„Почит да ѝ оддадеме на свештената двојка наши просветители, кои со преводот на Божествените Писма ни го дадоа изворот на Богопознанието; црпејќи од него до денес неисцрпно, ве славиме вас, Кириле и Методие, кои стоите пред претолот на Севишниот и топло се молите за душите наши“ (кондак на Утрена на празникот на светите рамноапостолни Кирил и Методиј).

 

На 24.05.2021 година, денот кога го славиме споменот на светите рамноапостолни браќа Кирил и Методиј, сесловенските просветители, во параклисот „Св. Кирил и Методиј“ во манастирот „Св. Наум Охридски“ во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на којашто чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, игумен на манастирот, протоерејот-ставрофор Никола Христоски и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. По завршувањето на Литургијата, беше прекршен празничниот колач, а Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниот народ со пригодна беседа, којашто интегрално ви ја пренесуваме.

Nike Sneakers | NIKE AIR HUARACHE

 

Митрополит Тимотеј


Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух.
Христос воскресе!
Драги браќа и сестри,


Во овој Пасхален период го прославуваме споменот на светите рамноапостолни Кирил и Методиј. Нашите срца и души се исполнети со огромна радост поради нивното велико дело, кое го извршиле пред повеќе од илјада години. Ова дело е живо и денеска.


Нивната дејност се состои во тоа што тие ја создале нашата азбука и граматика, а со тоа и нашиот литературен јазик. Тие им дале можност на нашите далечни предци да можат да општат со другите и да ги читаат големите извори на знаење. Тие го превеле на словенски јазик и словото Божјо – книгата над книгите, односно Библијата.


Од тој момент започнале да се развиваат словенската култура, писменост и образование. Ние знаеме дека фундаментот на таа култура било словото Божјо. Тоа значи дека нашата култура е поставена на висока морална основа, која ја сочинуваат големите морални вистини кои Бог посакал да им ги открие на луѓето. Во тоа се состои нашата вистина, која не е човечка, туку божествена. За тоа нѐ уверуваат бројни настани низ текот на целата историја.


За овие изминати години и векови, поминале многу периоди и се случиле огромни промени, кои на современ јазик се нарекуваат „геополитички промени". Се распаѓале империи, се менувале граници, се воделе разни војни, се правеле огромни усилби за да се истреби верата и културата, но ништо од тоа не помогнало. И денес кај сите словенски народи постои голема почит кон светите браќа Кирил и Методиј и кон нивното незаборавно дело. Ние ги славиме како основоположници на нашата култура и со нив ги поврзуваме сите последователни духовни развивања на нашиот народ, но и на сите словенски народи. Веруваме и се надеваме дека сѐ додека се држиме за овие фуднаменти, нема да се соблазниме и нема да паѓаме во грев, нема да ги разурнуваме нашите светињи и свети извори, нема да ја разрушуваме нашата историја, туку ќе го сочуваме нашето верско и национално самосознание. Само на тој начин ќе опстоиме како независен народ, духовно силен и способен, не само себе да се преродиме, туку да извршиме духовно влијание и на другите околу нас.


Да се помолиме на семилостивиот Бог да нѐ благослови сите нас, по молитвите на светите рамноапостолни сесловенски учители Кирил и Методиј. Да се помолиме тие да бидат со сите нас, со нашата света Црква и со нашата држава. Милостивиот Господ да ја приклони Својата милост кон целиот човечки род и да го сочува човештвото од секакво зло и соблазни. Амин.

 

Свети Кирил и Методиј
Параклис „Свети Кирил и Методиј"
Манастир „Свети Наум Охридски“ Охрид
24.05.2021 год.

 

svkirimet2021 1svkirimet2021 2svkirimet2021 3svkirimet2021 4svkirimet2021 5svkirimet2021 6svkirimet2021 7svkirimet2021 8svkirimet2021 9svkirimet2021 10svkirimet2021 11svkirimet2021 12svkirimet2021 13

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Април 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
30 31 1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 1 2 3