На 26.10.2016 година, беше претставен конзервираниот фрескоживопис во храмот „Пресвета Богородица - Перивлепта“ во Охрид. Возобновувањето на фрескоживописот, ревитализацијата на камбанаријата, како и на манастирскиот конак, се одвиваше во повеќе фази, започнувајќи од 2009 година па сè до денес. Голем придонес за остварувањето на оваа мисија има Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Р. Македонија, која издвои значително големи средства за овој огромен проект, а истиот се одвиваше под раководство на Министрството за култура на РМ и НУ Завод за заштита на културните споменици и музеј Охрид. Свои обраќања имаа: Министерката за култура на РМ, г-ѓа Елизабета Канческа Милевска, амбасадорот на САД во РМ, г-дин Џес Бејли, како и Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, чие поздравно слово ви го пренесуваме во целост.

latest jordan Sneakers | Women's Nike Air Force 1 Shadow trainers - Latest Releases , Ietp
Повеќе...

„Со ангелски глас ти викаме, Пречиста: Радувај се, престоле Божји, на кој (пророк) Езекил Го виде Господа, во подобие на човек носен на херувимите. Со нив моли се за нас, Богородице, да ги спаси нашите души“ (песна од канонот на Утрена на Покров на Пресвета Богородица).

 

На 14.10.2016 година, денот кога го прославуваме празникот Покров на Пресвета Богородица, во капелата посветена на овој празник во Митрополитската резиденција на Плаошник во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на протоерејот Никола Христоски, свештеникот Горан Ставрески и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. По завршувањето на Литургијата, беше извршен чинот на Мал водосвет и беше прекршен празничниот колач, а Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниот народ со пригодна беседа, која интегрално ви ја пренесуваме.

Sport media | Women's Nike Air Jordan 1 trainers - Latest Releases , Ietp
Повеќе...

СТЕФАН,

Архиепископ охридски и македонски

          Уважени почитувачи и проучувачи на светиклиментовото дело,

          Возљубени гости, поклоници и чеда на свети Климент,

          Пред нас е едно навидум малодело, поради форматот, но многу големо поради својата актуелност, значење, содржина... Полека поминува 2016 лето Господово, година во која се удостоивме да го одбележиме многузначајниот настан за нашиот духовен и национален бит - илјада и стогодишнината од упокојувањето на најголемиот духовен, но и национален великан по кој се препознаваме и како Црква, и како народ и како држава - светиот Климент Охридски. Покрај сите други собитија и настани, подготвени во чест на свети Климент во оваа славеничка година, еве, го одделуваме, со особен интерес и потреба за истакнување, и делово што е пред нас - „Свети Климент Охридски, хагиографија и химнографија“, во издание Македонската православна црква.

Навистина, за свети Климент може многу да се говори, и содржински и временски. Но она што е значајно во неговата личност, а што е и суштествено за претставувањето на најновото издание на издавачката дејност „Канео“ при Дебарско-кичевската епархија, е токму светоста и култот на охридскиот светител и чудотворец. Несомнено, историските, книжевните и уметничките споменици сведочат дека свети Климент уште веднаш по своето блажено упокојување во Господа, бил прославен од Бога, а Црквата во Охрид многу брзо го развила и неговиот култ преку создавање на житијни творби, богослуженија, како и иконични и фрескописни претстави. Почитувањето на свети Климент како светител започнало најверојатно по неговата смрт (916 година), под влијание на неговиот свет живот и чудата што ги вршел, што се основни критериуми за утврдувањето на нечија светост, на што укажуваат неколкуте агиолошки дела од различен тип.

Sneakers Store | Vans Shoes That Change Color in the Sun: UV Era Ink Stacked & More – Pochta News
Повеќе...

СТЕФАН,

Архиепископ охридски и македонски

ДУХОВЕН ВЕЛИКАН ЗА СИТЕ ВРЕМИЊА

       

        Не може да се сокрие град

што се наоѓа на врв планина.

Ниту, пак, светило се пали и

става под поклопка, туку на свеќник

и им свети на сите в куќи.[1]

        Овој евангелски текст се чита на празниците кога го славиме споменот на поголемите Светии, истакнувајќи ја неоспорнатавистина дека тие со својот живот навистина биле светлина на светоти светлина за народот. Тие никогаш не се поколебале во својата ревност, но биле упорни во истрајностаза да успеат да го исполнат аманетот што на сите нам ни го остави нашиот возљубен Спасител, давајќи ни апостолски предизвик: Така треба да свети пред луѓето и вашата светлина, за да ги видат вашите добри дела и да Го прослават вашиот Отец Небесен[2]. Значи, преку светото Евангелие, Господ и денес ни се обраќа и на сите нас, како следбеници на Оној Кој е светлина на светот, за да не дозволиме нашите светлини да згаснат, бидејќи само така, со Божја помош, ќе го осветлуваме најнапред својот пат, а потоа и патот на оние што залутале низ празнината на овој живот.

 

        Еве, веќе изминува годината во која одбележуваме исклучителен спомен - 1100 години од упокојувањето на нашиот светител и просветител, на нашиот непрестаен застапник пред престолот Божји - патронот на нашата света Македонска православна црква, на нашиот втемелувач на писменоста, литературата, јазикот, духовноста - светиот Климент, охридскиот чудотворец. Ете, токму тој е нашиот град што свети на врв планина, нашиотсвеќник што ни свети на сите в куќи!

latest Running Sneakers | Sneakers Nike Shoes
Повеќе...

Горен од љубовта кон Христа и хранет со млекото на добродетелите, светиот Климент, Охридскиот Чудотворец, стана извор на милост и скоро застапништво на сите кои го повикуваат во молитвите. Најверниот ученик на словенските браќа, светите Кирил и Методиј, неуморно го продолжи нивното дело, проповедајќи го Словото Божјо меѓу македонскиот народ. Со своето севкупно дело: поучувањето, проповедањето, ширењето на христијанството на нашите простори, помагањето на сиромашните, сета просветителска, црковна, пастирска и книжевна дејност, светиот Климент се издигна во вистински корифеј на верата меѓу сите словенски народи, а особено во нашата света црква, чиј застапник и покровител е токму светиот Климент.

 

Затоа и ова 2016-то лето Господов, кога се навршуваат 1100 години од блаженото упокојување на свети Климент Охридски, беше година посветена на нашиот апостол. И кога е најдобро да се прослави овој голем Јубилеј, ако не на денешниот ден, во Неделата на сите македонски светии. По овој повод, и Светиот архиерејски синод на Македонската православна црква - Охридска архиепископија, организираше повеќе торжества, свечено и достојно прославувајќи го покрстителот и учителот на македонскиот народ. 

short url link | UOMO, SCARPE
Повеќе...
Страница 144 од 279

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Април 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
30 31 1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 1 2 3