„Богомудри луѓе, соберете се, зашто скинијата на Божјата слава, од Сион се преселува во небесното живелаиште, каде што се слуша чистиот глас на тие што празнуваат, гласот на радоста неискажлива, на оние што весело му пеат на Христа: Најпрославен Боже на татковците, и наш, благословен си“ (песна од Канонот на Утрена на Успение на Пресвета Богородица).

 

Дојдете луѓе да ја прославиме неуморната во молитвите Богородица и бедемот на светот, која што ниту гробот, ниту смртта не ја задржаа, зашто како Мајка на Животот, денес се преселува кај Животот, нашиот Спасител и нејзиниот Син. Токму тоа вселување на Светињата во светите, денеска го прославивме со радост и песни, заедно со ангелите, кои го воспеваат Успението на Пречистата Дева. 

 

На овој светол и велик ден, на 28.08.2017 година, во храмот „Успение на Пресвета Богородица - Каменско“ во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, протоереј-ставрофорите Никола Христоски и Игор Никовски, свештениците Љупчо Симиџиески, Ромео Петрески, Димче Азески, Горан Ставрески, Ѓорѓи Блажевски и Љупчо Бакрачески, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ѓаконот Сашо Целески. Овој ден и оваа света Литургија ќе останат засекогаш запаметени за нашиот брат во Христа Александар Димоски од Охрид, кој денеска, од раката на Митрополитот Тимотеј, беше ракоположен во ѓаконски чин. Александар Димоски е роден во Охрид, каде што и го завршува основното образование. Потоа се запишува во МПБ „Св. Климент Охридски“ во Скопје, а високо образование завршува на Богословскиот факултет во Солун. Моментално е на постдипломски студии на истиот факултет, а вработен е како професор во Средното богословско училиште во Скопје. Од името на целата епархија и нашиот Митрополит, му го честитаме ѓаконскиот чин на Александар, со молитви кон Бога, вистински, со љубов и долгоденствено да Му служи на нашиот Создател, на Неговата света Црква и на нашата света Македонска православна црква. Оваа Литургија ќе остане запаметена и за свештеникот Љупчо Симиџиески, кој од раката на Митрополитот Тимотеј беше произведен во протоерејски чин. Од името на целата епархија му го честитаме чинот и на отец Љупчо.

 

Повеќе...

„Онаа која е повисока од небесата, и пославна од херувимите, и почесна од секое создание, која стана дом на вечното божество поради особената чистота, денес во рацете на Синот ја предава својата сесвета душа, и со неа се исполнува сѐ, и ни дарува милост голема“ (литиска стихира на Вечерна на Успение на Пресвета Богородица).

 

Празнувањето на чесното преселување на Мајката Божја, Пресветата Владичица наша Богородица, која во рацете на својот Син ја положи својата непорочна душа, започна со свечена Вечерна богослужба, во храмот „Успение на Пресвета Богородица - Каменско“ во Охрид, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на протоереј-ставрофор Никола Христоски, свештениците Димче Азески, Горан Ставрески и Ѓорѓи Блажевски, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ѓаконот Сашо Целески. По завршувањето на Вечерната богослужба, беше извадена и Плашатаницата на Мајката Божја, над која беа испеани статиите за нејзиното славно Успение. Потоа се изврши и литија околу храмот, а Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниот народ со пригодна беседа, која ви ја пренесуваме во целост.

Повеќе...

„Пред Твоето лице, Христе, се приклонија горите, бидејќи сонцето ги положи пред Твоите нозе своите зраци што го обиколуваа небото, кога благоволи да ја преобрази човековата природа“ (песна од Канонот на Утрена на Преображение на Господ Исус Христос).

 

Радувајте се сите луѓе, зашто денеска Христос, нашиот Спасител, облечен во целиот Адам, ја просветли помрачената древна природа и ја обожи, со своето славно Преображение. Потврдувајќи го совршеното единство на Своите две природи, Христос денес им ја покажа на своите најверни ученици првобитната убавина, подготвувајќи ги и за славното и светло Воскресение Христово.

 

На овој радосен и велик ден, на 19,08,2017 година, во храмот „Св. вмч. Ѓорѓи“ во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на протоереј-ставорофорите Никола Христоски, Сашо Богданоски и Димче Ѓорѓиески, протоерејот Игор Никовски, свештеникот Владо Недески и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. На овој велик ден имаме уште еден повод за радост. Имено, денеска беше обнародена Одлуката на Светиот архиерејски синод на Македонската православна црква - Охридска архиепископија, донесена на предлог на нашиот надлежен Митрополит Тимотеј, со која протоерејот Игор Никовски беше награден со право на носење граден Крст, со што ја доби титулата протоереј-ставрофор. Митрополитот Тимотеј го даде овој предлог поради посветената работа на протоерејот Игор, и тоа од неговите почетоци како свештенослужител во Светиклиментовиот манастир, па како секретар на Дебарско-кичевската епархија, но и сега како парохиски свештеник во храмот „Св. вмч. Ѓорѓи“ во Охрид. Како особена заслуга, Митрополитот Тимотеј ја истакна улогата на отец Игор во уредувањето на целиот циклус на богослужбени книги, кои беа преведени на македонски јазик. По завршувањето на Литургијата, според црковната традиција, беше осветен годинешниот лозов плод, а потоа Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниот народ со пригодна беседа, која интегрално ви ја пренесуваме.

Повеќе...

„Пред Твоето распнување на крст, Господи, ги зеде Твоите ученици на Гора висока и пред нив се преобрази, озарувајќи ги со светлината на Твојата сила, со Твојата власт и човекољубие, сакајќи да им ја покажеш светлината на воскресението. За него удостој нѐ и нас во мир, Боже, како милостив и Човекољубец“ (стихира на Господи повикав... на Вечерна на Преображение на Господ Исус Христос).

 

Празнувањето на светлиот празник на Преображението Христово, според црковниот типик, започна со свечена Вечерна богослужба, во манастирот „Св. вмч. Ѓорѓи“ во Кнежино, Кичево, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Партениј, протоереј-ставрофор Никола Христоски, протоерејот Стевчо Тошевски, свештеникот Александар Матески, еромонасите Ефросиниј и Кирил и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. Овој ден ќе остане запишан во историјата на манастирот како радосен ден, во кој нашата света Црква доби уште еден ангел на земјата, уште еден борец против оние кои попусто непријателствуваат против нас. Имено, искушеничката Драгица беше потстрижена во монашки чин од раката на нашиот Митрополит Тимотеј, а како залог за „новиот живот“ го доби името Софија. Од името на Митрополитот, како и од името на целата епархија, ѝ го честитаме монашкиот постриг на монахињата Софија, а нејзиниот подвиг да биде за радост на ангелите и за пораз на демоните. По завршувањето на Вечерната богослужба, Митрополитот Тимотеј се обрати кон многубројниот верен народ со пригодна беседа, која во целост ви ја пренесуваме.

Повеќе...

„Чудесниот Климент - великата труба на вистината, ги повикува денес сите празникољупци на веселба. Сите верни светло да го пречекаме торжеството, со песни славејќи го добриот пастир за неговите свештени подвизи, та преку неговите молитви да примиме од Христа голема милоста“ (литијна стихира на св. Климент Охридски).

 

Прославата на великиот светител Климент Охридскиот Чудотворец, нашиот просветител и учител, како и на светите Седмочисленици и на св. великомаченик Пентелејмон, започна на 08 август, во вечерните часови, со свечена Вечерна богослужба, во манастирот „Св. Климент и Пантелејмон“ на Плаошник во Охрид, на која чиноначалствуваше Неговото Високопрепсвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на протоереј-ставрофор Димче Ѓорѓиески, протоерејот Никола Христоски, свештениците Кирил Јованоски, Горан Ставрески, Владо Недески и Роберт Илијевски, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ѓаконот Сашо Целески. По Вечерната, беше отслужен и Акатист на светиот Климент Охридски.

Повеќе...
Страница 6 од 157

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Декември 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
30 1 2 3 4 5 6
7 8 9 10 11 12 13
14 15 16 17 18 19 20
21 22 23 24 25 26 27
28 29 30 31 1 2 3