„Преку тебе оживуваат мртвите, зашто Животот си Го родила; немите од порано, красноречиви постануваат; лепрозните се очистуваат, болестите се лекуваат, мноштво воздушни духови се победуваат, Дево, спасение на луѓето“ (песна од Канонот на Акатист на Пресвета Богородица).

 

На 03.03.2017 година, во пвиот петок од Великиот пост, во храмот „Успение на Пресвета Богородица - Каменско“ во Охрид, беше отслужен првиот Акатист на Пресвета Богородица, на кој чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на протоерејот Никола Христоски и свештеникот Горан Ставрески. По завршувањето на Акатистот, свештеникот Горан, со благослов на Митрополитот Тимотеј, се обрати кон верните со пригодно слово, во кое ја истакна улогата на Пресветата Мајка Богородица, која како лествица ги води луѓето од земјата кон небесата, од смртниот ад кон вечниот Живот, Кој е нејзиниот Син и нашиот Спасител, Господ Исус Христос.

Sport media | Men's Footwear
Повеќе...

„Илија, со постот просветлен, се качи на божествената кола на добродетелите и се вознесуваше на небесната височина: него подражавај го, душо моја смирена, и пости од секоја злоба, и завист, и кавга и од секаква сладост на телесна наслада, за да ги избегнеш тешките маки од вечниот пекол, на Христа викајќи Му: Господи, слава Ти“ (стихира на Господи повикав... на Вечерна во Среда од првата седмица).

 

На 01.03.2017 година, во Првата среда од Великиот пост, во храмот „Успение на Пресвета Богородица - Каменско“ во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија на претходно осветени дарови, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, протоереите Никола Христоски и Игор Никовски, свештеникот Димче Азески, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ѓаконот Сашо Целески. По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниот народ со пригодна беседа, која подолу во целост ви ја пренесуваме. 

Adidas footwear | FILA FX-100 White Blue , Where To Buy , undefined , nike lebron 9 ps white house black screen
Повеќе...

„Со воздржување да побрзаме сите телото да го смириме, минувајќи го божественото поприште на светиот пост, и со молитви и солзи Господа, нашиот Спасител, да Го побараме, викајќи: Згрешивме, спаси нè, како некогаш Ниневјаните, Христе Цару, и заедничари на Царството небесно, Милосрден, направи нè“ (Стихира на Господи повикав... на Вечерна од Недела на Сирна седмица).

 

На 26.02.2017 година, во вечерните часови, во храмот „Успение на Пресвета Богородица - Каменско“ во Охрид, според востановената традиција, беше отслужена Вечерна богослужба, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, протоереј-ставрофор Димче Ѓорѓиески, протоерејот Никола Христоски, свештеникот Роберт Илијевски, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ѓаконот Сашо Целески. По завршувањето на Вечерната богослужба, Митрополитот Тимотеј се обрати кон многубројниот верен народ со пригодна беседа, која подолу во целост ви ја пренесуваме. Потоа сите верници и свештенството, побараа еден од друг прошка, та со чисти мисли, покајание и исчистени од секаква зла мисла, да влеземе во деновите на светата Четириесетница, а Господ, нашиот Спасител, да нè удостои да го дочекаме и славното и светло Воскресение Христово.

Best Nike Sneakers | GOLF NIKE SHOES
Повеќе...

На 20.02.2017 година, на денот кога го празнуваме споменот на светиот Партениј Лампсакиски, а по повод именденот на архимандритот Партениј, игумен на Бигорската обител, во манастирот беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, архимандритот Партениј, протоереите Никола Христоски и Митре Попоски, еромонасите Доситеј, Макариј и Кирил, свештениците Илија Поп Гонов, Миле Алексоски и Павел Крцоски, протоѓаконите Дени Насков и Николче Ѓурѓиноски и ероѓаконите Порфириј и Силуан. По завршувањето на Лиургијата, беше осветено коливото, а Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниот народ со пригодна беседа, која подолу интегрално ви ја пренесуваме. Од името на свештенството, монаштвото и верниот народ од нашата епархија му го честитаме именденот на архимандритот Партениј, со молитви кон Бога за крепко здравје, бодар дух и љубов, за уште долги години да го води повереното паство и да го унапредува монашкиот живот во доверените му духовни светилишта.

trace affiliate link | シューズ
Повеќе...

„Како Бог, не одвојувајќи се од прегратките на Отецот, Ти благоволи да примиш тело и, држен во прегратките на Приснодева (Марија), си се предал во рацете на Богопримецот Симеона, Ти, Кој во Своите раце ја држиш сета вселена. Затоа тој викаше радосно: Сега го отпушташ во мир Твојот слуга, бидејќи Те видов, Владико“ (хвалитна стихира на Утрена на Сретение на Господа Исуса Христа).

 

На 15.02.2017 година, на денот кога го прославуваме великиот празник Сретение на Господ Исус Христос, на денот кога нашиот Спасител беше носен на старечките раце од праведниот Симеон, во храмот „Успение на Пресвета Богородица- Каменско“ во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на протоерејот Никола Христоски, свештениците Димче Азески, Горан Ставрески, Владо Недески и Ѓорѓи Блажевски, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ѓаконот Сашо Целески. По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниот народ со пригодна беседа, која во целост ви ја пренесуваме. ж

Running sneakers | nike fashion
Повеќе...
Страница 137 од 279

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Април 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
30 31 1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 1 2 3