На 09.11.2023 година, во просториите на културниот центар при црквата "Св. вмч, Димитриј Солунски" во Волонгонг, Австралија, беше одржано редовното Епархиско собрание на Австралиско-сиднејската епархија. На собранието, според дневниот ред, Митрополитот Тимотеј даде извештај за изминатите години од 2019 до 2023 година, потоа беше разгледан и прифатен финансискиот извештај на Епархијата, беа избрани нови членови на телата и органите на Епархијата, а беа разгледани и повеќе прашања од животот на Епархијата.

Повеќе...

На 08.11.2023 година, денот кога го славиме споменот на св. вмч. Димитриј Солунски, во храмот "Св. вмч. Димитриј Солунски" во Волонгонг, Австралија, беше отслужена света архиерејска Литургија, на којашто чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на Неговото Преосвештенство Епископот Сиднејски и Австралиско-новозеландски г. Георгиј од Руската задгранична црква, протоереј-ставрофорите Никола Христоски и Љупчо Двојаковски, игуменот Гаврил, протоереите Наум Деспотовски и Климент Џепароски, свештеникот Роберт Илијевски и протоѓаконите Николче Ѓурѓиноски и Мартин од Руската задгранична црква. Овој ден беше навистина торжествен за овој наш свет храм, кој стана дом на дел од моштите на светиот вмч. Димитриј Солунски, подарени од Епископот Георгиј, а кои беа свечено донесени пред светата Литургија. Како знак на благодарност кон нашиот ценет гостин, од името на Епархијата, Митрополитот Тимотеј му подари прекрасна панагија, а управата на храмот прекрасна икона од свети Георгиј. Епископот, пак, Георгиј се заблагодари за гостопримството и му подари на нашиот Митрополит прекрасен рачен крст. По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниот народ со пригодна беседа, којашто ви ја пренесуваме во целост, а на самиот крај беше прекршен и празничниот колач. 

Повеќе...

На 06.11.2023 година, во навечерието на празникот на св. мч-ци Маркијан и Мартириј, во храмот "Пресвета Богородица" во Њукасл, Австралија, беше отслужена Вечерна богослужба, на којашто чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на протоерејот-ставрофор Никола Христоски, свештеникот Пецо Петровски и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. По завршувањето на Вечерната богослужба, Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниците со пригодна беседа, којашто интегрално ви ја пренесуваме. 

Повеќе...

На 05.11.2023 година, во 22 Недела по Педесетница и на празникот на св. ап. Јаков брат Господов и на св. Игнатиј Цариградски, во храмот "Св. Петка" во Рокдејл, Сиднеј, Австралија, најпрво беше осветен новиот престол, а потоа беше отслужена света архиерејска Литургија, на којашто чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на протоереј-ставрофорите Никола Христоски, Ѓуро од Српската православна црква и Љупчо Двојаковски од Руската задгранична црква, протоерејот Александар Ивановски, свештеникот Владо Недески и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниците со пригодна беседа, којашто ви ја пренесуваме во целост.

Повеќе...

На 01.11.2023 година, на празникот на преп. Прохор Пчински, во храмот "Св. Никола" во Кабрамата, Сиднеј, Австралија, беше отслужена света архиерејска Литургија, на којашто чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на протоерејот-ставрофор Никола Христоски, игуменот Гаврил, протоереите Наум Деспотовски и Александар Ивановски, свештениците Игор Младеновски и Роберт Илијевски и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. На Литургијата, Митрополитот Тимотеј го произведе во протоерејски чин свештеникот Игор Младеновски. По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниците со пригодна беседа, којашто интегрално ви ја пренесуваме.

Повеќе...
Страница 9 од 279

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Април 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
30 31 1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 1 2 3