Во текот на подготовките за одбележување на 45-годишнината од возобновувањето на Охридската архиепископија во лицето на Македонската православна црква во нашата епархија и прогласувањето на монасите Евнувиј, Пајсиј и Аверкиј за преподобномаченици, а со благослов на Неговото Високопреосвештенство г. Тимотеј, деновиве излезе од печат книгата „СВЕТИ ПРЕЧИСТАНСКИ МАЧЕНИЦИ“. Уредник на книгата е архимандрит Партениј (Фиданоски), игумен на манастирот „Св. Јован Крстител- Бигорски“, а лектор е г-дин Бобан Митевски.

Книгата е поделена во шест поглавја и тоа: Предговор од Митрополитот Дебарско-кичевски г.Тимотеј, Одлука на САС на МПЦ-ОА за вбројување на преподобномачениците во диптихот на светиите, Житие на пречистанските преподобномаченици, Служба на истите, Тропари во невматски запис на светителите и Историјат на ман. „Света Пречиста Кичевска“ од д-р Сашо Цветковски. Се надеваме дека ова дело добро ќе нè запознае со новите светители, но и ќе придонесе за проширување на нивниот култ.

Повеќе...

Од печат излезе и вториот том од поуките на старец Пајсиј Светогорец, под наслов "Духовно будење", а во превод на свештеник Димче Азески. Во ова прекрасно дело на старецот Пајсиј, чија цел е да ја разбуди во нас "добрата грижа", верните може да се поучат за "Одговорноста на љубовта", "Подвигот и побожноста", "Духовната смелост", "Зависноста од небото", како и за "Духовното оружје".

Повеќе...

Почитувани верници!

Изминатата 2012 година, освен како година на големиот Јубилеј 45 години од прогласување на автокефалноста на Македонската православна црква, ќе остане запаметена и по многу други настани, а особено по првите две канонизации извршени во МПЦ, се разбира, во нејзината понова историја. За сите овие настани и Јубилеи, а со посебен осврт на настаните во Дебарско-кичевската епархија, можете да прочитате и да се информирате во новото издание на Светиклиментово слово, кое веќе 24 години нè информира и поучува. Во годинешното издание е поместена и службата на светите новопрогласени пречистански преподобномаченици Евнувиј, Пајсиј и Аверкиј. Во богословскиот дел ќе се запознаете со навистина поучни текстови, кои разработуваат теми кои се постојано актуелни и интересни за читање, со оглед на тоа дека се напишани од луѓе кои се наши современици. Навистина вреден за спомнување е и текстот на Митрополит Дебарско-кичевски г. Тимотеј со наслов „Кратка историја – процес за канонизирање на Божји угодници во православната црква", текст кој веќе еднаш е објавен, но сега ви го презентираме дополнет со условите и начинот на канонизација на Божјите угодници во Македонската православна црква. Во преостанатиот дел можете да се информирате и за новите хиротонии, ракополагања, монашења, осветувања и слично. Од името на нашиот Митрополит и на целата епархија, ви ја честитаме новата 2013 година, со желби за многу здравје, љубов, успех, а со молитва кон Бога, Он секогаш да ве води на патот на спасението. Среќно и од Бога благословено 2013 лето!

Повеќе...

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Април 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
30 31 1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 1 2 3