Во четвртата недела од светата Четириесетница, посветена на свети Јован Лествичник, Владиката Дебарско-кичевски г. Тимотеј со свештенослужители од Охридското и Струшкото архиерејско намесништво, отслужи света Литургија во соборната градска црква „Св. Ѓорѓи“ во Струга.

jordan Sneakers | Air Jordan Release Dates 2020

4g

На светата Литургија присуствуваа и поголем број на верници од Струга и околината, а кон нив Владиката Тимотеј се обрати со пригодно слово, во кое говорејќи за прочитаното свето Евангелие, рече: „Денешното свето Евангелие ни раскажува како при Исуса доведувале многу болни и Он ги излекувал. Тогаш некој човек од народот го довел при Него својот син за да го излекува, бидејќи имал зол дух во него, и бил и глув и нем... Постот и молитвата се прекрасни оружја за да се војува против злите сили, кои проникнуваат во луѓето, и го разнишуваат како телесниот, така моралниот и духовниот живот... Постот ја дополнува молитвата. Затоа кога Исус вели, со пост и молитва може д бидат изгонети лошите духови, кои проникнуваат во човек и го разрушуваат неговиот телесен, морален и духовен живот, Он ја има во предвид искрената богопреданост на човекот, телесниот и духовниот пост...“ Меѓу другото Владиката се задржа и на личноста на свети Јован Лествичник, и рече: „...Преподобниот Јован Лествичник во своите поученија со длабочина ја разоткрива психологијата и филозофијата на молитвата, која тој ја смета за највисокото скалило на моралното издигнување на човек, ја гледа во почетокот на христијанските добродетели..."

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Април 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
30 31 1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 1 2 3