„Вие, земни икономи на Божјата благодат, со свои раце набожно издигнете го Крстот, на кој стоеше Христос Бог, со копјето што го прободе телото на Словото Божјо, за да го видат сите народи Божјото спасение, славејќи го во вековите“ (песна од Канонот на Утрена на Крстовден).

 

На денот кога го прославуваме светлиот празник на победоносното дрво на животот, на кое беше распнат нашиот Спасител, на 27.09.2017 година, во манастирот „Св. вмч. Георгиј“ во с. Рајчица, Дебар, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Партениј, протоереј-ставрофор Никола Христоски, еромонасите Доситеј, Макариј, Ефросиниј и Кирил, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ероѓаконите Порфириј и Силуан. По завршувањето на Литургијата, беше извршен чинот на Мал водосвет и беше прекршен празничниот колач, а Митрополитот Тимотеј се обрати пред верниот народ со пригодна беседа, која ви ја пренесуваме во целост.

Повеќе...

„Славната Ана, откако се јави, го роди одушевениот столб на целомудрието, светлото прибежиште кое со благодат болска. Таа е вистинска заштита на девството, божествен цвет, дар на сите оние што го сакаат девството, која откриено ја дава добрината на девството, и на сите верни им дарува милост голема“ (хвалитна стихира на Утрена на Рождество на Пресвета Богородица).

 

Овој ден е Господов, зашто од неплодната Ана произлезе цветот на девственоста Богородица. Денес е ден на радост за ангелите и луѓето, зашто се роди Пресветата Владичица, од која излезе Изворот на животот. Затоа и ние радосно ја восфалуваме и пофални песни ѝ принесуваме: Радувај се Невесто неневесна.

 

Прославата на овој велик ден, започна ден претходно во манастирот „Рождество на Пресвета Богородица“ во с. Горни Манастирец, Македонски Брод, каде што Пресветата Мајка беше воспеана со песни од Акатистот, на кој чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на свештениците Горан Ставрески, Саше Костадиноски и Зоран Ставрески и ѓаконот Сашо Целески.

Повеќе...

„Додека адот плачеше што гробот е отворен, Марија им викаше на скриените апостоли: Излезете, работници на лозјето, проповедајте ја веста за Воскресението: Воскресна Господ, Кој на светот му дарува милост голема“ (седален глас 6-ти во Недела на Утрена).

 

Веста за воскреснатиот Христос била најсилната потврда за вистинитоста на Христовото учење, зашто ако Христос не воскреснеше, залудна ќе беше нашата вера. Овој настан, како круна на искупувањето на човековиот род, ќе биде семето за создавањето на Црквата Христова, во која еве, веќе повеќе од 2000 години, се проповеда Христовото учење, како единствена вечна вистина која го отвора патот на спасението. Токму затоа, и Марија им вика на апостолите: излезете, работници на лозјето, проповедајте ја веста за Воскресението. Овој повик, освен што непосредно се однесува на апостолите, тој се однесува и за сите христијани од сите времиња. Особено, пак, овој повик им дава должност за проповед на епископите, како директни наследници на апостолите Христови. 

Повеќе...

„Твојата отсечена глава, од која сѐ уште крв течеше, беше понудена како награда за блудни подвизи. Таа, и по смртта, го прекоруваше Ирода кој со својата неморална врска ја нарушуваше природата“ (песна од Канонот на Утрена на Отсекување на чесната глава на св. Јован Крстител).

 

На 11.09.2017 година, на денот кога си споменуваме за настанот на отсекувањето на чесната глава на светиот пророк, Претеча и Крстител Јован, во манастирот „Св. Јован Крстител“ - Бигорски, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Партениј, протоереј-ставрофор Никола Христоски, еромонасите Доситеј, Макариј, Ефросиниј и Кирил, свештениците Димче Азески, Илија Поп Гонов, Миле Алексоски и Павел Крцоски, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ероѓаконите Порфириј и Силуан. По завршувањето на Литургијата, беше осветено коливото, а потоа беше извршен чинот на Мал водосвет и беше прекршен празничниот колач. Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниот народ со пригодна беседа, која интегрално ви ја пренесуваме.

Повеќе...

„Пак беснее Иродијада, пак е смутен нејзиниот ум. О играње лукаво и гозба со лага! На Крстителот му ја сечеа главата, а Ирод се вознемируваше. По молитвите на Твојот Претеча, Господи, дај им мир на душите наши“ (стихира на Господи повикав... на Вечерна на Отсекување на чесната глава на славниот пророк, Претеча и Крстител Јован).

 

Празнувањето на споменот на Отсекувањето на чесната глава на светиот Јован Крстител, отсечена од бесрамниот Ирод, започна ден претходно, во манастирот „Св. Јован Крстител“ - Бигорски, со свечена Вечерна богослужба, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на архиамндритот Партениј, игумен на манастирот, протоереј-ставрофор Никола Христоски, еромонасите Доситеј, Макариј, Ефросиниј и Кирил, свештениците Илија Поп Гонов, Миле Алексоски и Павел Крцоски, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ероѓаконите Порфириј и Силуан. Радоста на сиот верен народ, но најмногу на монашкото братство, стана уште поголема со потстрижувањето во монашки чин на искушеникот Антонио, кој го доби монашкото име Антониј, добивајќи го за свој заштитник и молитвеник светиот Антониј Велики, родоначалникот на монаштвото. По завршувањето на Вечерната богослужба, Митрополитот Тимотеј се обрати кон многубројниот верен народ со пригодна беседа, која ви ја пренесуваме во целост.

Повеќе...
Страница 2 од 154

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Октомври 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
28 29 30 1 2 3 4
5 6 7 8 9 10 11
12 13 14 15 16 17 18
19 20 21 22 23 24 25
26 27 28 29 30 31 1