Од 24 - 26. XI 2008 година Митрополитот Тимотеј, во придружба на ѓаконот Николче Ѓурѓиноски, го посети Пловдивскиот Митрополит, г. Николај. Повод за истата беше барањето на честичка од светите мошти на св. Климент Охридски за новоизградениот храм, „Св. Климент Охридски”, во Пловдив.

Со решение на САС бр. 242 од 05. XI 2008 година. Митрополитот Тимотеј, заедно со Митрополитот Иларион, протоѓаконот Дени Насков, ѓакон Сашо Ристоски и ѓаконот Николче Ѓурѓиноски, на 24. XI беа пречекани на граничниот премин Деве Баир, од страна на Митрополитот Николај и директорот за вероисповедание при владата на Република Бугарија, со државен протокол и придружба на службени возила.

 

jordan release date | Men's Footwear

 

bugarija1

bugarija1

bugarija1

Предавањето на честицата од светите мошти се изврши на плоштадот во Пловдив, каде што Митрополитот Николај ги презеде од Митрополитот Тимотеј, и веднаш направи молебен на бината, специјално подготвена за овој настан. Тука беа изразени поздрави до Светиот архиерејски синод на Македонската православна црква и до Митрополитите Тимотеј и Иларион, и изразија голема благодарност за исполнувањето на молбата со љубов и штедрост. Моштите литијно беа внесени во митрополитската црква „Света Марина", каде што митрополитот Русински, г. Неофит отслужи празнична вечерна богослужба. На свеченостите по овој повод беа присутни повеќе архиереи на Бугарската православна црква: Митрополитот Видински, г. Дометијан, Митрополитот Ловечки, г. Гаврил, Митрополитот Плевенски, г. Игнатиј, домаќинот, Митрополитот Пловдивски, г. Николај, епископот Сиониј, ректор на Софиската духовна академија, викарниот епископ Антониј, како и многубројно свештенство и преподобно монаштво од Бугарската православна црква, како и од други помесни Православна цркви. За време на престојот, архиереите на Македонската православна црква, насекаде беа пречекани со братска љубов, со голема почит и благодарност, како од страна на претставниците на Бугарската православна црква, така и од државните претставници.

bugarija1

bugarija1

За време на престојот делегацијата посети повеќе знаменитости и цркви во Пловдив, како и прочуениот манастир „Бачковски”. Се надеваме и просиме од Бога да благослови вакви братски средби да се реализираат и со останати браќа архиереи, како на Бугарската православна црква, така и на другите помесни, сестрински Православни цркви.

bugarija6

bugarija7

bugarija8

bugarija1

bugarija1

bugarija1

bugarija1

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Април 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
30 31 1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 1 2 3