На 04.10.2021 година, во Господа се упокои протоерејот-ставрофор Стојан Јанковски од Скопје, долгогодишен работник на нивата Господова, и тоа како секретар на САС на МПЦ-ОА, потоа како парохиски свештеник, а и како воспитувач во МПБ „Св. Климент Охридски“ во Скопје. По тој повод, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во храмот „Пресвета Богородица Перивлепта“ во Охрид, отслужи Трисагија за покој на неговата душа. Семилостивиот Господ да му ги прости сите животни прегрешенија и да ја всели неговата душа во живеалиштето на праведниците.