Владиката Дебарско-кичевски г. Тимотеј во сослужение на свештенството од парохиската црква „Св. Богородица – Каменско“ од Охрид, свештениците Љупчо Симиџиоски и Сашо Богдановски, како и свештеникот Игор Никовски и ѓаконот Димче Азески, во попладневните часови отслужи Мало Повечерие со Акатист на Пресвета Богородица.

affiliate tracking url | Air Jordan 1 Retro High OG "UNC Patent" Obsidian/Blue Chill-White For Sale – Fitforhealth

P4111357g

На Малото Повечерие беше отслужен и целиот Акатист на Пресвета Богородица, кој за време на Великиот Пост се служи првите четири петоци од Великиот пост, и во секој од петоците се отслужува по една статија од Акатистот. Додека, пак, во петтата седмица од постот, во петокот, Акатистот се богослужи целосно, поделен на четири статии. во рамките на Канонот.
Со пречекувањето на Владиката пред црковните врати и неговото влегување во храмот облечен во мандија, целивањето на светито Престол и застанувањето на владичкиот трон, свештениците го започнаа Малото Повечерие. Првата статија беше читана од свештеникот Игор Никовски,а потоа богослужеше свештеникот Сашо Богдановски, и трет по ред свештеник Љупчо Симиџиоски. Четвртата статија ја богослужеше Владиката г. Тимотеј. За време на пеењето на Акатистот верниците во црквата едногласно пееја: Пресвета Богородице спаси нè. И: Алилуја.
Малото Повечерие започна во 17 часот, а заврши во 19 часот.

P4111350

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Март 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
23 24 25 26 27 28 1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30 31 1 2 3 4 5