„Откако Исус, вистинското мислено Сонце, ве испрати во целиот свет како светлозарни молњи, боговидци апостоли, со светлината на вашите божествени проповеди, го истера мракот на прелеста и ги просветли оние кои во мракот на незнаењето беа жестоко држани. Затоа молете Го и нам да ни испрати просвештение и милост голема“ (стихира на Господи повикав... на Вечерна во Среда од првата седмица на Великиот пост).

 

На 20.03.2024 година, во Првата среда од Великиот пост, во храмот „Успение на Пресвета Богородица“ - Каменско во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија на претходноосветени дарови, на којашто чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, протоерејот-ставрофор Никола Христоски, свештениците Димче Азески и Васил Михајлоски и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. По завршувањњето на Литургијата, беше извршен чинот на светата Тајна покајание за свештенството од нашата Епархија, а потоа беше одржано и редовното годишно свештеничко собрание. Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниот народ со пригодна беседа, којашто ви ја пренсуваме во целост.

Повеќе...

„Господи и Владико на мојот живот, не давај ми дух на мрзливост, изнемоштеност, властољубивост и празнословие“ (молитва на св. Ефрем Сирин)

 

На 17.03.2024 година, во Сирната недела - Прочка, во вечерните часови, во храмот „Успение на Пресвета Богородица“ - Каменско во Охрид, беше отслужена Вечерна богослужба, на којашто чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, протоерејот-ставрофор Никола Христоски, свештеникот Димче Азески и ѓаконот Марко Спасовски. По завршувањето на Вечерната служба, се помоливме и за добар почеток на Великиот пост, а свештенството и народот си простија еден на друг за сите направени грешки и прегрешенија. На крајот, Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниците со пригодна беседа, којашто интегрално ви ја пренесуваме.

Повеќе...

Почитувани верни чеда, во прилог Ви ја пренесуваме Беседата во Неделата на блудниот син од Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, изговорена во Капелата во Митрополитската резиденција на Плаошник во Охрид. 

Повеќе...

Почитувани верни чеда, во прилог Ви ја пренесуваме Беседата од Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, изговорена во Капелата во Митрополитската резиденција на Плаошник во Охрид. 

Повеќе...

„Исполнет со Божествениот Дух, ти засветли со делата на благочестието, свети чудотворче Партение; луѓето си ги одвратил од лагата, исцелувајќи ги страдањата на болните. Преподобен отче, моли Го Христа Бога, да ги спаси душите наши“ (седален по трета песна на Утрена на преп. Партениј Лампсакиски).

 

На 20.02.2024 година, на празникот на преподобниот Партениј Епископ Лампсакиски, како и по повод именденот на игуменот на манастирот „Св. Јован Крстител“ - Бигорски, Неговото Преосвештенство Епископот Антаниски г. Партениј, во манастирот „Св. Јован Крстител“ - Бигорски, беше отслужена света архиерејска Литургија, на којашто чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на Неговото Преосвештенство Епископот Аморејски и игумен на манастирот Влатадон г. Никифор, Епископот Антаниски г. Партениј, архимандритите Калиник (од Вселенската Патријаршија), Матеј (од Грчката православна црква), Доситеј и Кирил, протоереј-ставрофорите Никола Христоски и Златко Пуреовски, протоерејот Љупчо Симиџиески, свештениците Павел Крцоски и Миле Ангелоски, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски, ѓаконот Хризостом од Света Гора, ероѓаконот Партениј од Танзанија и ероѓаконот Порфириј. Литургијата беше за особена радост на целото братство од манастирот, а особено за долгогодишниот духовен борец, еромонахот Макариј, кој на оваа Литургија, според Одлуката на Светиот архиерејски синод на Македонската православна црква - Охридска архиепископија, а по предлог на нашиот надлежен Митрополит Тимотеј, беше произведен во архимандритски чин. По завршувањето на Литургијата, беше осветено празничното коливо, а Митрополитот Тимотеј се обрати кон неизбројниот верен народ со пригодна беседа, којашто подолу во целост ви ја пренесуваме. На самиот крај, Епископот Партениј му подари на Митрополитот Тимотеј копија од стара дарохранилница од Бигорскиот манастир, изработена од седеф, а со цел да го краси престолот во нашиот катедрален храм „Св. Софија“ во Охрид. Епископот Паретбиј го дарува и Епископот Никифор со прекрасна панагија, а на архимандритот Матеј му подари епитрахил и надбедреник, изработени од сестрите од манастирот во Рајчица. На крајот го дарува и новиот архимандрит Макариј со прекрасен граден крст.  

Повеќе...
Страница 3 од 279

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Април 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
30 31 1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 1 2 3