„Откако со испоснички болки на земјата проживеа живот рамен на ангелите, телото му го покори на духот; како извршител на заповедите Господови, со добродетели си го запазил првобитниот образ, под небесата. Затоа, за страдалните подвизи, си примил награда од Христа Бога, Кој, по твоите молитви, ни дарува милост голема“ (хвалитна стихира на Утрена на преп. Јоаким Осоговски).

 

На 29.08.2016 година, денот кога го прославуваме празникот на Неракотворниот образ на Господа Исуса Христа и преподобниот Јоаким Осоговски, во храмот „Успение на Пресвета Богородица“ во с. Гари, Дебар, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Партениј, протоерејот Никола Христоски, еромонасите Макариј, Ефросиниј и Кирил, свештеникот Миле Ангелоски, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ероѓаконот Анатолиј. Денешниот ден беше посебен за сите нас, но особено за населението од Гари, кои оваа година го прославија големиот Јубилеј 150 години од заографисувањето на црквата во селото, зографисана од раката на најпознатиот зограф од Тресонче, Дичо Зограф. По завршувањето на Литургијата, беше прекршен празничниот колач, а Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниците со пригодна беседа, која ви ја пренесуваме во целост.

url clone | Women's Nike Air Jordan 1 trainers - Latest Releases , Ietp
Повеќе...

„Богомудри луѓе, соберете се, зашто скинијата на Божјата слава, од Сион се преселува во небесното живеалиште, каде што се слуша чистиот глас на тие што празнуваат, гласот на радоста неискажлива, на оние што весело Му пеат на Христа: Најпрославен Боже на татковците, и наш, благословен си“ (песна од Канонот на Утрена на Успение на Пресвета Богородица).

 

Храмот на животот, денеска вечен живот прима и се преселува кај својот Син и Бог. Денес Богомајката добива нераспадливо тело и се издигнува повисоко од сите небесни живеалишта, од каде повторно и секогаш ќе биде наше застапништво и утеха. Затоа Приснодево, Богомајко, не заборавај ги верните на земјата и секогаш биди ни топла и брза застапница во нашите молитви, и насочувај нè на патот на Божјите заповеди. 

 

На светлиот ден на Успението на Пресветата Владичица наша Богородица, на 28.08.2016 година, во храмот „Успение на Пресвета Богородица“ - Каменско во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, протоереите Никола Христоски и Игор Никовски, свештениците Љупчо Симиџиески, Димче Азески, Горан Ставрески, Ѓорѓи Блажевски и Љупчо Бакрачески, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ѓаконот Сашо Целески. По завршувањето на Литургијата, беше извршен чинот на Мал водосвет и беше прекршен празничниот колач, а Митрополитот Тимотеј се обрати кон нбеизбројниот верен народ со пригодна беседа, која интагрално ви ја пренесуваме.

affiliate link trace | Asics Onitsuka Tiger
Повеќе...

„Христос, Кој ја носи сета вселена, со Своите пречисти нозе се искачи на Таворската Гора, на која Неговото лице болсна посилно од зраците на Сонцето, ги повикува избраните на Законот на благодатта, кои пеат: Сите дела Господови, благословете Го Господа“ (песна од Канонот на Утрена на Преображение Христово).

 

На 19.08.2016 година, денот кога го прославуваме Преображението Христово, кога нашиот Спасител, Господ Исус Христос, се облече во светлина како со облека и ја покажа Својата Божествена слава, во храмот „Св. вмч. Ѓорѓи“ во Струга, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на протоерејот Никола Христоски, свештениците Васко Голабоски и Владо Недески, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ѓаконот Христијан Костоски. За време на Литургијата, а на своето соодветно место, беше осветен и овогодинешниот лозов плод - грозјето, кое што најпрво се преобразува во вино, а потоа и во Крв Христова, онака како што и нашиот Спасител се преобрази на Тавор. По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Тимотеј се обрати кон многубројниот верен народ со пригодна беседа, која интегрално ви ја пренесуваме.

Nike sneakers | Air Jordan 1 Retro High OG 'University Blue' — Ietp
Повеќе...

„Отче Клименте, хранет со млекото на доблеста, си го достигнал врвот на добродетелите. Горен, пак, од огнот на љубовта, ти си бил правило на кроткост и воздржување; а како извор на милост и бездна на сострадание, си ја оцрнил калта на страстите. Но, како најбрза помош и скоро застапништво на оние што верно те призиваат, мирољубив отче наш Клименте, јави се и сега со духот, и запази нè, и спаси нè од гревот што нè мачи, зашто имаш голема смелост пред Господа“ (Стихира на Слава... на Господи повикав... на Вечерна богослужба на свети Климент Охридски Чудотворец).

 

Избран од Бога Господа, светиот Климент Охридски, беше поставен како камен, кој ги урива бесовските напади, ги одвраќа прелестите, ги запира лагите на многубошците. Верниот учител и просветител на македонскиот народ, ги приведе своите чеда во вистинската вера, будејќи ги заспаните во мракот на незнаењето и осветлувајќи ги со незаодната Светлина. Токму затоа, нашиот народ никогаш нема да го заборави светиот Климент. И ние недостојните слуги, не го заборавивме делото на твоите раце, и верно дојдовме на твојот гроб, да се допреме до твоите мошти, од кои еве веќе 1100 години се излива благодатта на исцелението.

Nike Sneakers | Air Jordan 1 Retro High OG "UNC Patent Leather" Obsidian/Blue Chill-White UK
Повеќе...

„Девственомаченице, сеславна страдалнице Параскево, со твоите молитви кон Господа, моли се да бидеме избавени од искушенија и невољи, и од идната осуда, ние што достојно го празнуваме твојот спомен, сефална маченице“ (стихира на Слава... на Господи повикав... на Вечерна богослужба на преподобномаченица Параскева).

 

На 08.08.2016 година, денот кога го празнуваме споменот на светата преподобномаченица Параскева, беше отслужена света архиерејска Литургија во храмот „Св. Петка“ во манастирот „Св. Наум Охридски“ во Охрид, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, игумен на манастирот, протоерејот Димче Ѓорѓиески, свештеникот Димче Азески и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. По завршувањето на Литургијата, беше извршен чинот на Мал водосвет и беше прекршен празничниот колач, а Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниот народ со пригодна беседа, која интегрално ви ја пренесуваме.

Nike footwear | Autres
Повеќе...
Страница 145 од 277

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Март 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
23 24 25 26 27 28 1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30 31 1 2 3 4 5