Прва охридска парохија

Втора охридска парохија

Трета охридска парохија

Четврта охридска парохија

Петта охридска парохија

Шеста охридска парохија

Седма охридска парохија

Осма охридска парохија

Деветта охридска парохија

Белчишка парохија

Велгошка парохија

Велмејска парохија

Коселска парохија

Мешеишка парохија

Пештанска парохија

Слатинска парохија

Требенишка парохија

Прва охридска парохија
Црква "Света Богородица Перивлепта" - Охрид,
тел. бр. 046-266-393
Парохиски свештеник Димче Ѓорѓиески, ул. Рашанец бр. 95 - с. Лескоец,
тел. бр. 046-258-207 и 070-647-661

Оваа парохија ја сочинува стариот дел на градот Охрид под Самуиловата тврдина, уште познат како Кале.

Парохиски свештеник е Димче Ѓорѓиески. Роден е на 28. Х 1969 година во Охрид. Основно училиште завршил во с. Лескоец, а средно образование завршил во Македонската православна богословија "Свети Климент Охридски" во Скопје. За ѓакон е ракоположен на 07. VII 2000 година, а за свештеник на 14. VII 2000 година од страна на Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј. На парохиска служба во првата охридска парохија стапил на 01. VI 2002 година.

- централна парохиска црква "Света Богородица Перивлепта" - изградена во 1295 година од византискиот намесник Прогон Згур, во време на Архиепископ Макариј. Фрескоживописот е дело на познатите зографи Михаило и Евтихиј. Во XV век, кога манастирот "Св. Пантелејмон" - Плаошник бил претворен во џамија, моштите на св. Климент Охридски биле пренесени во оваа црква, поради што таа го добила името "Свети Климент". Таму се чувале до 1952 година, кога поради режимот во тој период биле пренесени во црквата "Св. Никола Ѓеракомија". Таму останале до 22. IX 1991 година, кога со одлука на САС на МПЦ се изврши свечена литија со нив низ епархиските центри во Република Македонија, после што повторно светите мошти се поставија во црквата "Света Богородица Перивлепта" на 05. Х 1991 година. Таму останаа до возобновувањето на Светиклиментовиот манастир на Плаошник, каде што после пет векови повторно се вратија.

- црква "Света Софија" - катедрална црква на древната Охридска Архиепископија. Изградена на темели од ранохристијанска базилика. Денешниот изглед е од времето на Охридскиот Архиепископ Леон (1037-1056), кој го обновил и проширил овој катедрален храм. Фрескоживописот, по изборот на композициите, нивниот распоред и монументалност, е еден од најубавите достигнувања на византиската уметност од XI век. Неговото откривање предизвика исклучително внимание на светската и научна јавност. Величенствената припрата, уште позната како "Грегориева галерија" е дело на Охридскиот Архиепископ Григориј, изградена во 1313-1314 година. Тоа е една од најубавите градби од тој вид на византиската и македонската градителска култура. "Грегориевата галерија" била фрескоживописана кон крајот на XIV век, од страна на зографот Јован Теоријан и неговите ученици, претставници на охридските работилници. Во втората половина на XV век црквата е претворена во џамија. Тогаш се извршени најголемите измени. Фреските биле покриени со вар, куполата на црквата била срушена и срамнета со покривот и била отстранета старата олтарна мермерна преграда. По иницијатива на надлежниот Митрополит Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во 2000 година, од црквата беше отстранет последниот елемент на друговерците - мимбарот. Со тоа се отворија вратите за возобновување на оваа катедрална црква на Охридската Архиепископија. Благодарение на милоста Божја и несебичното ангажирање и жртвите што ги понесе надлежниот Митрополит г. Тимотеј, заедно со целокупниот тим, во 2002 година повторно се врати литургискиот живот и првобитниот сјај на оваа катедрала. И со тоа продолжи да сведочи и да биде она што отсекогаш била - соборен храм на Охридската Архиепископија, како во минатото така и во сегашноста и во иднината.

- црква "Свети Никола" - Ѓеракомија - во основа трикорабна базилика, изградена во XIX век. Не е целосно фрескоживописана. Живописот во сводовите на северниот и јужниот кораб и трите слепи куполи се дело на Дичо Зограф, додека олтарниот дел е дело на фрескоживописци од село Опеница - Охрид и се со послаб квалитет. Внатрешноста на храмот го краси насликаниот иконостас, изработен од Дичо Зограф во 1862 година.

- црква "Свети апостол и евангелист Јован Богослов" - Канео - се наоѓа на карпа над самото езеро, западно од рибарската населба Канео. Изградена е во времето на охридското семејство Теологи, кои во историските извори се спомнуваат од 1200 година па се до втората половина на тоа столетие. Фрескоживописот е од XIII век. Интересно е да забележиме дека во оваа црква е крунисан епирскиот деспот Теодор и Ангел Дука за солунски цар, од страна на Охридскиот Архиепископ Димитриј Хоматијан, во првата половина на XIII век, кога и е изградена и живописана оваа црква.

- црква "Свети великомаченик Димитриј Мироточиви" - се вбројува во редот на помалите охридски цркви кои се изградени и живописани во XIV век. Се наоѓа недалеку од Горна порта, на излезот од дворот на црквата "Св. Богородица Перивлепта". Не се сочувани историски податоци за изградбата на оваа еднокорабна црква со тристрана олтарна апсида. Фрескоживописот е поделен во три зони и е дело на непознат зограф со високи уметнички квалитети. Карактеристичен за оваа црква е и "Големиот змиски крст", кој потекнува од XVII век.

- црква "Рождество на Пресвета Богородица и Света Петка" - сместена е во карпа под црквата "Св. ап. и ев. Јован Богослов", во населбата Канео. Темелите се осветени на 13. Х 1993 година, а осветена е на 01. XI 1998 година од страна на Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј. Едокорабна црква градена на две нивоа: првото ниво е посветено на "Св. Петка" и на ова ниво има вода, а второто ниво е повисоко и е посветено на "Рождество на Пресвета Богородица". Фрескоживописот и иконописот е дело на уметникот Тони Минцов.

- црква "Свети Четириесет Севастополски Маченици" - руинирана. Се прават напори за подигање и возобновување на оваа црква. Според остатоците од фрескоживописот може да се заклучи дека потекнува од византискиот временски период.

- црква "Свети Никола Чудотворец" - еднокорабна црква, ѕидана од камен. Моментално од северната страна, во висина, половина од црквата е под земја. Од она што може да се види на фреските во коработ и во олтарниот дел, може да се заклучи дека потекнува од византиски временски период. Односно, Богородица насликана со Христос во рацете е некаде од IX - Џвек, а фреската што се наоѓа на западниот ѕид Успение на Пресвета Богородица е од XII - XIV век.

- црква "Света великомаченица Варвара" - изградена во 1965 година. На самото место постоело камарче во кое стоела иконата на св. в-мца Варвара, кое што и денес постои на северниот ѕид. После уривањето на придружните објекти и демонтирањето на иконостасот на црквата "Св. Јован" - Канео, истиот е монтиран во оваа црква, а иконите се сместени внатре во црквата со цел да се заштитат.

- црква "Света Богородица - Панданос" - се наоѓа над познатиот охридски амфитеатар, на улица Кузман Капидан. Изградена е на темели од стара средновековна црква.

- црква " Свети Врачи - Мал" - еднокорабна црква со живопис од XIV век. Нема податоци за времето на градење. Единствено во оваа и во црквата "Св. Вознесение" с. Лескоец е насликан Свети Климент, кој како патрон и заштитник на Охрид е претставен со модел на градот, кој го држи во левата рака. Она што импресионира во оваа црква е сочуваниот дрвен иконостас. Бидејќи најстарата фрескодекорација во оваа црква потекнува приближно од 1325 година, тогаш и овој иконостас би требало да потекнува од овој период, нарачан од истиот ктитор.

- црква "Свети Никола Болнички" - изградена и живописана во 1313 година од непознат зограф. Црквата е еднокорабна со засводен полукружен свод. На нејзината западна страна се наоѓа камбанарија - преслица единствена во Македонија, изградена под влијание на приморската архитектура. За прв пат се споменува во еден документ за имотот на црквата "Света Богородица Перивлепта". Во XV век на јужната страна од црквата дограден е параклис, од кој денес е сочуван апсидалниот дел со претставата "Причестувањето на апостолите". Во дворот на оваа црква се наоѓаат остатоците од градските ѕидини, кои од Самоиловата тврдина се спуштале до самото езеро.

- црква "Света Богородица Болничка" - до денес не се откриени пишувани податоци за нејзиното живописување, но според изведбата на градењето и според анализата на живописецот оваа црква припаѓа на малите еднокорабни охридски цркви, од вренето на XIV век. Црквата претрпела повеќе измени и тоа во XVI и XVII век, а последен пат во оваа црква се интервенирало во 1834 година, кога повторно е живописана на малтер нафрлен врз стариот живопис. По конзерваторските работи во 1959-1960 година, живописот од 1834 година е остстранет и се наоѓа како експонат во тремот. Инаку постариот фрескоживопис е дело на непознат локален зограф со големо чувство за компонирање на боите, и е еден од подобрите остварувања во Охрид. Иконостасот е изработен од ореово дрво, од вештите раце на Никола Дарковски Караџовик од с. Лазарополе во 1833 година, и се вбројува помеѓу најзначајните дела на мијачките копаничари од минатиот век. Околу црквата се наоѓаат повеќе гробови на монаси или игумени, како и заедничка гробница.
Двете цркви се нарекуваат болнички според маалото во кое се наоѓаат, бидејќи според раскажувањето на постарите жители во средниот век тука постоела болница.

- црква "Мал Свети Климент Охридски" - и оваа црква припаѓа на малите еднокорабни охридски цркви од XIV век. Фрескосликарството на непознатиот локален зограф е едно од подобрите остварувања во Охрид. Треба да се спомене дека во XIV век, кога манастирот "Свети Пантелејмон" е претворен во џамија, моштите на св. Климент се пренесени токму во оваа црква.

- црква "Свети Константин и Елена" - се наоѓа на доминантно место, во стариот дел на градот во непосредна близина на црквата "Св. Богородица Перивлепта". Над јужниот влез од внатрешноста е откриен натпис од кој дознаваме дека црквата е изградена и фрескоживописана во 1477 година. Во архитектонски поглед оваа црква е еднокорабна со попречен полуоблест свод. Подоцна од јужната страна е доѕидан мал параклис посветен на света великомаченица Параскева. Во внатрешноста целата црква е фрескоживописана.

Втора охридска парохија
Црква "Успение на Пресвета Богородица" - Каменско - Охрид,
тел. бр. 046-267-832
Парохиски свештеник Сашо Богдановски, ул.Рашанецб.б. - село Лескоец,
тел. бр. 046-256-981 и 070-331-450

Во состав на оваа парохија е дел од градот Охрид.
Парохиски свештеник е Сашо Богдановски. Роден е на 23. В 1965 година во село Добрушево - Битолско, каде што завршил основно образование. Средно образование завршил во Македонската православна богословија "Св. Климент Охридски" - Скопје. За ѓакон е ракоположен на 22. III 1986 година, а за свештеник на 23. III 1986 од страна на Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј. На парохиска служба во оваа парохија е од 01. X 2000 година.
Централна парохиска црква е "Успение на Пресвета Богородица" - Охрид - изградена во 1832 година. Фрескоживописот и иконите на иконостасот се дело на познатиот македонски зограф Дичо Зограф, изработени во 1863 година. Во 1991 година изградена е административна зграда. Во септември и октомври 2002 година, од страна на Заводот за заштита на спомениците на културата и Народен музеј - Охрид, извршено е чистење и конзервација на фрескоживописот. На 28. V 2004 година завршено е фрескоживописувањето на западната страна на црквата, која не беше живописана. На 15. VI 2004 година завршено е поплочувањето на подот со мермер гранит, а во месец декември 2006 година извршено е проширување на дворот, под кого се направени магацини, и негово партерно уредување.

Охрид:
- црква "Свети архангел Михаил" - камен-темелникот е осветен и поставен во 1985 година, а осветена е на 19. IX 1988 година од страна на Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј. Проектант на црквата е архитект Тодор Паскали, а главен донатор е г-дин Станко Диниќ од Охрид. Фрескоживописот е дело на уметникот Драган Ристески од Охрид, додека иконостасот, во резба, е изработен од ЕМО - Охрид.

- црква "Света Богородица - Челница" - се наоѓа југоисточно од црквата "Мали Св. Врачи". Изградена е на темели од средновековна црква. Од источната страна се потпира на градските ѕидини, каде е откриена градска порта, која ја сметаат за еден од трите влеза во стариот дел на градот.
Поради својот план на двокорабна градба, оваа црква е единствена во Македонија. Зачувани се фрагменти од фрески кои според стилските карактеристики му припаѓаат на охридското ѕидно сликарство од XIV век. Кон крајот на XIX век Дичо Зограф ја живописувал црквата, а во 1901 година и Коле Момиров работел некои фрески.

Во состав на оваа парохија е и манастирот "Свети Стефан" - населба Свети Стефан, кој е изграден во 13-14 век.

Трета охридска парохија
Црква "Успение на Пресвета Богородица" - Каменско - Охрид,
тел. бр. 046-267-832
Парохиски свештеник Љупчо Симиџиоски, ул. Андреј Јовановски бр.1 9 - Охрид,
тел. бр. 046-264-395 и 070-785-780

Во состав на оваа парохија е дел од градот Охрид.
Парохиски свештеник е Љупчо Симиџиоски. Роден е на 08. XI 1960 година во село Јабланица - Струга, каде што завршил основно образование. Средно образование завршил во Македонската православна богословија "Свети Климент Охридски" - Скопје. За ѓакон е ракоположен на 08. X 1982 година, а за свештеник на 10. X 1982 година од страна на Митрополитот Тимотеј. На парохиска служба во оваа парохија е од 20. II 1996 година.
Централна парохиска црква е "Успение на Пресвета Богородица" - Охрид - изградена во 1832 година. Фрескоживописот и иконите на иконостасот се дело на познатиот македонски зограф Дичо Зограф изработени во 1836 година. Во 1991 година изградена е административна зграда. Во септември и октомври 2002 година, од страна на Заводот за заштита на спомениците на културата и Народен музеј - Охрид, извршено е чистење и конзервација на фрескоживописот. На 28. V 2004 година завршено е фрескоживописувањето на западната страна на црквата, која не беше живописана. На 15. VI 2004 година завршено е поплочувањето на подот со мермер гранит, а во месец декември 2006 година извршено е проширување на дворот, под кого се направени магацини, и негово партерно уредување.

Охрид:
- црква "Свети архангел Михаил" - камен-темелникот е осветен и поставен во 1985 година, а осветена е на 19. IX 1988 година од страна на Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј. Проектант на црквата е архитект Тодор Паскали, а главен донатор е г-дин Станко Диниќ од Охрид. Фрескоживописот е дело на уметникот Драган Ристески од Охрид, додека иконостасот, во резба, е изработен од ЕМО - Охрид.

- црква "Света Богородица - Челница" - се наоѓа југоисточно од црквата "Мали Св. Врачи". Изградена е на темели од средновековна црква. Од источната страна се потпира на градските ѕидини, каде е откриена градска порта, која ја сметаат за еден од трите влеза во стариот дел на градот.
Поради својот план на двокорабна градба, оваа црква е единствена во Македонија. Зачувани се фрагменти од фрески кои според стилските карактеристики му припаѓаат на охридското ѕидно сликарство од XIV век. Кон крајот на XIX век Дичо Зограф ја живописувал црквата, а во 1901 година и Коле Момиров работел некои фрески.
Во состав на оваа парохија е и манастирот "Свети Стефан" - населба Свети Стефан, кој е изграден во 13-14 век.

Четврта охридска парохија

Црква "Успение на Пресвета Богородица" - Каменско - Охрид,
тел. бр. 046-267-832
Моментално нема парохиски свештеник. Ја опслужуваат свештениците од II и III Охридска парохија.

Во состав на оваа парохија е дел од градот Охрид.
Централна парохиска црква е "Успение на Пресвета Богородица" - Охрид - изградена во 1832 година. Фрескоживописот и иконите на иконостасот се дело на познатиот македонски зограф Дичо Зограф, изработени во 1863 година. Во 1991 година изградена е административна зграда. Во септември и октомври 2002 година, од страна на Заводот за заштита на спомениците на културата и Народен музеј - Охрид, извршено е чистење и конзервација на фрескоживописот. На 28. V 2004 година завршено е фрескоживописувањето на западната страна на црквата, која не беше живописана. На 15. VI 2004 година завршено е поплочувањето на подот со мермер гранит, а во месец декември 2006 година извршено е проширување на дворот, под кого се направени магацини, и негово партерно уредување.

Охрид:
- црква "Свети архангел Михаил" - камен-темелникот е осветен и поставен во 1985 година, а осветена е на 19. IX 1988 година од страна на Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј. Проектант на црквата е архитект Тодор Паскали, а главен донатор е г-дин Станко Диниќ од Охрид. Фрескоживописот е дело на уметникот Драган Ристески од Охрид, додека иконостасот, во резба, е изработен од ЕМО - Охрид.

- црква "Света Богородица - Челница" - се наоѓа југоисточно од црквата "Мали Св. Врачи". Изградена е на темели од средновековна црква. Од источната страна се потпира на градските ѕидини, каде е откриена градска порта, која ја сметаат за еден од трите влеза во стариот дел на градот.
Поради својот план на двокорабна градба, оваа црква е единствена во Македонија. Зачувани се фрагменти од фрески кои според стилските карактеристики му припаѓаат на охридското ѕидно сликарство од XIV век. Кон крајот на XIX век Дичо Зограф ја живописувал црквата, а во 1901 година и Коле Момиров работел некои фрески.
Во состав на оваа парохија е и манастирот "Свети Стефан" - населба Свети Стефан, кој е изграден во 13-14 век.

 

Петта охридска парохија
Црква "свети великомаченик Георгиј" - Охрид,
тел. бр. 046-261-673
Парохиски свештеник протојереј ставрофор Ефтим Бетински, ул. Туристичка бр. 97/35 - Охрид, тел. бр. 046-271-717 и 070-688-733

Во состав на оваа парохија се дел од градот Охрид и селото Рамне.
Парохиски свештеник е протојереј ставрофор Ефтим Бетински. Роден е на
27. III 1954 година во Берово, каде што завршил основно образование. Средно образование завршил во Македонската православна богословија "свети Климент Охридски" - Скопје. За ѓакон е ракоположен на 04. III 1978 година, а за свештеник на 05. III 1978 година од страна на тогашниот Митрополит Дебарско-кичевски Ангелариј. На парохиска служба во оваа парохија е од 01. XII 1997 година.

Централна парохиска црква е "Свети великомаченик Георгиј" - Охрид -изградена во 1834. Дел од фрескоживописот е од тој период, во преродбенски стил, додека наосот (бродот) на црквата е фрескоживописан од Ѓорѓи Крстевски од Охрид, а олтарот е живописан од Драган Ристески од Охрид. Покрај црквата во ХХ век, од западната и јужната страна, изградени се затворени тремови. На јужната страна, покрај тремот, во 1984-5 година изградена е крстилница со фрескоживопис од уметникот Драган Ристески.
Во дворното место на црквата изградени се канцеларии за свештениците и народна трпезарија за 200 луѓе, која се употребува и за одржување на веронаука и за настава за изучување на странски јазици и слично. Изградена е во 1990 година и осветена од страна на Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј.

Село Рамне:

- црква "Свети пророк Илија"- според натписот што се наоѓа над влезната врата, црквата е изградена во 1907 година. Таа е еднокорабна, со галерија на кат и купола. За изградбата употребен е кршен камен и делкан бигор. Од натписот во внатрешноста се дознава дека е живописана во 1944 година, од страна на Рафаил Крстев и син му Крсте од с. Лазарополе. Во периодот од 1984 - 1995 година, со помош на селаните се изградени: црковната трпезарија, камбанаријата и сменет е кровот на црквата.

- црква "Свети Атанасиј" - изградена на темели од постара црква, во периодот од 1967 - 2000 година. Според натписот градена е со помош на селаните, а мајстор бил Симон Ристески, додека фрескоживописот е дело на Марјан Ристески од с. Велгошти. Таа е еднокорабна, градена со обработен камен. Во внатрешноста на црквата има извор на лековита вода, а од југоисточната страна на црквата изградена е трпезарија.

Шеста охридска парохија
Црква "свети великомаченик Георгиј" - Охрид,
тел. бр. 046-261-673
Парохиски свештеник протојереј Димитрие Кочоски, ул. Питу Гули бр. 212 - Охрид,
тел. бр. 046-262-878

Во состав на оваа парохија се дел од градот Охрид и селото Рамне.
Парохиски свештеник е протојереј Димитрие Кочоски. Роден е на 12. Х 1946 година во Охрид, каде што завршил основно и средно образование. Дипломирал на Теолошкиот факултет во Белград. За ѓакон е ракоположен на 27. Х 1976 година, а за свештеник на 3. ХИ 1976 година од тогашниот епископ Пелагониски и администратор Дебарско-кичевски г. Ангелариј. На парохиска служба во Шестата охридска парохија стапил на 01. И 1984 година.

Централна парохиска црква е "Свети великомаченик Георгиј" - Охрид -изградена во 1834. Дел од фрескоживописот е од тој период, во преродбенски стил, додека наосот (бродот) на црквата е фрескоживописан од Ѓорѓи Крстевски од Охрид, а олтарот е живописан од Драган Ристески од Охрид. Покрај црквата во ХХ век, од западната и јужната страна, изградени се затворени тремови. На јужната страна, покрај тремот, во 1984-5 година изградена е крстилница со фрескоживопис од уметникот Драган Ристески.
Во дворното место на црквата изградени се канцеларии за свештениците и народна трпезарија за 200 луѓе, која се употребува и за одржување на веронаука и за настава за изучување на странски јазици и слично. Изградена е во 1990 година и осветена од страна на Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј.

Село Рамне:

- црква "Свети пророк Илија"- според натписот што се наоѓа над влезната врата, црквата е изградена во 1907 година. Таа е еднокорабна, со галерија на кат и купола. За изградбата употребен е кршен камен и делкан бигор. Од натписот во внатрешноста се дознава дека е живописана во 1944 година, од страна на Рафаил Крстев и син му Крсте од с. Лазарополе. Во периодот од 1984 - 1995 година, со помош на селаните се изградени: црковната трпезарија, камбанаријата и сменет е кровот на црквата.

- црква "Свети Атанасиј"- изгрдена на темели од постара црква, во периодот од 1967 - 2000 година. Според натписот градена е со помош на селаните, а мајстор бил Симон Ристески, додека фрескоживописот е дело на Марјан Ристески од с. Велгошти. Таа е еднокорабна, градена со обработен камен. Во внатрешноста на црквата има извор на лековита вода, а од југоисточната страна на црквата изградена е трпезарија.

Седма охридска парохија
Црква "свети великомаченик Георгиј" - Охрид,
тел. бр. 046-261-673
Парохиски свештеник Кирил Јованоски, ул. Богомилска 58 А - Охрид,
тел.бр. 046-263-921 и 070-749-700

Кон оваа парохија, која се наоѓа на периферијата на градот Охрид, гравитираат и се припоени селата Лескоец и Скребатно.
Парохиски свештеник е Кирил Јованоски. Роден е на 11. II 1958 година во село Вапила - Охридско, каде што завршил основно образование. Средно образование завршил во Македонската православна богословија "свети Климент Охридски" - Скопје. За ѓакон е ракоположен на 15. VI 1978 година, а за свештеник на 18. VI 1978 година од страна на тогашниот Митрополит Дебарско-кичевски Агатангел. На парохиска служба во оваа парохија стапил на 01. IV 2001 година.

Централна парохиска црква - "Свети великомаченик Георгиј" - Охрид -изградена во 1834. Дел од фрескоживописот е од тој период, во преродбенски стил, додека наосот (бродот) на црквата е фрескоживописан од Ѓорѓи Крстевски од Охрид, а олтарот е живописан од Драган Ристески од Охрид. Покрај црквата во ХХ век, од западната и јужната страна, изградени се затворени тремови. На јужната страна, покрај тремот, во 1984-5 година изградена е крстилница со фрескоживопис од уметникот Драган Ристески.

Село Лескоец:
- црква "Вознесение Христово - св. Спас"- изградена во 1462 година. Таа е еднокорабна, со полуоблест свод и тристрана апсида. Во 1989 година, на западната и на јужната страна, изграден е трем. Фрескоживописот е добро сочуван. Во деведесеттите године од минатиот век црквата добива нов кров, нова припрата и камбанарија.

- црква "Свети апостол Тома" - камен-темелник е осветен и поставен на 17. IV 1997 година, а осветена е на 11. XI 2001 година од страна на надлежниот Митрополит Дебарско-кичевски г. Тимотеј. Зографисана е од академскиот уметник Драган Ристески од Охрид.

- црква "Свети Никола" - изградена е на темели од постара црква, во 1995 година. Таа еднокорабна, со покрив на две води и комплетно фрескоживописана.

- црква "Свети Илија" - камен-темелникот е осветен на 27. VII 1996 година, а осветена е на 29. VII 2007 година од страна на Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј во сослужение на Митрополитот Брегалнички г. Иларион. Целосно фрескоживописана од рацете на уметникот Драган Ристески од Охрид.

- параклис "Свети Наум" - подигнат во втората половина на ХХ век.

Село Скребатно:
- црква "Успение на Пресвета Богородица" - изградена во 1922 година од кршен камен. Фрескоживописот е од 1929 година, изработен од Крсте Николов и син му Рафаил од с. Лазарополе.

- црква "Свети Константин и Елена" - камен-темелник е осветен и поставен на 10. IX 1999 година. Градењето е во завршна фаза и во тек е подготовка за нејзино осветување.

- црква "Света Недела" - темелите се осветени на 20. VII 2004 година. Градбата е во тек.

- црква "Лазарево Воскресение" - градски гробишта Охрид - градбата е во тек, а архитект на истата е Тодор Паскали.

Осма охридска парохија
Црква "Света Троица" - ул. 130, населба Радојца Новичиќ - Охрид,
тел. бр. 046-260-425
Парохиски свештеник Ромео Петрески, ул. Галичица
тел. бр. 046-261-192 и 075-425-268

Во состав на оваа парохија се северниот дел на градот Охрид и селата Горно Лакочереј, Долно Лакочереј и Орман.
Парохиски свештеник е Ромео Петрески. Роден е на 03.VI 1971 година во Охрид, каде што завцршил основно образование. Средно образование завршил во Македонската православна богословија "св. Климент Охридски" - Скопје. За ѓакон е ракоположен на 09. XII 1997 година, а за свештеник на 14. XII 1997 година од страна на Митополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј. На парохиска служба во оваа парохија е од 01. VI 2002 година.

Охрид:
- црква "Света Троица" - осветена на 15. VII 1990 година.
Село Горно Лакочереј:

- црква "Свети Никола - Талалеј" - изградена на темели на црква од XIX век и осветена на 4 јуни 1995 година од Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј.

- црква "Свети Атанасиј" - изградена во 1963 година.

Село Долно Лакочереј:
- црква "Света Недела" - изградена во 1971-73 година, на темели од постара црква, а осветена е во 1974 година од страна на Митрополитот Дебарско-кичевски г. Методиј. Таа е еднокорабна, градена од камен и има три апсиди, со осумстрана купола. Фрескоживописана е од страна на Јоне Симонче од Охрид.

Село Орман:
- црква "Свети Наум" - изградена во 1970 година. Таа е еднокорабна, градена од кршен камен со полукружна апсида на источната страна.

Деветта охридска парохија
Црква „Свети Никола“ - Долна Маала - Охрид
Парохиски свештеник Сашо Ристески, ул. Момчило Јорданоски бр. 239 - Охрид
тел. бр. 046-269-369 и 070-307-189

Оваа парохија ја сочинуваат дел од градот Охрид, селото Велестово и населба Рача.
Парохиски свештеник е Сашо Ристески. Роден е на 25. V 1974 година. Основно училиште завршил во Битола, средно Електротехничко училиште во Охрид. Дипломирал на Богословскиот факултет „Свети Климент Охридски“ во Скопје. За ѓакон е ракоположен на 14. I 2002 година, а за свештеник на 09. X 2005 година од страна на Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј. На парохиска служба во деветтата охридска парохија стапил на 15. II 2007 година.

- централна парохиска црква "Свети Никола Чудотворец" - според кажувањата на постари лица, кога Џеладин бег го запалил Моско Поле, поголем дел од влашкото население се доселило во Охрид и ја изградило оваа црква. Црквата е еднокорабна, засводена со две слепи кубиња. Не била фрескоживописана во тој период. Фрескоживописот кој денес може да се забележи е дело на уметнико Драган Ристески од Охрид. Иконостасот и допојасните престолни икони се од рацете на Дичо Зограф. Дверите на иконостасот и распетието не се вклопуваат според стиловите, и се смета дека се донесени од изгорената црква во Моско Поле.

Село Велестово:
- црква "Успение на Пресвета Богородица" - од XIV век.

- манастир "Света Троица" - темелите се осветени во 1986 година, осветена на 21. VIII 1989 година од страна на Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј. Ктитори на манастирот се Наум и Благуна Митрески од село Велестово.

Белчишка парохија
Црква "Свети Никола" - с. Белчишта,
Парохиски свештеник нема. Ја опслужува свештеник Душан Јорданоски (пензионер)

Во состав на оваа парохија се селата: Белчишта, Лешани, Злести, Ботун, Црвена Вода, Песочан , Ново Село и Грко Поле.
Парохиски свештеник нема. Моментално ја опслужува пензионираниот свештеник Душан Јорданоски. Роден е на 26. IV 1939 година во село Лешани - Охридско, каде што завршил основно образование. За ѓакон е ракоположен на 19. VIII 1964 година, а за свештеник на 20. VIII 1964 година од тогашниот Архиепископ Охридски и Македонски Доситеј.

Село Белчишта:
- црква "Свети Никола" - обновена во 1977 година. Иконостасот е од XIX век, од кога потекнуваат и престолните икони, насликани од Серафим Зограф и Аврам Дичов.

- црква "Свети Атанасие" - во изградба.

Село Лешани:
- црква "Свети Никола" - градена од 1909 до 1919 година, а осветена во 1920 година. Иконите на иконостасот се изработени од Русалим Крсев од Лазарополе во 1909 година.
- црква "Свети Петар" - с# уште неосветена
- црква "Свети Атанасие" - во изградба.
- црква "Успение на Пресвета Богородица" - возобновена во 1979 година.

Село Злести:
- црква "Свети Ѓеоргиј" - изградена во 1892 година.

- црква "Света Богородица - Пречиста" - во изградба.

Село Ботун:
- црква "Света Богородица" - изградена во 1895 година. Иконостасот потекнува од 1871 година, додека внатрешниот живопис делумно е пресликан во 1972 година.

- црква "Свети архангел Михаил" - изградена во 1974 година.

- црква "Света Богородица" - изградена во 1991 година.

Село Песочан:
- црква "Свети Кирил и Методиј" - изградена на крајот од ХХ век.

Село Ново Село:
- црква "Света Богородица"- изградена на темели од постара црква во почетокот на ХХ век.

- црква "Света Петка" - во изградба.

Велгошка парохија
Црква "Свети Пантелејмон" - с. Велгошти,
тел. бр. 046-288-109
Парохиски свештеник Никола Кипријанов, ул. Андреј Јованоски бр. 25А - Охрид,
тел. бр. 046-255-169 и 076-553-889

Оваа парохија ја сочинува само селото Велгошти.
Парохиски свештеник е Никола Кипријанов. Роден е на 26. XI 1955 година во Охрид, каде што завршил основно образование. Средно образование завршил во Македонската православна богословија "Св. Климент Охридски" во Скопје. За ѓакон е ракоположен на 26. VIII 1979 година, а за свештеник на 28. VIII 1979 година од страна на тогашниот митрополит Дебарско-кичевски г. Ангелариј. На парохиска служба во велгошката парохија стапил на 01. XI 1998 година.

- централна парохиска црква "Свети Пантелејмон" - изградена во 1872 година. Делумно фрескоживописана во 1944 година од страна на зографот Коста Иванов од Тресонче, а останатите делови во 1982 година, од страна на уметникот Марјан Ристески од село Велгошти.

- црква "Свети великомаченик Димитриј" - изградена во 1983 година, и осветена во истата година од Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј.

- црква "Света великомаченичка Недела" - камен-темелник осветен и поставен во 1981 година, а осветена е во 1987 година од страна на Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј. Фрескоживописана е делумно од уметникот Драган Ристески од Охрид, а делумно од Марјан Ристески од село Велгошти.

- црква "Свети пророк Илија" - изградена во 1937 година. Фртескоживописот и иконостасот се изработени во 1946 година, од страна на зографот Рафе Крстов Коловски од село Лазарополе. Возобновена е во 1970 година, и додаден е живопис, дело на уметникот Марјан Ристески од село Велгошти.

- црква "Свето Преполовение" - камен-темелникот е осветен и поставен на 25. V 1974, а осветена е во 1975 година од страна на Митрополитот Дебарско-кичевски г. Ангелариј. Фрескоживописот е дело на уметниците Драган Ристески од Охрид и Марјан Ристески од село Велгошти, и преосветена е од страна на Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во 1996 година.

- пештерска црква "Света Богородица" - опожарена во 1991 година, повторно се градела во периодот од 1991 - 1994 година и осветена на 21. V 1994 година од страна на Митрополитот г. Тимотеј. Иконостасот е дело на Љупчо Џамбазов, а живописот е дело на Марјан Ристески.

- црква "Свети Никола"- камен-темелник осветен и поставен на 22. V 1995 година, а осветена е на 20. V 2007 година од страна на Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј. Фрескоживописот е дело на уметникот Марјан Ристески.

- манастир "Света великомаченичка Параскева - Петка"

Велмејска парохија
Црква "свети Никола" - с. Велмеј
Парохиски свештеник нема. Ја опслужува свештеник Димко Димески.

Во состав на оваа парохија се селата: Велмеј и Брежани.
Парохиски свештеник нема. Моментално ја опслужува свештеник Димко Димески.

Село Велмеј:
- централна парохиска црква "Свети Никола" - од XIX век.
- црква "Свети Ѓорѓија"

Село Брежани:
- црква "Свети Атанасиј"
- манастир "Свети апостоли Петар и Павле" - осветен на 13. VII 2003 година од стана на Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј.

Коселска парохија
Црква "Свети Никола" - с. Косел,
Парохиски свештеник нема. Ја опслужува свештеник Никола Кипријанов.

Во состава на оваа парохија се селата: Косел, Опеница, Куратица, Плаќе, Речица, Завој, Свиништа, Вапила, Расино, Сирула и Ливоишта.
Парохиски свештеник нема. Моментално ја опслужува свештеник Никола Кипријанов.

Село Косел:
- централна парохиска црква "Свети Никола" - градена е од 1974-1975 година. Иконостасот и фрескоживописот се дело на зографот Доне Доневски од село Гари. Осветена е од Митрополитот Дебарско-кичевски г. Методиј.

- црква "Свети пророк Илија" - камен-темелник осветен и поставен на
14. V 1989 година, а осветена е на 01. VIII 2000 година од страна на Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј. Фрескоживописот е дело на уметникот Тони Милцов од Охрид.

- црква "Света великомаченичка Недела" - камен-темелник осветен и поставен на 08. IX 1996 година, а осветена е на 26. X 2004 година од страна на Митрополитот г. Тимотеј. Фрескоживописот е дело на уметникот Тони Милцов од Охрид, додека иконостасот, во резба, е изработен во ЕМО - Охрид.

- црква"Свети апостоли Петар и Павле" - во тек на изградба (камен-темелник осветен и поставен на 13. VI 2006 година).

- параклис "Свети Јован Крстител" - изграден во 1970 година, но не е извршено осветување ниту на камен-темелник ниту на параклисот.

Село Опеница:
- црква "Свети Никола" - изградена во 1924 година. Надворешноста и покривот се реконструирани во 2000 година. Стариот фрескоживопис е избришан, а од 2005 година се работи нов фрескоживопис од страна на уметникот Драган Ристески од Охрид.

- параклис "Свети великомаченик Ѓорѓи"

Село Куратица:
- црква "Свети Никола" - изградена во 1937 година.

- црква "Свети великомаченик Димитрија" - камен-темелник осветен и поставен на 02. VI 1997 година, а осветена е на 11. X 1999 година од страна на Митрополитот г. Тимотеј.

- црква "Успение на Пресвета Богородица" - во тек на изградба (камен-темелник осветен и поставен на 28. IV 2001 година од страна на митрополитот г. Тимотеј.

Село Речица:
- црква "Свети великомаченик Ѓорѓи" - потекнува од 1370 година (изградена на темели од постара црква). Фрескоживописот (според научните истражувања) потекнува од втората половина на XIV век, изработен од зографи од школата на зографот Јован Теоријан од Охрид.

- црква "Свети врачи Кузман и Дамјан" - камен-темелник осветен и поставен на 11. XI 2000 година, а осветена е на 18. X 2004 година од страна на Митрополитот г. Тимотеј. Фрескоживописот е дело на уметникот Драган Ристески од Охрид.

Село Плаќе:
- црква "Свети пророк Илија" - изградена во 1871 година. Од тој период потекнува и фрескоживописот.

- црква "Света великомаченичка Недела" - камен-темелник осветен и поставен на 11. VI 2000 година, а осветена е на 14. VII 2001 година од страна на Митрополитот г. Тимотеј.

Село Завој:
- црква "Рождество на Пресвета Богородица" - изградена во 1934. Фрескоживописана е во 70-те години на ХХ век од зографот Јонче Симонче.
- црква "Света Богородица" - во старото село. Изградена и осветена во 2006 година од страна на Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј.

Село Свиништа:
- црква "Свети Никола" - изградена во 1934 година.
- параклис "Успение на Пресвета Богородица"

Село Расино:
- црква "Свети Никола - Талалеј" - камен-темелник осветен и поставен на 16. VI 2002 година од страна на Митрополитот г. Тимотеј. Градбата е во тек.

Село Сирула:
- црква "Свети Никола" - реконструирана и осветена на 20. V 2005 година од страна на Митрополитот г. Тимотеј. Фрескоживописот е дело на уметникот Драган Ристески од Охрид.

Село Вапила:
- црква "Света великомаченичка Недела" - изградена во 1945 година.Фрескоживописана е од зографот Доне Доневски од село Гари. Во 2005 година извршена е реконструкција на покривот и е дофрескоживописана од страна на уметникот Драган Ристески од Охрид.

Село Ливоишта:
- црква "Свети Наум Охридски" - камен-темелник осветен и поставен во 1970 година, а осветена е во 1974 година од страна на Митрополитот Дебарско-кичевски г. Методиј.

Мешеишка парохија
Црква "свети апостоли Петар и Павле" - с. Мешеишта
Парохиски свештеник Димко Димоски, с. Лешани, тел бр. 046-286-255 и 071-698-002

Во состав на оваа парохија се селата Мешеишта, Волино и Климештани.
Парохиски свештеник е Димко Димоски. Роден е на 06. Х 1949 година во село Лешани, каде што завршил основно образование. Средно образование завршил во Македонската православна богословија "Св. Климент Охридски" во Скопје. За ѓакон е ракоположен на 07. I 1975 година, а за свештеник на 08. I 1975 година од страна на Митрополитот Полошко-кумановски г. Кирил. На парохиска служба во мешеишката парохија стапил на 14. II 1975 година.

Село Мешеишта:
- соборна црква "Свети апостоли Петар и Павле" - изградена во 1899 година. На јужната врата се запишани имињата на зографите: Димитрија, Ефтимија и Ѓорѓија од село Гари - Дебарско. Во внатрешноста на црквата се наоѓаат икони што потекнуваат од XVII, XVIII и XIX век.

- манастир "Свети Илија" - камен-темелник осветен и поставен на 02. VIII 2002 година од страна на Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј.
- црква "Свети Никола" - осветена во 1978 година.

Село Волино:
- црква "Света Богородица" - изградена во 1900 година. По својата градба таа е еднокорабна со трансепт. Трите апсиди (од источната, јужната и северната стана) се петтострани. Иконите се изработени од зографите Крсте Николов и син му Рафаил од с. Лазарополе, додека целосно е фрескоживописана во 1942 година.

- црква "Света Недела" - темелите се осветени на 18. IX 1994 година, а осветена е на 17. VII 2005 година од страна на Митрополитот Тимотеј. Фреските се дело на уметникот Драган Ристески и М. Лечиќ.

Село Климештани:
- црква "Свети Климент" - од XIX век.

Пештанска парохија
Црква "свети безсребреници Кузман и Дамјан" - с. Пештани, тел. бр. 046-285-221
Парохиски свештеник Атанас Казанџиски, ул. Мирче Ацев Д 2/12 - Охрид,
тел. бр. 046-254-212 и 070-593-553

Во состав на оваа парохија се селата: Пештани, Елшани, Горно и Долно Коњско, Трпејца како и населбите Елешец и Лагадин.

Парохиски свештеник е Атанас Казанџиски. Роден е на 18.XI.1970 во село Митрашинци - Берово, каде што завршил основно образование. Средно образование завршил во Македонската православна богословија "св. Климент Охридски" во Скопје. За ѓакон е ракоположен на 06.VI.1993 година, а за свештеник на 13. VI. 1993 година од страна на тогашниот Митрополит Брегалнички г. Стефан. На парохиска служба во пештанската парохија стапил на 01. X. 2000 година.

Село Пештани:
- централна парохиска црква "свети безсребреници Кузман и Дамјан" - возобновена во 1844 година. Делумно фрескоживописана во 1944 год. од зографот Рафаил Крстов со синовите Крсте и Владимир, додека олтарот и пантократот се фрескоживописани во 1997 год. од уметникот Драган Ристески од Охрид (сите фрескоживописи од поново време во оваа парохија се негово дело)

- црква "Света Троица" - камен-темелник е осветен и поставен на 01. VIII. 1996 год., а осветена е на 04.VIII.1997 година од страна на надлежниот Митрополит Дебарско-кичевски г. Тимотеј. Фрескоживописана е истата година.

- параклис "Свети Ѓорѓи" - камен темелникк осветен и поставен на 16.V.1999 година, а осветена на 07.X.2001 година од страна Митрополитот на г. Тимотеј. Фрескоживописана е во 2001 година.

- параклис "Света Петка", изграден во 1947 година од страна на семејството Макачоски, а реновиран во 1971 година.

- пештерна црква "Света Богородица Пештанска" од средината на 14 век.

- црква "Свети Никола" од 1505 година. На 19. V 2007 година, од страна на Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски Тимотеј беше осветен и поставен камен-темелникот за изградба на нова црква врз старите темели. Изградбата е во тек.

Село Елшани:
- црква "Свети Илија", изградена во XVI век. Возобновена е во 1859 година. Фрескоживописана е во 1944 год. од зографот Рафаил Крстов со синовите Крсте и Владимир од Лазарополе, а олтарот е фрескоживописан во 2002 година од страна на уметникот Драган Ристески.

- црква Свети маченик Мино"- камен-темелникот го освети и постави надлежниот архијереј Митрополитот г. Тимотеј во 1994 год., кој што и ја освети на 19.X.2003 година.

Село Горно Коњско:
- црква "Свети маченик Мино"- возобновена во 1927 година. Фрескоживописот, дело на зографот Крсто Николиќ и син му Рафаил од Лазарополе, е изработен во 1928 година.

Село Долно Коњско:
- црква "Света великомаченичка Недела" - камен-темелник осветен и поставен на 21. VII 2007 година од страна на Архиерејскиот намесник на Охрид, протојереј-ставрофор Ефтим Бетински по овластување на Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј. Изградбата е во тек.

Село Трпејца:
- црква "Свети Никола"- во изградба на темели од стара црква. Камен-темелник осветен и поставен на 25.VI.2005 година.

- манастир "Света Богородица Заумска" - Заум, кој што е изграден во 1299 година, а во 1361 година е фрескоживописан. Сместен на самиот брег од Охридското Езеро, до него се стигнува само по воден пат. Под врвот на планината Галичица, на местото што се вика Поле, се наоѓа параклисот "Вознесение" (меѓу народот познато како св. Спас).

Слатинска парохија
Црква "света Богородица" - с. Слатино.
Парохиски свештеник - нема. Ја опслужува свештеник Димко Димески.

Во состав на оваа парохија се селата: Слатино, Издеглавје, Сошани, Оздолени и Слатински Чифлик.
Оваа парохија нема постојан парохиски свештеник. Моментално ја опслужува свештеник Димко Димески.

Село Слатино:
- централна парохиска црква "Света Богородица" - нема податоци кога е изградена. Иконите се дело на зографот и иконописецот Аврам Дичов и потекнуваат од 1908 година. Според натписот во поткуполниот простор, црквата е живописана во 1910 година.

- црква "Света Недела" - изградена во 1858 година. Фрескоживописана е од Аврам Дичов во 1875 година.

- манастир "Свети Јован" - осветен на 26. V 2002 година од страна на Митрополитот Тимотеј. Фреските се изработени од уметникот Драган Ристески од Охрид.

Село Издеглавје:
- црква "Свети Димитрија" - од ХХ век.
- црква " Света Софија"

Село Слатински Чифлик:
- манастир "Света Богородица" - осветен на 13. IX 1997 година од страна на Митрополитот Тимотеј.

Село Оздолени:
- црква "Свети Ѓорѓи"

Требенишка парохија
Црква "Свети Никола" - село Требеништа

Во состав на оваа парохија се селата: Требеништа, Оровник, Горенци и Подмолје.
Парохиски свештеник нема. Моментално ја опслужуваат свештениците при црквата "Света Богородица" - Каменско.

Село Требеништа:
- централна парохиска црква "Свети Никола" - изградена во 1942 година, а живописана во 1944 година. Иконите на иконостасот се дело на иконописецот Доне Донески од с. Лазарополе.

- црква "Света Недела" - Изградена и осветена на 16. VII 1995 година од страна на Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј. Проектот за црквата е изработен од архитектот Тодор Паскали од Охрид, додека фрескоживописот е дело на уметникот Драган Ристески од Охрид.

Село Оровник:
- црква "Свети Илија" - изградена во 1927 година. Фрескоживописот е дело на Доне Донески од с. Лазарополе.

- црква "Света Петка" - изградена и осветена на 08. VIII 1995 година од страна на Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј. Живописот во црквата е дело на зографот Круме Петрески од с. Козица, Кичевско.

- црква "Света Недела" - камен-темелникот е осветен и поставен на 10. XI 1996 година, а осветена е на 27. VII 1997 година од страна на Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј.

Село Горенци:
- црква "Света Троица" - изградена во 1923 година. Денешната црква е изградена во периодот од 1990 до 1992 година, а живописана е во 2001 година. Иконите во внатрешноста на црквата се дело на иконописецот Рафаил Крстев од с. Лазарополе, иконописани во 1923 година.

- црква "Свети Никола" - изградена во 1990 година.

- црква "Свети Атанасиј" - изградена на темели од постара црква во 1988 година.

Село Подмолје:
- црква "Свети Константин и Елена" - изградена во 1934 година, живописана во 1937 година од страна на Доне Донески од с. Лазарополе. Црквата е осветена во 1969 година од страна на Митрополитот Дебарско-кичевски г. Методиј.

Nike shoes | Nike Air Force 1'07 Essential blanche et or femme - Chaussures Baskets femme - Gov

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Април 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
30 31 1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 1 2 3