на Утрена на Велики Петок).
На 29.04.2021 година, на Велики Четврток вечерта, кога се служи Утрената богослужба од Велики Петок, а на која се читаат дванесетте страдални Евангелија, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј чиноначалствуваше на Утрената богослужба во храмот „Св. вмч. Ѓорѓи“ во Струга, во сослужение на протоерејот Васко Голабоски, свештеникот Христијан Костоски, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ѓаконот Васил Михајлоски.
Asics shoes | Air Jordan 1 Retro High OG 'University Blue' — Ietp