„Владико Човекољупче, во Твојата светлина ќе ја видиме Светлината, зашто си воскреснал од мртвите, на родот човечки дарувајќи му спасение, за да Те прославува сето создание, Тебе - единствениот бесгрешен: помилуј нѐ“ (хвалитна стихира на Утрена во вторник од Светла седмица).
На 04.05.2021 година, во Вторникот од Светлата седмица - Тред ден Велигден, во храмот „Св. Петар и Павле“ во Кичево, беше отслужена света архиерејска Литургија, на којашто чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на протоерејот-ставрофор Никола Христоски, протоерејот Стевчо Тошевски, свештениците Ристо Камбуроски, Александар Матески и Александар Крстаноски, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ѓаконот Васил Михајлоски.
Best Sneakers | Patike – Nike Air Jordan, Premium, Retro Klasici, Sneakers , Iicf