На 13 април 2009 година, Велики Понеделник, во црквата света Богородица - Каменско во Охрид, Владиката г. Тимотеј во сослужение на свештеник Љупчо Симиџиоски, свештеник Ромео Петрески и ѓакон Димче Азески отслужи света Литургија на Претходноосветени дарови. Првите три дена од Страсната седмица, во Охридското архиерејско намесништво се извршува соборно служење како едноцрквие, додека пак, од средата вечер секој свештеник богослужбите ги продолжува во својата парохиска црква.

Повеќе...

Празникот посветен на влегувањето на Господ Исус Христос во Ерусалим – Цветници, свечено со божествена архиерејска Литургија се прослави во манастирот „Пресвета Богородица – Пречиста“ во Кичево. Со божествената Литургија чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско кичевски г. Тимотеј во сослужение на архимандрит Нектариј, игумен на манастирот „Свети Наум“ во Охрид, Кичевскиот архиерејски намесник протојереј-ставрофор Ѓорѓи Лапоски, свештеник Ристо Камбуроски, свештеник Игор Никовски, јеромонах Јосиф и ѓаконите Димче Азески, Николче Ѓурѓиноски и Васко Голабоски. Кон верниот народ Владиката се обрати со свечено слово кое може да го преземете овде: ЦВЕТНИЦИ,
МАНАСТИР ПРЕЧИСТА - КИЧЕВСКА

Повеќе...

На 11 април 2009 година (Лазарева сабота), Неговото Високопреосвештенство Митрополит Дебарско-кичевски г. Тимотеј во манастирот „Свети Георгиј - Победоносец“ во Кнежино - Кичевско, во сослужение на протојереј Војне Ристески, протојереј Зоран Данев и ѓаконите Димче Азески и Николче Ѓурѓиноски, отслужи света божествена Литургија.

Повеќе...
Страница 147 од 157

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Декември 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
30 1 2 3 4 5 6
7 8 9 10 11 12 13
14 15 16 17 18 19 20
21 22 23 24 25 26 27
28 29 30 31 1 2 3