rajcica

Манастирот „Свети Георгиj Победоносец", се наоѓа на два километри од Дебар и е метох на Бигорскиот манастир „Свети Јован Крстител". Манастирот датира од XVIII век. Централниот манастирски храм, кој е посветен на свети Георгиj, е изградена во 1835 година, а денес во него се чува честица од Крстот на кој бил распнат Спасителот, Господ Исус Христос, и дел од раката на свети Георгиj, кој пристигнува во манастирот во ноември 2003 година од Света Гора. Храмот е изграден во вид на еднокорабна црква, зацврстена со пилистари во централниот дел, од каде се издигнува кубе со осмострана купола. На западниот дел има травеј со слепа кaлота на средината и полусводови од страните.

Во храмот има резбан иконостас, кој е изработен во 1835 година, царски двери од XIX век, а на иконостасот се наоѓа крст со Распетието Христово во резба, кој потекнува од XVI век. Фрескоживописот во црквата е почнат во 1835 година од Михаил и монах Даниил (син на Михаил, чие световно име било Димитар), а е досликан во периодот од 1840 до 1852 година од Дичо Зограф.

Во текот на XX век, животот во манастирот замира, а од манастирските градби единствено црквата е сочувана во добра состојба, додека конаците пропаѓаат. Но со иницијатива на архимандритот Партениј, под чие духовно раководство се наоѓа денес манастирот и благослов на надлежниот архиереј, митрополит Тимотеј, братството на Бигорскиот манастир, преку срдечната помош на многу добронамерници, почнува да ги обновува конаците. Така, по срдечните молитвени прозби упатени кон свети Георгиj, на 27 септември 1999 година, на празникот Крстовден, е поставен камен темелник за изградба на нови конаци. Со осветувањето на конаците на 4 јуни 2001 година, од страна на архиепископот Охридски и македонски Стефан и митрополитите, дебарско-кичевски Тимотеј и струмички Наум, се создаваат услови за обнова на женското монаштво во овој манастир (денес во манастирот живеат десетина монахињи). Истата година е поставен и централниот полиелеј во манастирскиот соборен храм, а наредната година е реставриран и е освежена златната боја на иконостасот. Во состав на манастирскиот конак се наоѓа и параклис посветен на свети Григориј Палама, свети Јован Кукузел и свети Нектариј Битолски, кој е целосно фрескописан (сликањето на фреските почнува летото 2003 година, а е дело на Антонио и Васе Ќуркоски) и осветен на 27 февруари 2005 година. Параклисот има резбан иконостас од дрво, кој е поставен во 2004 година. Иконите на овој иконостас се дело на сестрите од манастирот „Свети Стефан" – Жабско. Една од главните дејности на сестрите од Рајчица, покрај држењето на секојдневното послушание, е и изработката на митри, кои во Македонија се изработуваат единствено на ова место, потоа грижата за просветно мисионерската дејност на двата манастира, изразена преку превод и издавање на книги и текстови со теолошка тематика. Исто така, во рамките на манастирот постои и зографска работилница, каде се сликаат свети икони, а сестрите се занимаваат и со шиење на мантии и други делови од монашката и свештеничката облека. Како и Бигорскиот манастир, така и Рајчица е вистинско духовно светило, не само во Дебарско-кичевската епархија, туку и во целата Македонска православна црква. Молитвите на сестринството и нивната гостопримливост се вистински духовен дар за православниот народ и за сите поклоници.

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Декември 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
30 1 2 3 4 5 6
7 8 9 10 11 12 13
14 15 16 17 18 19 20
21 22 23 24 25 26 27
28 29 30 31 1 2 3